• Delete
  • Edit

About

Излези од Сенката /Dil nga Hija is located at 11 Oktomvri br.17, 1000 Skopje, Republic of Macedonia. They can be contacted via phone at 141700, visit their website www.sozm.org.mk for more detailed information.

Tags : #NonGovernmentalOrganizationNgo, #NonGovernmentalOrganization(ngo)

Location :
11 Oktomvri br.17, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Added by Jopie, at 17 November 2017

Description

Сојуз - Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ) е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа, креативно ориентирана кон иднината. Организацијата се стреми кон постигнување на родова рамноправност, развој, заштита на женските права и мир.

Националниот совет за родова рамноправност е мрежа во која членуваат околу 116 локални формални и неформални женски организации и групи од урбани и рурални средини во државата.

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) е формиран во октомври 1994 и израсна во една од најголемите женски мрежи во Република Македонија. Членки на мрежата се жени од различна возраст, различно социјално и образовно ниво, етничка припадност и религија.

Со своите активности НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи, учествува во унапредувањето и подобрување на политиките за родово базираното насилство, и се залага за сè она што се подразбира со зборот рамноправност.

Во рамките на Националниот совет за родова рамноправност функционира бесплатна СОС линија за жртви на семејно насилство.

Бесплатните броеви се: ++ 389 (0) 70 141 700

075 141 700

077 141 700

ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ

Партиципација - вклученост на членството во процесите на одлучување.

Транспарентност и одговорност - јавност (јавна проверка, контрола) и отвореност кон институциите, членството и јавноста, со постоечки механизми кои обезбедуваат одговорно однесување.

Партнерство (соработка) - меѓу различни вклучени страни, кои се согласуваат да ги споделат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел. Партнерството како принцип, се надградува со партиципација.

Толеранцијата - спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите и различни.

Еднакви можности - за сите и пристап до придобивките од организацијата, без дискриминација и фаворизирање.

Add missing information

Add email
Add business description
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

8 Reviews

  • Anynomous
    28 November 2018

    Разговор со претседателката на Национален совет за родова рамноправност- НСРР, г-ѓа Savka Todorovska по повод светската кампања 16 дена активизам на родово базирано насилство. (разговорот започнува во 15тата минута од видеото)

    @1tv ви благодариме на поддршката!

    report this review
  • Anynomous
    27 November 2018

    Нашите членки од Национален совет за родова рамноправност- НСРР дел од форумот

    report this review
  • Anynomous
    26 November 2018

    СТОП на секој вид на насилство Пријави на бесплатната мобилна линија 141-700 од сите мобилни оператори 24/7 Излези од сенката - побарај излез - пријави!

    STOP për çdo lloj dhune Raportoni në linjën e lirë falas 141-700 nga të gjithë operatorët celularë 24/7 Dilni nga hija - kërkoni një rrugëdalje - raportoni!

    report this review
  • Anynomous
    26 November 2018

    #СлушниЈа #Dëgjoje #ИзлезиОдСенката #DilNgaHija

    report this review
  • Anynomous
    26 November 2018

    Денешниот ден е одбран за Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените за да се одбележи убиството на трите активистки од Доминиканската Република кои во 1960 година се брутално убиени поради нивниот бунт против диктаторскиот режим на тогашниот претседател на земјата Рафаел Труиљо.

    16-те дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права. Датумите не се одбрани случајно, туку со цел да се направи поврзување помеѓу насилството врз жените и девојчињата и кршењето на човековите права. Имено, токму насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, од што во светски рамки страда секоја трета жена.

    Скоро половина од жените убиени во текот на 2012-та настрадале од својот партнер или член на семејството. Статистички, силувањето и домашното насилство претставуваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајните несреќи, војните и маларијата заедно. Податоците говорат и дека 603 милиони жени во светот живеат во земји каде семејното насилство сеуште не се смета за кривично дело. Исто така, на глобално ниво, близу половина од сексуалните напади се извршени над девојчиња помали од 16 години.

    Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата - да излеземе од сенката!

    report this review
  • Anynomous
    26 November 2018

    Благодарност за поддршката

    report this review
  • Anynomous
    23 November 2018

    Оваа недела од 20-21 ноември во Виена се одржа WAVE Training Institute за спроведување на Истанбулската конвенција на национално и европско ниво. Учесниците беа во можност да дознаат повеќе за Истанбулската конвенција во корелација со кривичното право, важноста на подигнување на свеста за Истанбулската конвенција и програмите за насилство, поднесокот на невладини организации во извештаи во сенка на GREVIO и синергиите меѓу Истанбулската конвенција и Европската конвенција за Човечки права. Се надеваме дека учесниците ќе се чувствуваат ополномоштени и понатаму образовани за Истанбулската конвенција и ГРЕВИО!

    report this review
  • Anynomous
    24 November 2017

    Излези од сенката - пријави насилство!!!

    Во рамките на Националниот Совет за Родова Рамноправност функционира линијата за помош на жртвите од семејно насилство што претставува прв и најважен контакт за нивна поддршка. Повикот кон СОС линијата 141700 е бесплатен и пред се анонимен и достапен 24 часа сите седум дена во неделата!

    Ниту еден чекор во процесот на заштита не се превзема без согласност на жртвата. На СОС линијата работат обучени и компетентни лица со специјализирано знаење од оваа област кои имаат повеќе од петнаесет години искуство во работа со жртвите на семејно насилство. Операторите на СОС линијата пристапуваат на начин на кој не го нарушуваат интегритетот и автономијата на жртвата во семејството. Сите активности се превземаат со одобрение на жртвата на која и е загарантирана анонимност и доверливост во согласност со загарантираните човекови права.

    СОС линијата овозможува поддршка на жртвите на насилство преку информирање, упатување и психолошко советување. Ја запознава жртвата со нејзините права, можности и видови на поддршка, посредува помеѓу жртвата и полицијата, центрите за социјална работа и други расположливи ресурси за помош во општината во која живее. Примените повици и барања на СОС линијата активно се решаваат.

    Кога жртвата ќе се јави на бесплатниот анонимен број 141700 дежурниот оператор: 1. Активно ја слуша жртвата на насилство 2. Ја информира жртвата за нејзините/неговите права 3. Нуди психо-емотивна поддршка и ја охрабрува во текот на разговорот 4. По потреба ја упатува на други организации 5. По желба на жртвата го пријавува случајот и контактира релевантни институции

    Не смееме да дозволиме било кој да живее во страв во сопственото семејство. Пријавете насилство!!!! Излези од сенката!!!

    report this review

Rate & Write Reviews