• Delete
  • Edit

About

PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova" is a doctor, located at Ul. Marshal Tito 113, 2400 Strumitsa, Republic of Macedonia. They can be contacted via phone at +389 70 310 923 for more detailed information.

Dentistry

Tags : #GeneralDentist

Location :
Ul. Marshal Tito 113, 2400 Strumitsa, Republic of Macedonia
Contacts :

Added by Jopie, at 02 July 2018

Add missing information

Add email
Add website
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

15 Reviews

  • Anynomous
    18 October 2018

    РАЗУБАВЕТЕ ЈА ВАШАТА НАСМЕВКА - и бидете задоволни како нашата пациентка на сликата со индивидуални композитни ламинати!

    Идеални се за пациенти кои посакуваат промена на насмевката со само една посета, со минимална или без препарација на забите. На овој начиин се избегнуваат неколку посети кај вашиот стоматолог, стругање на забите , зeмање отпечатоци , правење на привремени коронки и слично.Ви овозможуваат природна и долготрајна насмевка за само неколку часа.Се изработуваат на таков начин што овозможуваат да го исполнат и надокнадат недостатокот на секој заб во фронтална регија и при тоа да се добие убава и природна насмевка.

    Најчесто се користат кај пациенти со:

    -анатомо-морфолошки деформитети на забите, -неправилен распоред во забниот низ, -за затварање на дијастема или растреситост на забите, -промена на бојата на еден или повеќе заби, -промена на формата, ширина и должина на забите.

    Овие ламинати ви овозожуваат да добиете убава и природна насмевка која од секогаш сте ја посакувале! Закажете бесплатен преглед и консултација PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    16 October 2018

    ЛЕКУВАЊЕ ПАРОДОНТОПАТИЈА СО ЛАСЕР-РЕШЕНИЕ ЗА ВОСПАЛЕНА И ОТЕЧЕНА ГИНГИВА

    Доколку имате пародонтопатија,извршете примена на третманот со ласер кој овозможува да ги зачувате вашите заби БЕЗ ОПЕРАЦИЈА,БОЛКИ и ШИЕЊЕ.

    После третманот се постигнува: -Намален број на бактерии во пародонталниот џеб; -Губиток на оток и воспалена гингива; -Без крварење од гингивата при миење на забите; -Продолжен век на траење на природните заби.

    Кога се препорачува лечење на пародонтопатија со ЛАСЕР: -При воспаление на мекото ткиво околу забот; -Пред поставување коронки и мостови(се одбегнува инфекција како и крварење и црвенило од гингивата после цементирање на мостот); -За естетска корекција (отсранување меко ткиво околу забот); -Кај длабоки интердентални џебови.

    Со третманот Ви се овозможува: -Ефикасно чистење на џебовите околу забот без оток и болка; -Се избегнува сечење на мекото ткиво околу забот и шиење; -Продолжен рок на траење на мостот; -Прзо опоравување после интервенцијата; -Заштеда,во однос на цената со хирушко лечење; -Ке го решете проблемот за многу краток период. PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    08 October 2018

    ЛАСЕРСКО БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ-БРЗО,БЕЗБОЛНО И НЕАГРЕСИВНО

    Ласерското избелување на забите е процес со кој се осветлува бојата на глеѓта и забната коска БЕЗБОЛНО,БРЗО и НЕАГРЕСИВНО!

    Најчестите форми на дисколорација на забите се: стареење, хемиски оштетувања и пребојување, кое е најчесто резултат од пушење, конзумирање кафе, Кока Кола,чај,сокови со вештачки бои,црвено вино, иако и одредени лекови можат да предизвикаат значително пребојување на забите. Напредокот на технологијата условува појава на поголем број решенија за здрава и бисерна насмевка. Професионалното белење на забите е најповолната

    *Колку време трае? -Постапката трае помалку од еден час,благодарение на ласерот.

    *Како функционира системот на избелување? -Состојката која ја активира светлината на гелот за избелување е наречена водороден пероксид.Откако ќе се активира водород пероксидот,кислородот навлегува во глеѓта и забната коска избелувајки ја обоената материја на забот додека структурата на забот останува непроменета.Ласерската светлина помага во активирање на водород пероксидот и му помага да навлезе во површината на забот. Една студија покажала дека со употреба на ласерска светлина се зголемува ефикасноста на ласерскиот гел за 35% па и повеќе,во просек давајки подобрување до 4 нијанси.

