Намалување на вакцинирање против грип кај возрасните како фактор за уривање на рекорд на смртност и болест минатата година
Околу 4ца на секои 10луѓе минатата година во Америка добиле вакцина против сезонски грип, што воедно претставува и најниско ниво на вакцинација во последните 7години во истата. Минатиот вторник Центрите за контрола на болести и превенција излегоа со извештај и нови детали за сериозноста на состојбата. Минатата година за време на сезона на грип од инфлуен...ца починале повеќе луѓе одколку било која друга година броејќи од 1970 наваму...
Колку е само важно да сите ризични, стари лица, деца и трудници бидат вакцинирани. Државата најави на телевизиски медиуми дека вакцинацијата против грип е започната. Да оставиме простор на ризичните групи. Возрасни индивидуи со хронично белодробни болести, срцева слабост, па потоа сите други на ризик...
Лек Медика секогаш тука за да ве информира и едуцира....
Имајте убава вечер ❤️
See MoreИстражувањата од 2018 година покажале дека 12,4% од женската популација во тек на својот живот ќе развие проблем со градите. На секои 1000мажи еден заболува од карцином на гради. Иако смртноста од истиот е значајно намалена во однос на 90тите години сеуште Карциномот на Дојка останува на врвот по однос на својата инциденца (појава) За среќа е еден од најлесно и најбрзо дијагностицираните па веднаш после кожниот карцином се нашол на второ место по брзина на дијагноза со само клинички преглед или самопреглед. Овој месец тимот на Лек-Медика тука за да ве потсети да направите контрола и консултација па и еден преглед на дојки. Повелете... П.С : Дружба е дружба - служба е служба. Team work makes the dream work
Атмосферата во Амбуланта Автокоманда секогаш на ниво. Работата не смее да запре, но дружењето и среќата мора да бидат придружен дел. 😁 И покрај сите недостатоци во Здравствениот систем ние секогаш со ентузијазам и насмевка ги пречекуваме нашите пациенти.🙃 Секогаш спремни за нови пациенти кои сакаат да бидат дел од ова големо семејство. Повелете ве отчекуваме 🤝
Во пресрет на заладувањето и почеток на есенска сезона. Лек - Медика секогаш тука за вас
Почитувани пациенти, Заради многу високите температури Ве замолуваме сите кои сте со стентови,инфаркти,мозочни удари -немојте да излегувате надвор во периодот помеѓу 11 часот и 18 часот и немојте да се напрегате да работите тешки физички работи. Нема ништо повредно од Вашето здравје. Со почит Др. Svetlana Palevska и Др. Даниела Станоева Ѓоргиевска
Да направиме еден компромис со самите - себе.... Најдобро е да одржуваме некој баланс, да не си ги скратиме сите слатки задоволства, но во текот на денот да изедеме барем 3 овошја или зеленчуци.
Важно е детето да знае дека го слушаме и разбираме.... Не само дека знаеме да го казнеме со одземање на омилената “играчка” .... одличен текст за сите родители
Со брзината на животот кој го живееме, индустрискиот развој, приватизација. Често не сме свесни дека само површински комуницираме меѓусебе. Така често неприметно не успеваме да допреме до желбите и инстинктите. Ги потиснуваме. Најважното нешто кога една личност не дозволува да допреме до неа, е да најдеме некој кој има мултифакторијелен пристап и соодветно знаење да го извади најдоброто од истата.... Особено кога таа личност се нашите најмали - Децата. Посетете ги. Нема да се разочарате. Гаспар Центар
Научниците едногласни.... чувањето маче во домот помага во ослободување од стресот, хроничната болка, високиот притисок... 🙀
По повод Светски Ден на Семеен Доктор, ПЗУ Лек-Медика и вашите матични доктори Др. Svetlana Palevska и Др. Даниела Станоева Ѓоргиевска ве покануваат да дојдете на редовна проверка во нашите простории. Денот 19ти Мај постои благодарение на вашето признание, затоа ние од година во година се повеќе се залагаме за вашето здравје.
Буда некогаш рекол: Должност ни е да го чуваме нашето здравје, инаку нема да имаме здрав и чист ум. Така наша должност е да го чуваме своето и здравјето на нашите пациенти. А вие ако имате некаква грижа или болка, ве отчекуваме за да ги решиме заедно. Имајте убав ден.
Вежби за моторни вештини кај деца... да се ослободиме од технологија и да се вратиме на играта... Американците тоа го нарекуваат “Back to the basics”
Импулсивност или Хиперактивност?! - учиме за најмалите, најслатките, најмилите 👨👨👧👧 Ние сме тука за вашите деца ❤️
Прослава по повод пензионирање на стоматолошки техничар Верче. Честитки од Др. Светлана и Др. Даниела и целиот тим на амбуланта Автокоманда. Само за убави работи да ја троши пензијата и до 101 и назад да си ја користи.
Ден на борба против маларија под мотото “Ние можеме да ја победеме маларијата” Веќе 7години поддршка за ендемските подрачја од Светска Здравствена Организација.