Црквичката е посветена Св. Троица која се наоѓа на местото викано Парумба (Гулабица на влашки), над селото Горна Белица во Струга, на околу 1900 мнв. Од искони на Парумба има извор на кој му се припишуваат лековити својства. Речението за градење на оваа светија е предадено преку сон. Во 90-те години изградена е од Разме и Роза Јанкоски. Црквичката е осветена на 28 септември 1998 година од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а ѕидовите се живописани од зографот Лазар Лековиќ,
Веќе неколку години по ред, монаси од манастирот Св. Јован Бигорски ја водат Литијата. Се служи Литургија, а потоа се свети водата која се смета за лековита.