    *Белите заби долго време се сметаат за пријатели на убавината и доброто здравје. Луѓето со бели заби имаат поголема самодоверба и почесто се смеат :D Посетете не PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    03 October 2018

    Uste eden predizvik

    report this review
  • Anynomous
    01 October 2018

    Monday motivation :D

    Не заборавајте да ги четкате вашите заби!!! PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    25 September 2018

    Првиот стоматолошки преглед е многу важен за децата затоа што тие најпрво треба да го сузбијат стравот од стоматолог и посетата во стоматолошка ординација да ја перцепираат како еден вид дружење и забава. Ние во нашата ординација секогаш се обидуваме на децата да им направиме да им биде интересно додека ги прегледуваме нивните заби, и по пат на пријателски разговор да ги советуваме како да ја одржуваат хигената на забите и во устата. Посетете ја нашата ординација за бесплатен преглед! PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    20 September 2018

    Зошто треба да се пломбираат забите?

    Пломбирањето претставува микро-хируршки третман за најчестата болест на забите – кариесот. Оваа постапка се состои во целосно отстранување на заболениот дел од структурата на забот и реставрирање на формата, изгледот и функцијата на забот со поставување на материјал кој најблиску одговара на карактеристиките на забните ткива (поставување на т.н. пломба)се со цел да се спречи понатамошното оштетување на забот кое може да доведе до низа компликации.

    КОМПОЗИТНИ И НАНОКОМПОЗИТНИ ПЛОМБИ

    За да се зачува естетиката и функционалноста на оштетениот заб, во нашата стоматолошка ординација користиме најнови и најквалитетни пломби во боја на забот. Закажете го вашиот бесплатен термин PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    19 September 2018

    БЕЗБОЛНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАБЕН КАМЕН

    Забниот камен цврсто прилепувајќи се за структурата на забот ја оневозможува правилната хигиена на устата, а од друга страна служи како резервоар на бактериски токсини и како место каде што секогаш ќе се таложат нови наслаги плак. Тоа директно ќе доведе до гингивитис или воспаление на непцата, па следува нивно повлекување и оголување на забите. Можеби фреквенцијата на создавањето забен камен е различна во зависност од составот на плунката, што е индивидуална карактеристика на поединецот, но беспрекорната орална хигиена и задолжителната посета на стоматолог се основа за рано откривање и спречување на развитокот на периодонталната болест. Забниот камен се чисти професионално т.е. механички,машински- со помош на ултразвук, чиј продолжеток на база на вибрации го отстранува забниот камен.

    За да не дојде до несакани последици од забниот камен по забите, советуваме редовна и правилна орална нега и хигиена како и редовните контролни прегледи кај стоматолог.

    Насмевката е уметност,затоа посетете не и дозволете да се погрижие за Вашата насмевка! PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    11 September 2018

    СОВЕТИ ЗА ЗДРАВИ ЗАБИ

    Редовно користете забен конец. Онаму каде не можете со конец користете интердентална четка која лесно минува во просторот меѓу забите. Така ќе бидете сигурни дека комплетно сте се ослободиле од наслагите и бактериите и ќе го спречите настанувањето на воспаление на гингивата. Посетете ја нашата ординација за бесплатен преглед! PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    30 August 2018

    Direktni kompozitni laminati

    report this review
  • Anynomous
    27 August 2018

    ИНДИВИДУАЛНИ КОМПОЗИТНИ ЛАМИНАТИбрза,едноставна и финансиски достапна метода за корекција на вашата насмевка! PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    14 August 2018

    Затворете го растојанието помеѓу забите и припремете се за коментарите:,,Изгледаш одлично!''

    Многу луѓе не знаат какво влијание на целокупниот изглед може да има растојанието помеѓу забите.Една пациентка го затвори растојанието помеѓу предните заби,неколку дена потоа ни пренесе дека некои од нејзините пријатели мислеле дека има нова фризура,а други пак мислеле дека има направено третман за затегнување на лицето.Зошто?Затоа што лицето на тој пациент е преобразено. Ако имате растојание меѓу забите а досега не сте ја затвориле одлучете се и направете убава промена на вашето лице со помош на повеќе опции:ламинати,коронки и композитно исполнување.

