Според вашите потреби агенцијата за превоз на патници РОМАН, покрај редовните линии организира тури по ваша желба...
Овој вид на организација Ви овозможува потполна слобода во организацијата на патувањето. Вие одбирате со кого сакате да патувате, поаѓате кога Вас најмногу ви одговара, паузирате каде сакате, одбирате возило по ваша мерка со мошност за патување во возила 4+1, 5+1, 12+1, 25+1, 52+1. Сите возила на агенцијата располагаат со луксузни услови за патување. Ова е можност која ги исполнува вашите потреби за патување.
РЕНТА КАР :
Уште една поволност која е достапна за Вас со нашата компанија. Покрај можноста за патување со наш професионален шофер, имате можност за изнајмјување на возилата од нашиот возен парк. Цените се достапни и зависат од луксузноста на возилото.
НАЈГОЛЕМАТА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА - сигурна реализација 🎆 🌲🌲🌲 БУДВА - НОВА ГОДИНА 2019 🌲🌲🌲 🎉🎉🎉2900 денари🎉🎉🎉 30.12.2018 DJ Burak Yeter и Darren Emerson 31.12.2018 Дино Мерлин ✔️2 ноќевања во Сутоморе и превоз ✔️посета на Тиват (Порто Монтенегро), Котор, Бар 🎈поаѓање од Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга
На 25.11.2018 НЕДЕЛА Ве водиме во топлите бањи ЛУТРАКИ и водопадите во ВОДЕН! Лутраки е најстарата и најпознатата термална бања во Грција. Се наоѓа во северо-западниот дел на Грција е лоциран на надморска висина од 420 метри во планинскиот венец на меѓу планините Кожув и Кајмакчелан. Воден e град во Егејска Македонија, кој се наоѓа северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Населението брои околу 18.000 жители (2001). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и Воденските водопади на реката Вода (Воденка), кои се најголеми водопади во Грција но и голема туристичка атракција. Цена: 699 денари. Тргнување: 07:00 ч. пред Арт кафе.
На 25,11, 2018 Во Недела, ве водиме на МЕТЕОРИ Метеори е збир на православни манастири над градот Каламбака во западна Тесалија. Тие се изградени на високи карпи - стубови и се сметаат за највреден збир манастири во Грција после Света Гора. По пристигнувањето, посета на еден од средновековните манастири подигнати на високи камени карпи. Негово разгледување. Посета на фабрика за рачна изработка на икони. Попладне заминување за Костур. Костур е град во северна Грција кој лежи на бреговите од Костурското езеро, под падините на планинскиот венец Грамошта (Грамос) и има импресивна полуостровска форма која понира кон езерското пространство на костурските води. Поради тоа, прошетката по кејот на Костур е вистинско уживање кое нуди фасцинантни глетки кои ги полнат очите со убавина. Мала прошетка по градот. Цена : 990 денари Тргнување : 05 : 00 ч. Арт кафе
29.12.2018 (сабота)- Состанок на групата во Прилеп во 22.00 часот пред Арт кафе. Поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
30.12.2018 (недела)- Пристигнување во Сутоморе во утринските часови. Сместување. Слободно предпладне. Во 12 часот заминуваме за Будва (предвидено време за прошетка 3часа). Попладне враќање во Сутоморе. Во 20.00часот поаѓање за Будва. Забава на плоштад или во некое локално кафуле или ресторан. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.
31.12.2018 (понеделник) – Ден предвиден за факултативен излет во Тиват-Порто Монтенегро и Котор (предвидено време за прошетка по околу 2.30часа). Враќање во Сутоморе во попладневните часови. Околу 20.00 часот поаѓање за Будва. Дочек на новата 2019та година на градскиот плоштад. По завршување на концертот враќање во Сутоморе. Ноќевање.
01.01.2019 (вторник) - Одјавување од апартманите во Сутоморе. Слободно предпладне пред поаѓањето за Македонија околу 12 часот со попатна пауза во Бар. Се патува преку Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА 2900 денари
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
-превоз на наведената релација
-2 ноќевања во Сутоморе (приватно сместување)
-организација и реализација на патувањето
- претставник од агенција за време на целото патување
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
-факултативна посета на Тиват-Порто Монтенегро и Котор 10 евра
- патничко -здравствено осигурување
-индивидуални трошоци
Патувањето може да биде само со лична карта !!!
Трансфер од Битола, Кавадрци, Неготино, Ресен, Кичево, Мак. Брод, Охрид, Струга
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
*Доплата за еднокреветна соба 30%
*Попуст за деца до 12 години 30%
За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.
Ве водиме во посета на манастирот Св.Василие Острошки - Црна Гора Ноќевање во дворот на манастирот Св.Василие Острошки (ноќевање во Долниот конак се доплаќа 5 евра) - Посета на Подгорица, трговски центар Делта Сити - Посета на Цетиње (Св.Петар Цетински) - Посета на Манастирот Св. Василие Острошки (преноќување) - Посета на Будва Поаѓање во Петок 16.11.2018 во 23:59 час - пред Арт кафе Цена: 1,499 денари Во цената не е вклучена туристичка такса за влез во манастирите Св.Василие Острошки (1 евро) и Св.Петар Цетински (1 евро)
Во Недела (18.11.2018) ве водиме на едноневна прошетка до Метеори и Костур. Метеори е збир на православни манастири над градот Каламбака во западна Тесалија. Тие се изградени на високи карпи - стубови и се сметаат за највреден збир манастири во Грција после Света Гора.По пристигнувањето,следува посета на еден од средновековните манастири подигнати на високи камени карпи. Негово разгледување. Посета на фабрика за рачна изработка на икони. Попладне заминување за Костур. Костур е град во северна Грција кој лежи на бреговите од Костурското езеро, под падините на планинскиот венец Грамошта (Грамос) и има импресивна полуостровска форма која понира кон езерското пространство на костурските води. Костур нуди вистинско уживање со фасцинантни глетки кои ги полнат очите со убавина. После прошетката низ градот групата се собира на договореното место и се упатува кон Македонија. Цена: 990 денари Тргнување: 05 : 00 ч. пред Арт кафе во Прилеп, 05 : 30 пред спортската сала во Битола.