• Delete
  • Edit

About

Како неизбежен тренд на денешницата здравата храна е застапена и во нашата програма. Уживајте.

Tags : #ProductService, #Product/service

Location :
Boris Trajkovski 107, 1000 Skopje

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Super Vita

Add missing information

Add email
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

17 Reviews

  • Anynomous
    11 January 2019

    Our focus is your vitality ! Нашиот фокус е вашата виталност !

    report this review
  • Anynomous
    01 November 2018

    Муслите се мешавина житарици и суво овошје што апсолутно нема холестерол и транс – масти. Доколку сте се одлучиле да примените избалансирана исхрана за намалување на телесната тежина, мусли е вашиот избор. Мусли за појадок ви обезбедува дневна доза на фибер влакна, кои помагаат во контрола на телесната тежина.

    report this review
  • Anynomous
    24 October 2018

    Малтексот претставува природен производ добиен со екстракција на јачменовото зрно и е производ препорачан од сите нутриционисти заради големиот број на витамините и минералите кои ги содржи. Сличен е на медот, само што има многу поблаг вкус и е погуст. Многу луѓе со години наназад го употребуваат и како замена за шеќерот. Една лажичка малтекс е многу добра замена за благите работи. Исто така го употребуваат луѓе како природен засладувач, кои се алергични на полен.

    Меѓу другот...о, малтексот е познат и како природно средство за лечење на бронхитис, и е погоден за оние кои имаат проблеми со дишните патишта. Малтексот може да го употребувате и како засладувач во благо млеко. Исто така се јаде и искомбиниран со јаткасти плодови.

    Како и да е, одлична замена е за рафинираниот шеќер и е многу полезен за нашето здравје.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    08 October 2018

    Мелен Лен: Лененото семе е се повеќе застапено во денешната исхрана, без разлика дали повеќето од нас се свесни за тоа или не. Тоа претставува една од редовните состојки во се повеќе видови на храна, меѓу кои и лебот со микс од зрна и семки, разни колачи и галети, утрински мусли и житарки, и слично. Неговата побарувачка не само што расте во прехрамбената индустрија, туку и во земјоделието и сточарството (тоа е дел од менито на кокошките кои носат јајца со зголемено ниво на Ом...ега-3 масни киселини).

    Иако технички не е житарка, лененото семе има многу слично портфолио на витамини и минерали како и она на житарките (богато е со повеќето Б витамини, витамин Ц, витамин Е, железо, цинк, магнезиум и манган). Воедно, тоа содржи толку голема количина на Омега-3 масни киселини, антиоксиданси и влакна, што ги става житарките во втор ред.

    Освен тоа, лененото семе содржи многу малку јагленохидрати, и ова го прави идеално за луѓе кои го ограничуваат внесот на скроб и шеќери во органзимот. Комбинацијата на здрави масти и големата количина на влакна го прави одлична храна за губење и одржување на телесната тежина. Една лажичка мелено ленено семе содржи помалку од 1гр јагленохидрати, околу 5гр протеини и малку повеќе од 1гр масти.

    Постојат докази дека лененото семе може да помогне при намалување на ризикот од срцеви болести, рак, мозочен удар и дијабетис. Тоа е прилично голема одговорност за едно волку мало семе кое што се одгледувало и конзумирало со векови наназад.

    Иако содржи и низа други здрави компоненти, неговата примарна репутација се должи на:

    Омега-3 есенцијални масни киселини – една супена лажица мелено ленено семе содржи околу 1.8 грама Омега-3, кои претставуваат “здрави” масти. Лигнани – содржи од 75 до 800 пати повеќе лигнани од било која друга растителна храна, поради што има антиоксидантни квалитети. Влакна – висока количина и на растворливи и на нерастворливи типови, поточно една супена лажица мелено ленено семе содржи околу 8гр влакна. Поголем дел од мастите во лененото семе се алфа-линоленска киселина која што помага во балансирањето на Омега-3 со Омега-6 мастите. Омега-3 масните киселини се клучна сила против воспаленија во нашите тела. Голем број докази покажуваат дека воспаленијата имаат улога во многу хронични болести, вклучувајќи астма, артритис, дијабетис, срцеви заболувања, па дури и некои видови рак. Овие воспаленија се зајакнуваат доколку внесуваме премногу мала количина на Омега-3, особено во однос на Омега-6 масните киселини. Токму затоа лененото семе е од голема корист во изедначување на односот помеѓу овие два типа на масти.