    Иако протетските решенија се најефективниот начин за решавање на овој проблем, композитните исполнувања се поефтина и пократкотрајна постапка со која се постигнува саканиот ефект.

    Изберете КОМПОЗИТНО ИСПОЛНУВАЊЕ доколку:

    -Сакате брзо и во само една посета постигнат резултат; -Сакате поефтино и помалку инвазивно решение од коронки или ламинати; -Имате друг естетски проблем кој може да се реши со композитно исполнување;

    Ако композитните исполнувања го затварат просторот меѓу забите ,размислете за решавање со нив и на други видливи недостатоци како што се скршени,заби со потемна боја итн. Брзо,во само една посета,без состружување на забите и безболно-затварање на растојанието меѓу забите и промена на бојата на вашите заби со методот композитно исполнување. Композитот е пластичен материјал кој се нанесува на најеткана површина на забот и се проширува кон местото каде постои растојание.Постапката се прави без примена на анестетик во текот на една посета!

    Изборот на третманот на крајот зависи од времето и средствата кои ги имаме на располагање, како и од вашите дентални и естетски потреби. PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    17 July 2018

    ЛАСЕРСКО РЕКОНТУРИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА

    report this review
  • Anynomous
    17 July 2018

    ЛАСЕРСКО РЕКОНТУРИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА

    Некои пациенти се смеат со таканаречена висока насмевка или GUMMY SMILE. Притоа откриваат голем дел од непцата и тоа ја нарушува естетиката на насмевката. Дополнителен проблем претставува доколку линијата на непцата е нерамномерна и несиметрична. Во овие случаи ние го користиме ласерот кој ни овозможува безболно да ја воспоставиме симетријата на таканаречената розево-бела естетика. Со користењето на ласерот наместо скалпел за оваа процедура, најчесто се избегнува потребата од анестезија и шиење. Ласерот е супер прецизна алатка со која само се отстранува вишокот непце. Постапката е брза и заздравувањето трае многу пократко отколку после класично хируршко реконтурирање на непцата. ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ВО СОВРЕМЕНАТА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА! PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"

    report this review
  • Anynomous
    09 July 2018

    ДАЛИ СТЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ОВИЕ ТРИ ЗНАЦИ НА СТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА?

    -БОЈАТА на кожата станува посивкаста(поради се послабиот проток на крв во неа); -ФОРМАТА на лицето станува поколабирана (премногу опуштена-поради опуштените мускули и се помалку стварање на колаген); -МАЗНОСТA на површината на кожата се губи (станува порапава и без сјај,поради слабата хидратација).

    ВРЕМЕ Е НЕШТО ДА ПРЕВЗЕМЕТЕ!

    PRP (Platelet rich plasma) методот претставува патентиран метод за обработка на крвта на пациентот со помош на специјален избор на вакумски епрувети и специфичен избор на центрифугирање.Како резултат на тоа се добива инекциона форма на авто-плазма која содржи тромбоцити,фактори на раст,протеини и витамини. Tака внесената авто-плазма во ткивата предизвикува создавање на нови капилари,ја нормализира хемодинамиката,го активира локалниот имунитет,го нормализира водниот баланс,и најбитно од се стимулира формирање на сопствен колаген,еластин и меѓуклеточна материјасо еден збор се стимулираат процесите на авто-регенерација на ткивата. Кожата станува посјајна,позатегната,посвежа,со еден збор ПОМЛАДА.Предноста на овој метод е тоа што тој е целосно безбеден,бидејќи користи производ и според тоа не е токсичен и целосно исклучува секаква реакција на отфрлање и секоја можност за инфекција. Главна цел во естетската стоматологија е предизвикување на природно подмладување на кожата на пациентот,така да таа и изгледа и функционира како млада без употреба на вештачки филери. Посетете не и ќе изгледате помлади PZU "Dr. Roksana Petkovska-Bozhinova"P

    report this review

Rate & Write Reviews