за нас
Компанијата “Супер Хит” е синоним за квалитетна и современа изработка на трикотажа, во која е втемелено долгогодишното искуств?
За нас
Компанијата “Супер Хит” е синоним за квалитетна и современа изработка на трикотажа, ХТЗ и спортска опрема во која е втемелено долгогодишното искуство на семејниот бизнис на Асанови.
Модната конфекција “Супер Хит” од Радовиш е основана на 24-ти Декември 1972год и по повод својот 35-годишен јубилеј на успешно работење отвори нов модно-изложбен салон, нов производствен погон за 200 вработени
и нов магацински простор.
Основна дејност на Компанијата е производство на артикли од Трикотажа ,ХТЗ униформи и Спортска опрема со годишен капацитет од 1(еден) милион парчиња.
Компанијата поседува и најголем лагер од околу триста илјади парчиња на Т-shirt, Поло маици и капчиња на Балканот. Производството се одвива на површина од 3000 м2, со најсовремена технологија и потполно обезбедени производни услови според сертифицирани европски стандарди. Гаранцијата за високиот квалитет на производите е главна одлика на Супер Хит, со што се обезбеди соработка со повеќе големи брендови и компании во земјава и надвор од неа, претежно низ Европска унија (Германија, Чешка, Швајцарија, Австрија, Англија, Холандија, Хрватска, Словенија, Србија и др).
Во иднина се планира пренамена на поголем дел од производството во извозни цели.
Сопственик и основач на Компанијата е господинот Асанов Наазим. Својот приватен бизнис го започнал во 1972 година. Добитник е на бројни награди и признанија за квалитет и за традиција во производството на текстил и трикотажа, меѓу кои признанието за најмлад приватен занаетчија од Источна Македонија доделено од поранешниот претседател на Р.Македонија, господинот Киро Глигоров.
Основното мото на Компанијата Супер Хит и на сопственикот на Компанијата е дека: “Ветераните остануваат најдобри-проверено!”
No reviews yet. Be the first to add a review.