    Лененото семе е богато со фитохемикалии, вклучувајќи и многу антиоксиданси. Тоа претставува еден од најдобрите извори на лигнани, кои го менуваат начинот на кој нашето тело го метаболизира естрогенот во побезбедни форми, и ги балансира женските хормони. Постојат докази и дека лигнаните може да помогнат при зголемување на плодноста, намалување на симптомите на менопауза, и спречување на Тип 2 дијабетис.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    11 September 2018

    Семките од тиква се сметаат за лековити повеќе од 3.000 години, во најразлични култури низ целиот свет. Овие чудесни семки нудат цела палета на здравствени придобивки, бидејќи изобилуваат со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

    1. Превенција и борба против рак Најновите истражувања покажаа дека соединенијата наречени кукурбитацини можат да помогнат во превенцијата и борбата против рак, а семките од тиква изобилуваат со овие соединенија. Не само што овие соеди...ненија имаат способност за уништување одредени видови канцерогени клетки, туку имаат и антивоспалителни карактеристики.

    2. Го подобруваат здравјето на простатата Маслото од семки од тиква се користи за третирање на состојбата на зголемена простата. Но, покрај маслото и фитохемикалиите кои ги има во овие семки може да биде корисно за третман на оваа состојба.

    3. Го снижуваат штетниот холестерол Покрај тоа што семките од тиква го повишуваат нивото на ХДЛ (корисниот) холестерол, содржат и фитостероли, состојки кои го снижуваат ЛДЛ (штетниот) холестерол и до 13 проценти.

    4. Го намалуваат ризикот од дијабетес Семките од тиква им се препорачуваат на дијабетичарите. Имаат висока содржина на железо и незаситени масти кои се корисни за срцето. Не само што состојките во овие семки успешно го регулираат нивото на инсулин во крвта, туку помагаат и во намалување на ризикот од дијабетес.

    5. Поттикнуваат слабеење Семките од тиква содржат голема количина растителни влакна и протеини – две важни состојки за намалување на телесната тежина. Во само 30 грама семки од тиква има 5 грама протеини, кои ќе ве заситат на подолг период. Но, не претерувајте со овие семки, ако целта ви е слабеење – само една шолја семки од тиква има речиси 300 калории.

    6. Превенција на остеопороза Луѓето кај кои е забележан недостиг од цинк, треба да размислат за грицкање семки од тиква. Тие изобилуваат со цинк, минерал кој недостига кај луѓето со фрактури на коските. Во само една четвртина шолја семки од тиква има 17 проценти од дневните потреби од цинк.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    08 September 2018

    Честит Ден на независноста... 🇲🇰️

    report this review
  • Anynomous
    07 September 2018

    Пченичните никулци, како и целото зрно, се исклучително богати со хранливи состојки. Изртено пченично зрно содржи 700 пати повеќе магнезиум, 5 пати повеќе калциум и дури 12 пати повеќе фосфор. Никулците содржат и витамин Б1, кој помага во обновување на нервниот систем, но и витамин Е, железо, селен и цинк. При ’ртење, сите материи од семето се активираат и преминуваат од комплексен во едноставен облик, што значи дека скробот преминува во прости шеќери, протеините во аминокисе...лини и во пептони, додека мастите се разложуваат на слободни масни киселини. Така, со внесување на пченичните никулци на организмот му обезбедуваме клучни состојки, не предизвикувајќи алергиски ниту други несакани реакции.

    Пченичните никулци се добиваат со потопување на пченичните зрна во вода, во времетраење од 12 часа, а времето на ’ртење е 3 до 4 дена. Идеална температура за ртење е 20°C.

