Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се нарекува „Свети Васиља“ (Василица). Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.Тоа се маските на зетот и невестата, на музичарите, на Глупи август и на ѓаволите. Особено е карактеристична маската на Глупи Август. Обично неговата улога ја прифаќаат млади луѓе, полни со енергија, бидејќи тоа го бара самиот лик. Глупи август настапува со дозирана агресивност во заштита на зетот и невестата (симболот на плодноста), а со публиката комуницира само со крикови и движења. Оваа маска се јавува од времето на антиката како своевидна пародија на тогашните владетели. Наспроти овие маски, во далеку поголем број се актуелните маски кои се јавуваат само еднаш. Токму тоа ги тера учесниците да бараат нови идеи и маски што го чини карневалот секогаш актуелен, масовен и привлечен за јавноста. Покрај тоа, тој има и натпреварувачки карактер меѓу ривалските групи на Долна и Горна Маала.На вевчанскиот карневал се збираат жители и од околните села како публика. Два дена ечи селото од зурлите, тапаните, песните и игрите, шегите и довикувањата. Три месеци пред тоа печалбарите пак живеат за Василица. Се приготвуваат, измислуваат или прават маски, се договараат со ошто да ги изненадат другите василичари - како што ги викаат маскираните во карневалот. Тој е и чудна парада на духот на овие луѓе, инвентивноста, манифестацијата на веселоста иако градите им се полнеле со офкање од разделбите катагодишни.На вечерта спроти Василица, штом се спушти ноќта, горномалската и долномалската тајфа василичари тргнува во обиколка на куќите. Пред секоја оро, пред секоја грст мрсни шеги за домаќинот и домашните, песни, и ,, Сурва година, со женcки јагниња, машки дечиња, женски телиња...... Ураааааа!!! ,,. Големите желби за плодна и среќна година и донесената веселба домаќините ги наградуваат со парче леб, неготвено месо и згора на тоа пари.На вевчанскиот карневал познат е обичајот „Крштевање вода во извор“ во водите на познатите вевчански извори. Тоа се прави кога негде ќе се расцути муграта под налетот на зората во два или три часот наутро, на 14 јануари, на Василица. Иако рано, учесници се, речиси, целото село, 1.000 до 1.500 вевчанци. Во нив има повеќе жени од мажи, има и стари, но повеќе млади вевчански генерации. Остварувањето на овој обичај е сврзан со предметите ѓум или бакарно котле, а поретко има литургија или погача, домашно месена и печена. Главниот предмет за обичајот „Крштевање вода“ е василичарската китка. Неа некои ја прават како крст, но задолжително од три гранчиња: дрен, босилек и василичарка. Секое гранче на китката има посебна цел: дренот е тврдо дрво, рано ја најавува пролетта и раѓа здрав живот и богат бериќет. Босилекот е господово растение со кое се благословува плодност, нов и здрав живот и бериќетно лето. Пак, василичарката е растение со боцки кои го прогонуваат злото и се што е страшно, лошо и неприфатливо за новата година.
Вевчани во својот автентичен и мистичен дух, од 12-ти до 14ти јануари, повторно прераснува во глема отворена сцена подготвена од вевчанските василичари на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Подгответе се и вие за ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ – најголемиот европски фестивал на сатирата и една од најголемите културни знаменитости во нашата земја! Со уникатната карневалска поворка и дополнителната музичка програма, со специфичната порака на вевчанци и во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, ја испраќаме изминатата година и ја пречекуваат новата, подобра година со желба таа да биде покретивна, поубава и побериќетна.
👉 МУЗИЧКА ПРОГРАМА 12-ти ЈАНУАРИ (ПЕТОК): Djaikovski Foltin Pluto's Doubts 13-ти ЈАНУАРИ (САБОТА): Agusevi Cambo Orchestra Blaga Petreska Chalgia Sound System band / Чалгија Саунд Систем
Пасошите се подготвени и ве очекуваме во Василичарска Република Вевчани на најуникатното карневалско доживување! ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
Мир Божји, Христос се роде! За Многу Години
📣 Vevcanski Karneval ви ги претставува и музичките настапи на КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ (диџеј сет), ФОЛТИН и PLUTO'S DOUBTS во петок (12-ти јануари) и ЏАМБО АГУШЕВ ОРКЕСТАР, БЛАГА ПЕТРЕСКА и ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ во сабота (13-ти јануари)!
Од 12-ти до 14-ти јануари, Вевчани ве пречекува во својата единствена и уникатна василичарска атмосфера! 🎉💛🎶
Среќна Нова 2018