Ротаракт клубот Прилеп е непрофитна невладина организација која се занимава со изработка и учество во хуманитарни проекти. Најважниот водечки принцип на Ротари е несебично помагање на другите односно, несебично служење на другите - Service Above Self. Проектите за придонес во заедницата на Ротаракт клубовите се наменети за подобрување на квалитетот на животот во земјата и насекаде низ светот. Овие проекти најчесто се однесуваат на најкритичните современи теми.
Катчето на центарот на деца со церебрална парализа е збогатено со новогодишна елка. Нашиот клуб во соработка со Interact Club Mirce Acev High School - Prilep се дружеше со децата преку звуците на Тоше со игри и танц околу заеднички укасената елка. Новогодишната магија започна!🤗🎄🥰
Последни припреми за утрешната акција 🤗😍 „СО ЉУБОВ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА” градски саат, 11 часот!
другарите од Rotaract Club Kumanovo 😍
Мал дел од честитките за хуманитарната акција „СО ЉУБОВ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА” 🤗😍 В сабота 15.12.2018, градски саат. Ве очекуваме!
По повод новогодишните празници Ротаракт Клуб - Прилеп организира хуманитарна акција „СО ЉУБОВ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА". Ученици од СОУ „Ристе Ристески-Ричко", СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу", ОУ „Климент Охридски" и ОУ „Кире Гаврилоски" изработија новогодишни честитки кои ќе бидат изложени во сабота 15.12.2018 година, 11h под градскиот саат во Прилеп и ќе се продаваат по симболична цена од 50 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за новогодишни подароци за децата со посебни потреби од ОУ „Климент Охридски". Ве очекуваме заедно да докажеме дека Прилеп е хуман град.
Ротарактовци 💪
RotarAct Club Kavadarci 👏
Charter Ceremony Rotaract Club Veles
Членови од нашиот клуб присуствуваа на хуманитарниот концерт на Dusan Sekulic организиран од Rotaract Club Kumanovo Собраните средства им се наменети за изградба на игралиште за деца со посебни потреби. Секоја чест! 👏
"Many of us want to change the world. But change begins with us – in how we interact each day."
Денес нашиот клуб го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби "Ѕуница" каде имаше кратка дружба со децата и донираше лаптоп со цел да им се овозможи непречена едукација и користење на мултифункционалната табла. Ротаракт Клуб Прилеп покренува иницијатива за да се рашири мисијата за инклузивност и припадност на сите подеднакво во ова општество. #rotaract #beinspired
Работен состанок на Ротаракт Клуб Прилеп. #rotaract #district1912 #rotarypower #beinspired
По повод 3 ти ноември, Ротари Клуб - Прилеп на учесниците им додели благодарници и награди за најдобро уметничко дело.
Гимназијалците од „Интеракт клуб - Прилеп“ денес донираа училишен прибор за Дневниот центар за лица со церебрална парализа. На овие наши сограѓани тие им подарија: тетратки, блокчиња, боици, фломастери, хамер хартија и друг школски прибор, потребен во процесот на нивна секојдневна анимација и социјализација.