Монтесори центарот е Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина во нови и соодветно опремени простории.
Оваа година на нашиот тим се придружува интернациoнален Монтесори експерт со кој децата ќе можат да го изучуваат англискиот јазик на природен и спонтан начин.
ПРЕДПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
Групите функционираат:
- од 08.30 до 11.30 часот
- од 09.30 до 12.30 часот
- од 10.00 до 13.00 часот
- од 12.00 до 15.00 часот
ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА
- Редовни Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
- Креативни работилници
- Музички работилници
Групите функционираат:
- од 17.00 до 19.30 часот
Програмата на Монтесори центарот е базирана на филозофијата на Марија Монтесори, која што сметаше дека целта на образованието е “да се научат децата, како да учат”. Тоа значи дека ние:
- Им овозможуваме на децата сами да изберат што и како ќе учат, што ја охрабрува нивната независност и иницијативност
- Ја почитуваме индивидуата на секое дете и го потикнуваме да ги развива своите потенцијали на сопствен начин
- Развиваме пријатна атмосфера која што го поддржува детскиот ентузијазам за учење и работните навики
- Им даваме доволно време на децата да работат независно со Монтесори материјалите, сами или во мали групи
- Ја поддржуваме љубопитноста и креативноста на секое дете, охрабрувајќи го да поставува прашања, да испробува нови идеи и да го изразува сопственото мислење
Нашата подготвена околина излегува во пресрет на различните развојни потреби на Вашето дете: когнитивните, физичките, социјалните и емоционалните.
За време на слободните активности децата добиваат индивидуални инструкции за работа со материјали кои сами ги избрале. Но исто така децата учествуваат и во групни активности преку кои се развива чувството за заедништво и се зајакнува соработката.
Ние креираме ненатпреварувачка атмосфера во која децата секогаш се охрабруваат да работат најдобро што можат. Ги охрабруваме децата да ги завршуваат целосно активностите, наместо да се натпреваруваат со другите.
Наставничките функционираат како ментори. Тие го познаваат нивото на развој на секое дете и му помагаат да напредува според негов сопствен ритам.
Montessori Center is a center for Early Childhood Development dedicated to empowering children to achieve their full potential and thrive on their interests at their internal pace of development. Following the Montessori principles and the National Program for Early Learning and Development, we are offering children a stimulating and creative environment in our new and well-equipped premises.
Activities
MORNING PROGRAM
- Montessori groups for children between the ages of three to six
The time-slots:
- From 08.30 to 11.30
- From 09.30 to 12.30
- From 10.00 to 13.00
- From 12.00 to 15.00
AFTERNOON PROGRAM
- Montessori groups for children between the ages three to six
- Creative and music workshops
The time-slot:
- From 17.00 to 19.30
ADDITIONAL PROGRAM
- