Целта на “Restaurant&Bar MK„ е да придонесе до подобрување на стандардите во областа на угостителството во Македонија, да им овозможи на угостителите база од податоци на професионално работење и однесување како и подигање на културата на социјалното живеење.
Изреволтирани од тоа што гледаме дека секојдневно така наречените “угостители“ во Македонија од ден на ден се повеќе допринесуваат до распаѓање на угостителството со тоа што земаат непрофесионални кадри на кои им даваат должност како бармени, баристи, келнери како и шефови и менаџери, како ги добиваме катастрофалните резултати од типот на тоа што...белото вино се служи во чаши за шампањ...црвеното вино го добиваме ладно односно стојано во ладилник...еден исти прибор за јадење добиваме за предјадење, главно јадење и десерт...кога ќе прашаме предлог вино добиваме одговор од пушка испукан и гласи “она најскапото“...нормативите кои ги читаме во мени картата и она што го добиваме во порција се сосема различни поими...за коктел знаеме главно за џин тоник, доколку имаме избор од повеќе и нарачаме некој трет ќе го добиеме онака како што си сакал шанкерот по негов рецепт...така наречени елитни ресторани ја немат комплетната задоволувачка опрема во санитарните простории, понатаму да не тргнуваме...барменство, келнерство. никој не ги сваќа како професии...персоналот во угостителските објекти се ортаци со своите газди во распределување на прометот бидејки имаме константно крадење од нивна страна...угостителите не проочувајки го законот во целост доваѓаат во судари со инспекциските служби по што следуват големи парични казни и затварање на локали, тоа колку е срамно за самите угостители толку е и срамно за самиот инспекторат, впрочем дозволата за работа е добиена токму од нив...сите имаат проекти и програми за успешна работа и врв на угостителството, нудат одличен квалитет, одлична услуга но од тоа на дело ништо не гледаме...овде ќе застанам, сите ќе се согласиме дека ова е само еден мал дел негативи поради кои угостителтвото во Македонија е на крајно слаба линија...
Оваа фан страна е наменета исклучиво са содржини и информации на „Restaurant&Bar MK“ (со ова име е именувана само фан страната и не постои друга правна или физичка институција која го носи ова име или е цел за негова промоција или реклама) и не одговара за поставените содржини од страна на фановите на страната. Коментарите, мислењата како и сите материјали, но и оние содржини со навредлив карактер кои ги поставуваат фановите на Facebook фан страницата на “Restaurant&Bar MK„ го застапуваат само личното мислење на поединците, а по никој основ ставот на компанијата, и според тоа, тие поединци се одговорни за поставувањето на горенаведените содржини.
“Restaurant&Bar MK„ го задржува полното право без претходно известување да го отстрани оној материјал од Facebook фан страницата на “Restaurant&Bar MK„ кој ќе го оцени за навредлив за фановите на страницата на било кој начин (врз основа на пол, раса, економски статус или пак политичка определба).
No reviews yet. Be the first to add a review.