Проектот: “Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“
е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта.
Проектот е составен од три компоненти:
I. Прва компонента – академска помош
Цел
-да се подобрат академските перформанси, постигнувања, индивидуални капацитети и вештини на 60 студенти Роми запишани во Скопје, Тетово и Штип
Активности на прва компонента:
1.Туторство
2.Курс по странски јазици
3.Курс по компјутери
4.Работилници за зајакнување на ромскиот идентитет
II. Втора компонента – други активности и тренинзи за градење на индивидуалните вештини и капацитети на студентите
Цел
-да се стекнат индивидуални знаења, вештини, капацитети и практични вештини на 30 студенти Роми запишани во Скопје, Тетово и Штип.
Активности на втората компонента се:
1.Работилници и тренинзи
2.Библиотека
3.Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)
III. Трета компонента – општествени акции
Цел
-Да се креира средина за општествена партиципација на младите Роми во Р.Македонија за прашања кои се поврзани со инклузија на Ромите
Активности на третата компонента:
1.Тренинзи за организирање/вмрежување
2.Тренинзи за алумни вмрежување
3.Тренинзи за застапување и лобирање
4.Информативни и мотивациски сесии за матуранти Роми за запишување во високо образование
5.Обуки за проектен циклус
Во тек е работилницата на тема ,,Пишување семинарски/дипломски труд".
📌 Во тек е Средба на студенти и алумни на Ромаверзитас
📌 Состанок на Извршен одбор на ЗГ Ромаверзитас
📌 Интелектуалната младинска револуција како и вмрежувањето на регионалните земји од Западен Балкан се активности кои водат кон унапредување на статусот на жената Ромка и нејзино вклучување во општеството. 🎬 Проследете го видеото во прилог!
Почитувани студенти Роми, Ве покануваме на средба на студенти и алумни, за идентификување на проблемите и потребите на студентите, разгледување на механизмите за студентски активизам, како и дефинирање на идните активности.
Дневен ред: 17:30 – 17:45 – преззентирање на процесот на селекција ... 17:45 – 18:10 - пополнување на прашалници 18:10 – 18:30 – дефинирање на активнистите за 2019 18:30 – 19:30 – излагање на Ромалитико
See MoreВo тек е рaбoтилницaтa нa темa Емoциoнaлнa интелигенцијa, сo oбучувaчoт Лaзaр Ѓурoв
Вo мoментoт вo прoстoриите нa Рoмaверзитaс се oдвивa рaбoтилницa нa темa "Техники нa пишувaње есеј" сo oбучувaчкaтa Мирa Беќaр
Сакате да говорите јавно на теми поврзани со ромскиот народ? Сакате да искусите јавно говорење? Ако Да, тогаш пријавувајте се за јавни говорници за ораторските настапи, по електронски пат на е-маил адресата: office@romaversitas.org.mk, најдоцна до 26 Февруари 2019 (вторник), до 14 часот.
Во тек е информативна средба за презентирање на РЕДИ-РЕФ Програмата за практиканство во микро кредитна фондација- Хоризонти организирана од страна на Иницијатива за Економски Развој на Ромите - РЕДИ во соработка и партнерство со Ромскиот Образовен Фонд- РЕФ.
📌 Потпишан меморандум за соработка помеѓу Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово
Networking meeting of Romaversitas Macedonia and Roma Versitas Kosovo
Во моментот се дебатира на темата ,,Вредностите на ромската заедница ја ограничуваат жената Ромка во нејзините избори".
📌 Прочитајте ја новата рубрика за млади во 📰Рома Индекс бр.12, на тема „Волонтеризмот како предизвик“, автор Елсон Иљаз.