Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а задачата како Директор да го предводи неговото поставување и развој ѝ припадна на врвната актерка Јелена Жугиќ - до тој момент водечка актерка во ансамблот на Драмски театар Скопје (1997-2012) и носител на многу театарски награди и признанија.
На Светскиот ден на татарот, 27 март 2012 со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, Театар Комедија го означи своето официјално отварање и почеток на една нова театарска историја. Користејќи ја во прво време сцената на Драмски театар, амбициозниот млад тим во март 2014 добива свој објект во центарот на градот, и стариот Театар Центар го освојува како простор за нови и поголеми публики, и за создавање и креирање на нови уметнички светови.
Достигнувања
Иако млад, Театар Комедија во своите четири години постоење успеа многу брзо да се постави како една од најсериозните театарски институции и по бројот на премиери, и по бројот на изиграни престави, и по бројот на гостувања и фестивали во земјата и странство, како и освоени награди на национални и интернационални фестивали.
Во своето портфолио – кое е можеби кратко по години, но богато по достигнувања – Театар Комедија оствари 15 свои премиери и со тоа го гради својот репертоар. Притоа, сериозен примат е даден на праизведби на македонски автори, и тоа: „За секого има по една“ од Венко Андоновски во режија на Владлен Александров, „Ах љубов моја“ од Коле Ангеловски во режија на Коле Ангеловски, „Лет над кандидатското гнездо“ од Блаже Миневски во режија на Андреј Цветановски, „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, како и „Господарот на кукавицата“ од Венко Андоновски во режија на Андреј Цветановски.
Театарот исто така је негува и комедијата од класиците на светската книжевност, како што се „Женидба“ од Гогољ и „Многу врева за ништо“ од Шекспир, и двата во режија на Дејан Пројковски, како и класикот од античката комедија „Лисистрата“ од Аристофан во режија на Наташа Поплавска.
Сепак, при составувањето на репертоарот се внимава и на современите текстови на светската комична драматургија, како текстот на Ксенија Драгунска насловен „Чувството на брадата“, а во режија на Борис Лијешевиќ.
Се разбира, во еден шаренолик жанр како што е комедијата, секогаш има место за хит текстовите како булевардската комедија „Стјуардеси“ од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов, „Име“ од Александар Делапателие и Метју Делапорт во режија на Ненни Делместре, како и „Вардарски пастуви“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов.
Гостувања и фестивали
Следејќи ја својата стратешка определба да ја доближи смеата и театарската магија до што поширока публика, Театар Комедија има остварено бројни гостувања низ Република Македонија и тоа во: Охрид, Битола, Прилеп,Тетово, Кичево, Виница, Штип, Радовиш, Гевгелија, Куманово, Свети Николе...
Во овој контекст е и редовното претставување на национални и меѓународни фестивали, на кои Театарот понесувал многу награди:
Наградите за најдобар млад актер, костими и музика за претставата „Женидба“ на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 2013 година
Наградите за актер на вечерта, најдобра режија и најдобра продукција за претставата „Ах љубов моја“ од Коле Ангеловски на Фестивалот за комедија во Мостар „Мостарска лиска“ во 2013 година
Наградата за најдобар млад актер за претставата „Хамлет во пикантен сос“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во 2014 година
Наградите за најдобра машка и најдобра женска улога, како и наградата за најдобра режија на Фестивалот за античка драма „СТОБИ“ во 2014 година со претставата „Многу врева за ништо“
Награда за најдобар млад актер-карактерна комика за Валентин Костадиновски во улогата на Старецот во претставата „Лисистрата“на фестивалот „Денови на сатирата“ во Загреб во 2015 година
Со претставата „За секого има по една“ од Венко Андоновски, во мај 2013 година Театар Комедија гостуваше на Интернационалниот театарски фестивал „Црно Море“ во Трабзон.
Во јануари 2015 година театарот беше на гостување во „Црногорско народно позориште“ во Подгорица со претставата „Чувството на брадата“ во режија на Борис Лијешевиќ.
Во текот на 2015 година Театар Комедија со „Лисистрата“ беше дел и од фестивалот „Бутринти 2000“ во Саранда, Албанија, а со своите комедии се има претставено и на Фестивалите за монодрама и Шекспир фестивалот во Битола, Денови на Комедија во Куманово, и на Охридско лето.
Наградата за најпопуларни млади актери за 2013 година на „Златна бубамара на популарноста“ ја понесоа Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски, водечки актери во ансамблот од Театар Комедија. За најгледана претстава во 2014, престижната „Златната бубамара“ ја доби претставата „Стјуардеси“.
Oд јули 2017 година за в.д. директор на театарот е поставена Мирјана Поповска - Ристов
ДЕНЕС 31.01.2019 ЧЕТВРТОК ДОНИ ДАРК Почеток 20 часот #СитевоКомедија
ДЕНЕС 30.01.2019 СРЕДА СТЈУАРДЕСИ Почеток 20 часот #СитевоКомедија
ДЕНЕС 29.01.2019 ВТОРНИК ЖЕНА МИ СЕ ВИКА БОРИС Почеток 20 часот #СитевоКомедија
УТРЕ 29.01.2019 ВТОРНИК ЖЕНА МИ СЕ ВИКА БОРИС Почеток 20 часот #СитевоКомедија
Денес 27.01.2019 недела Продукција Чао Пријатно Почеток 20 часот /Билетарата работи од 18 до 20 часот/
УБАВО ПРОФИЛИРАН РЕЖИСКИ РАКОПИС
( „Нема да платам“ од Дарио Фо; режија, Александра Кардалевска; продукција, Театар Комедија; премиера: декември 2018 г.)
