Копаничарството е еден од најдлабоките корени на Македонското опстојување на овие простори. Тоа е вековна традиционална уметност која се јавува во XIV (14) век, а својот врв го достигнува во 18 век и текот на 19 век.
Најчесто било користено за украсување на таваниците, а особено во декорирањето на иконостасите. Здружението “Стари занаети” Неготино е формирано 2004 година од група ентузијасти со цел: заживување и зачувување на старите македонски занаети (особено копаничарство) и подобрување на материјалната и општествената состојба на граѓаните од регионот.
Отворањето на копаничарската работилница е потпомогнато од УСАИД (Американска агенција за меѓународен развој), Локална самоуправа на Неготино и други претставници на локалната заедница.
Македонска резба