ЦОП е врвна институција проектирана да едуцира пилоти на хеликоптери оспособени да извршуваат сложени воени мисии.
Почитувани,
Центарот за обука на пилоти (ЦОП) има потреба од Инженер за одржување на симулатори, а истиот треба да ги задоволува следните услови:
- Завршен електротехнички факултет - Познавање на англиски јазик - Познавање на ниско волтажни електрични системи - Користење на основни електрични алатки за поправка - Читање и разбирање на електрични шеми и механички цртежи - Познавање на компјутерски системи (Windows, PC architecture, drive cloning) - Добро познавање на Microsoft Office Package (Excel, Word, Power Point) - Познавање на мрежни протоколи - Основни механички познавања на пр. користење на механички алатки - Познавање на проектори и нивно подесување
Сите заинтересирани можат да испратат CV и контакт телефон во inbox.
Голем поздрав, ЦОП
Успешно го реализиравме вториот семинар во Центарот за обука на пилоти на тема оригами како вештина и уметност на виткање хартија. Се запознавме со корените на оригами од древна Јапонија како и појавувањето на оригами во Европа. Ги проучивме формите на подобрување на просторната и визуелна перцепција, логично размислување и решавање на комплексни проблеми при изработка на оригами модели. Семинарот доби карактер на работилница. Дел од присутните направија свои први оригами модели, додека поискусните ги покажаа своите вештини.
Ново видео на Центарот за обука на пилоти (ЦОП). Контакт информации за постоечкиот Конкурс и новиот Отворен ден на ЦОП на крајот од видеото.
Убави спомени од успешниот Отворен ден на Машинскиот факултет во Скопје, на кој учество зема и Центарот за обука на пилоти. Соработката продолжува и понатаму!
Потенцијални кандидати за воени пилоти во посета на Центарот за обука на пилоти. Се надеваме посетата ќе придонесе да ја донесат најважната одлука во својот живот и ќе конкурираат на постоечкиот Конкурс за воени пилоти кој истекува на 01.09.2017. Поздрав и со среќа момци!
Ви благодариме на големиот интерес за Летната школа за авијација. Процесот на апликација е завршен.
Сите што веќе аплициравте ќе бидете контактирани.
Со Почит,
Центар за обука на пилоти
За сите студенти од 3-та и 4-та година. Дојдете на практична настава во Центарот за обука на пилоти и влезете во светот на авијацијата преку летната школа за авијација.
Школата е бесплатна. За сите пријавени студенти обезбеден е бесплатен превоз до аеродром Петровец.
Зголемете ги шансите за добивање на стипендија за школување за воен пилот.
Пријавувањето за школата е на емаил на info@elbitsystems-mk.com. Во пријавата Ве молиме испратете ни ги следниве информации:
Име и Презиме Емаил Датум на раѓање Број на лична карта Број на индекс Факултет Отсек Студиска година Запишан семестар Телефон за контакт