На италијанската и европската театарска сцена Дарио Фо важи за еден од оние комедиографи кои отворено и жестоко го крева својот глас против општествените аномалии, залагајќи се за социјална правда и бунтувајќи се против власата, нејзината корумпираност и расипаност. Што се однесува до театарот, авторот смета дека нема театар...
Continue ReadingДЕНEС 26.01.2019 САБОТА ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ Почеток 20 часот /Билетарата работи од 12 до 20 часот/ #СитевоКомедија
ДЕНЕС 25.01.2019 ПЕТОК ВИКЕНД НА МРТОВЦИ Почеток 20 часот #СитевоКомедија
УТРЕ 25.01.2019 ПЕТОК ВИКЕНД НА МРТОВЦИ Почеток 20 часот #СитевоКомедија
Денес 23.01.2019 НЕ СЕГА ДРАГА Почеток 20 часот #СитевоКомедија
Денес започнуваме НЕМА ДА ПЛАТАМ - Прва реприза Почеток во 20 часот #СитевоКомедија
МИЗАНТРОП - Жан Батист Поклен МОЛИЕР Режија: Ана Вукотиќ
Вечерва од 21:00 во НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид, како дел од програмата на феастивалот „ОХРИДСКО ЛЕТО“.... ПРОДУКЦИЈА: ТЕАТАР КОМЕДИЈА
See MoreПРЕМИEРА на „МИЗАНТРОП“ – ЖАН БАТИСТ ПОКЛЕН МОЛИЕР на 19.07.2018 од 21:00 како дел од програмата на фестивалот „ОХРИДСКО ЛЕТО“!!! Режија: Ана Вукотиќ Локација: НУЦК „Григор Прличев“- Охрид... Продукција: ТЕАТАР КОМЕДИЈА
Играат:
Алсест: Атанас Атанасовски
Филинт: Александар Михајловски
Оронт: Столе Мицов
Селимена: Мирјана П. Ристов
Елијанта: Магдалена Ризова – Черних
Арсиноја: Жаклина Петровска – Милјановска
Акаст: Илија Илиоски
Клитандр: Жарко Димоски
Баск: Виктор Арсов
Ди Боа: Ердоан Максут
Драматург: Дарко Јан Спасов
Кореограф: Соња Вукичевиќ
Сценограф: Јелена Томашевиќ
Костимографија: Лина Лековиќ
Композитор: Александар Радуновиќ – Попај
See MoreОХРИДСКО ЛЕТО 19.07.2018 "МИЗАНТРОП“ – ЖАН БАТИСТ ПОКЛЕН МОЛИЕР Режија: Ана Вукотиќ Локација: НУЦК „Григор Прличев“- Охрид Продукција: ТЕАТАР КОМЕДИЈА
ПРЕМИEРА на „МИЗАНТРОП“ – ЖАН БАТИСТ ПОКЛЕН МОЛИЕР на 19.07.2018 од 21:00 како дел од програмата на фестивалот „ОХРИДСКО ЛЕТО“!!! Режија: Ана Вукотиќ Локација: НУЦК „Григор Прличев“- Охрид... Продукција: ТЕАТАР КОМЕДИЈА
Играат:
Алсест: Атанас Атанасовски
Филинт: Александар Михајловски
Оронт: Столе Мицов
Селимена: Мирјана П. Ристов
Елијанта: Магдалена Ризова – Черних
Арсиноја: Жаклина Петровска – Милјановска
Акаст: Илија Илиоски
Клитандр: Жарко Димоски
Баск: Виктор Арсов
Ди Боа: Ердоан Максут
Драматург: Дарко Јан Спасов
Кореограф: Соња Вукичевиќ
Сценограф: Јелена Томашевиќ
Костимографија: Лина Лековиќ
Композитор: Александар Радуновиќ – Попај
See More19.07. ЧЕТВРТОК -ОХРИДСКО ЛЕТО 2018 НУЦК ,,ГРИГОР ПРЛИЧЕВ" СО ПОЧЕТОК ВО 21 ЧАСОТ
Актерот ДАРИЈАН ПЕТРОВ ја доби наградата „НАЈДОБАР МЛАД АКТЕР“ на фестивалот „АКТЕРОТ НА ЕВРОПА“ за улогота Дони, од претставата „ДОНИ ДАРК“, во режија на Роберт Ристов, продукција -ТЕАТАР КОМЕДИЈА!!! ЧЕСТИТКИ ДАРИЈАН!!! ЧЕСТИТКИ ТЕАТАР КОМЕДИЈА!!! НЕКА НИ СЕ МНОЖАТ!!! :-) ;-) ;-)
ДОНИ ДАРК ВЕЧЕРВА ОД 21:00 ВО Дом На Култура Ресен како дел од програмата на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ "АКТЕРОТ НА ЕВРОПА"
19. 07.2018 "ОХРИДСКО ЛЕТО"
19. 07.2018