ИНФОРМАЦИИ ЗА МУЛТИЕТНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ "ФЛОРЕНС НАЈТИНГЕЈЛ" КУМАНОВО
ФН е регистрирана во Регистарот на МТСП како здружение кое работи во областа на социјална заштита, и е рамноправен член на Национално координативно тело за следење и оценка на имплементацијата на Националната стратегија за заштита од семејното насилство.
1.ВИЗИЈА:
Жената во Македонија, рамноправна со припадниците на машкиот пол во сите сфери од мултиетничкото општество, придонесува кон развојот на Република Македонија
2. МИСИЈА:
ФН е мултиетничко здружение на граѓани кое работи на превенција на семејното насилство, заштита на жените и децата, обезбедува правна помош,лобира и ги застапува жртвите на семејно насилство пред надлежните институции во Република Македонија, во насока на постигнување на целосна родова рамноправност во општеството.
Според Статутот, ФН е мултиетничко здружение на граѓани со повеќе цели, а една од нив е проширување на духот на меѓусебната толеранција и доверба кај граѓаните.
3. ПОЛЕ НА ДЕЛУВАЊЕ:
1. Борба против сите облици на семејното насилство
2. Родова рамноправност помеѓу жените и мажите во семејството и општеството
3. Правна помош и поддршка на жените во остварувањето на нивните права
4. Проширување на духот на меѓусебната толеранција и меѓуетничка доверба кај младите.
09.05.2015, Poseta na naselbata "Divo Naselje" Kumanovo, DA NE SE POVTORI NIKOGAS