    Нутриционистите информираат дека пченичните никулци се чудотворни и дека се најдобро средство за зајакнување на организмот. Им се препорачуваат на деца, бремени жени, спортисти и на сите кои имаат тешкотии поради загуба на калциум и, воопшто, деминерализација. Се препорачува консумирање пченични никулци во времетраење од најмалку три недели.

    Никулците може да се консумираат без никакви комбинации, заедно со овошје или едноставно измешани со јогурт или со други производи. Со нив може да се збогати секое јадење, варено или сурово, а може да се замесат и во тесто за леб.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    03 September 2018

    Градиме здравје и убавина !

    report this review
  • Anynomous
    30 August 2018

    Листата на нутриенти поради кои се препорачува оваа храна е исклучително импресивна:

    8 есенцијални амино киселини (содржи 20% протеини) 8 пати повеќе Омега-3 од лососот (содржи 20% Омега-3) 7 пати повеќе витамин Ц од портокалите... 6 пати повеќе диететски влакна од овесните трици (содржи 37% влакна) 5 пати повеќе калциум од млекото 4 пати повисока ORAC вредност од боровинките (мерка за капацитетот на антиоксиданси) 3 пати повеќе железо од спанаќот 2 пати повеќе калиум од бананите Не содржи глутен Со оглед на овие нутритивни вредности, чиа семето нуди низа здравствени придобивки:

    Ја зголемува енергијата со својата балансирана мешавина на протеини, јаглехидрати, масти и влакна. Има анти-воспалителни својства поради високата концентрација на Омега-3 мастите се претвораат во простагландини кои имаат ублажувачки и анти-воспалителни ефекти. Го стабилизира шеќерот во крвта така што го успорува процесот во кој сложените јаглехидрати се варат и се асимилираат во телото, при што растворливите влакна помагаат да се стабилизира шеќерот, резултирајќи со стабилна одржлива енергија. Поддржува здраво срце со тоа што помага при намалување на крвниот притисок, поттикнување на имунитетниот, кардиоваскуланиот, нервниот и репродуктивниот систем. Го храни мозокот и влијае врз подобрување на неговата функција, меморија и концентрација како резултат на големото количество есенцијални масни киселини. Влијае на детоксикација и елиминација преку чистење на дебелото црево и апсорбирање на токсините. Помага при губење на телесната тежина бидејќи есенцијалните масни киселини помагаат да се забрза метаболизмот и да се одржува мускулната маса. Слично како и лененото семе, чиа семето може да се користи како замена за јајца во традиционалните рецепти за леб и колачи. Ова е многу корисно за сите оние кои имаат нетолерантност кон јајца, или едноставно не користат јајца во својата исхрана. Само промешајте 1 лажица чиа семе (цели зрна или мелено) со 3 лажици вода и по 10-15 минути ќе добиете текстура налик на гел, слична на белките од јајцата.

    Препорачана доза е 1-2 супени лажици дневно, а воедно потребно е и зголемено конзумирање на течности поради способноста на семето да ги апсорбира истите.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    22 August 2018

    Семките од тиква се богати со протеини, магнезиум, влакна, манган и фосфор. Ако сакате да го зајакнете имунитетот и да му помогнете на вашиот организам да да развива здрави клетки, ако сакате да го подобрите сонот, видот и кожата, за што е потребно цинк, токму семките од тиква содржат висок процент на цинк.

    Овие чудесни семки содржат соединенија кои му помагаат на организмот да се избори против канцерогените клетки.

    Германска студија покажа дека жените кои минуваат низ менопа...уза, а ја внесуваат дневно препорачаната доза на семки од тиква, го намалуваат ризикот за рак на дојка за дури 23 отсто.

    Маслото од семките од тиква е исклучително делотворно и во третман кај зголемена простата. Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданти кои се борат против слободните радикали во организмот и со тоа го спречуваат настанокот на клетки кои предизвикуваат рак.

    Семките од тиква се одличен извор на протеини и претставуваат клучни намирници во борбата со вишокот на килограми. Една рака семки од тиква содржи во просек пет грама протеини, кои ви помагаат подолго време да се чувствувате сити.

