Горна Белица е село во Општина Струга. Селото е планинско и се наоѓа на планината Јабланица. На крајот на 19 век, селото било влашко село, дел од Струшката нахија на Отоманската Империја. Според една теза, селото било основано од деселеници од Москополе, денес во Албанија. Според податоците од 1873 година, селото имало 45 жители мажи Македонци и 305 Власи. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 150 жители Албанци и 850 Власи. Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало население од 1200 жители христијани Власи. Селото е скоро иселено, и според пописот од 2002 година имало само 1 жител.