    Семките од тиква се препорачуваат за добро физичко но и ментално здравје на организмот, бидејќи помагаат и во борбата против стресот.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    15 August 2018

    Рогач е тип на дрво дрво, чијшто плод го носи истото име. Ова растение го има на поширокиот појас на Медитаранот, во Израел и Кипар. Станува збор за зимзелено дрво од фамилијата на мешунки. Има медитеранско потекло, а се одгледува од многу одамна и е познат е уште како „леб на Свети Јован“ затоа што, според преданијата, Јован Крстителот, додека живеел во пустина, се хранел токму со рогач. Дрвото може да достигне височина од 10 м, може да живее и до 100 години, а цвета и дава ...

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    11 August 2018

    Исклучително богат со минерали, витамини и висок процент на протеини, антиоксиданси и лецитин. Не содржи холестерол. Има калциум, содиум, фосфор, Б витамини и железо. Мелениот сусам дава енергија на телото, ги регулира дишните патишта, ги омекнува градите и го олеснува дишењето. Сусамот го олеснува варењето на храната и ја регулира столицата, и помага за елиминирање на гасови и болки во стомакот. Исклучително корисен кај заболувања на хепарот и инфекција на бубрезите. Потпомага при проблеми со остеопорозата и болести на коскениот систем кај децата и возрасните. Сусамот содржи лигони кои се антиоксиданси, како и сасамол, сесамин и сесамолина. Содржината на лецитинот го прави полезен за ревитализација на мозочните клетки и нервниот систем. Сусамот содржи Омега 6 и Омега 9 масни киселини.

    report this review
  • Anynomous
    09 August 2018

    Зошто секое утро треба да земате лажица лен?

    Лененото семе е намирница која е повеќе од препорачливо да се воведе во секојдневната исхрана. Ленот е одличен растителен извор на омега 3 масни киселини. Повеќе истражувања укажале дека омега 3 масните киселини придонесле за намалување на воспаленијата во организмот, а исто така многу поволно влијание и на здравјето на коските, срцето и мозокот. Освен тоа, мастите даваат чувство на ситост, па ако додадете лажица ленено семе во сво...јата утринска каша или смути, ќе бидете сити многу подолго.

    Ленот е посебен на уште еден начин. Само една лажичка лен ви дава 20 отсто од препорачаната количина на растителни влакна. Притоа, ленот содржи посебни влакна, т.н. лигнани за кои се знае дека имаат антиканцероген ефект.

    Кога ленот ќе го оставите потопен пократко време во течност, тој набабрува, што придонесува за чувството на ситост кога ќе го изедете. Освен тоа, потопениот лен станува слузав и во комбинација со влакната кои ги содржи, има благ лаксативен ефект, што е исто така добра работа.

    За оние кои постат или не консумираат јајца, добра вест е што ленот може да послужи како целосно соодветна замена за јајца во колачите, палачинките, пецивата и во други јадења. За да добиете замена за едно јајце, помешајте лажица мелен лен со три лажици вода. После 10 минути, ленот ќе стане желатинозен, такашто по конзистенцијата ќе потсетува на јајце и ќе можете и натаму да го користите во рецептите наместо јајца. Уште една добра работа е што ова „ленено јајце“ има наполу помалку калории од обичното јајце, такашто намирниците кои ќе ги подготвите со лен наместо со јајце ќе имаат помалку калории.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    01 August 2018

    Маслото од сусам е многу богато со линолеинска киселина, есенцијална масна киселина, која нашето тело неможе само да ја произведе. Есенцијалните масни киселини се неопходни за нормален раст и развој на организмот, како и за одржување на здравјето на кожата, кардиоваскуларниот и нервниот систем. Најновите истражувања покажале дека есенцијалните масни киселини играат важна улога во регулирањето на крвниот притисок, нивото на холестеролот и размената на материите низ клеточната ...мембрана.

    Есенцијалните масни киселини учествуваат во претварањето на храната во животна енергија. Недостатокот на линолеинска киселина се манифестира со губиток на косата, проблеми со кожата, нагли промени на расположението, состојби слични на артритот, склоност кон инфекции, бавно зараснување на раните, а во најтешки случаи може да доведе до заболувања на срцето, црниот дроб и бубрезите.

    Маслото од сусам е богато и со олеинска киселина, една од главните состојки на маслиновото масло и на другите нерафинирани масла. Олеинската киселина, исто така, позитивно делува на кардиоваскуларниот систем.

    Нерафинираното масло од сусам содржи антиоксиданс – сезамол, кој го штити од расипување. Антиоксидансите се познати по тоа што му помагаат на телото да се ослободи од слободните радикали, кои можат сериозно да го нарушат здравјето и да предизвикаат дегенеративни промени во организмот. Истражувањето спроведено во Јапонија покажало дека токму антиоксидансот – сезамол значително ги намалува оштетувањата на ДНК, предизвикани од слободните радикали. Исто така, нивото на интерлеукинот, важна сотојка на крвта, задолжена за борба против разните болести, била значително повисока кај испитаниците кои биле на диета богата со масло од сусам.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    17 July 2018

    Денес е #WorldEmojiDay 😀🤣😄🤩😍😫😯😚😝

    Коментирајте со најомилениот emojii...

    report this review
  • Anynomous
    16 July 2018

    Печената соја е одлична солена ужина. Сега може да уживате во оваа здрава ужина богата со протеин од соја и растителни влакна додека сте во движење, а содржи помалку од 130 калории.

    Клучни придобивки

    • Богата е со протеин од соја кој ви помага подолго време да се чувствувате заситени. Доколку внесувате најмалку 25 гр. протеин од соја дневно како дел од исхрана со ниско количество заситени масти, тој може да ви помогне да одржувате здраво ниво на холестерол во крвта.

    ...

    • Комбинација од протеин од соја и јаглехидрати за постепено ослободување енергија.

    • Печената соја на Herbalife содржи растителни влакна, и тоа 5,3 гр. во 1 пакување, кои ви помагаат во одржувањето на здрав дигестивен систем.

    • Само 129 калории во 1 пакување.

    • Крцкава текстура за да го доживеете задоволството од џвакање на храна.

    • Суво печена без додадени масла.

    • Спакувана во порции за ваша погодност и за одржување на свежината.

    ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНА?

    Не значи дека не може да имате ужина, само затоа што внимавате на тежината. Алтернативите за здрава ужина обезбедуваат добри нутриенти, покрај добриот вкус. Внесувањето на здрава ужина, како печена соја, создава чувство на ситост и ви обезбедува подолготрајна енергија без да се чувствувате виновно дека сте внеле премногу калории.

    УПОТРЕБА

    Внесувајте едно до две пакетчиња дневно од хранливата печена соја како секојдневна ужина.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    12 July 2018

    Ленот е една од најстарите билки на светот. Некогаш се користел за изработка на ткаенини, а денес е познат како лек за речиси целиот организам.

    Ленот е природен извор на есенцијални масни киселини, аминокиселини, влакна и многу нутритиенти. Семките од лен содржат минерали како калциум, селен, железо, натриум, магнезиум и калиум. Исто така се богати со витамините Б, Ц и Е.

    Маслото од лен може да се користи како додаток во исхраната. Важно е маслото да биде термички необработен...о бидејќи со изложување на високи температури, тоа ги губи лековитите својства.

    Лененото масло го стабилизира шеќерот во крвта, помага во губење на вишокот килограми и делува превентивно на појава на мозочен удар. Исто така, делува превентивно и на настанување на атеросклероза и ги спречува болките во зглобовите и артритисот.

    Доколку имате воспаление на мочниот меур или проблеми со настанување на жолчниот каменец, лененото масло може да ви помогне.

    Ленот делува на комплетната дигестија и метаболизам и го зајакнува имунитетот. Жените кои имаат болна менструација или патат од депресија, треба редовно да консумираат лен.

    Покрај останатото, косата, кожата и ноктите изгледаат поздраво од консумирање на лененото масло.

    See More

    report this review

Rate & Write Reviews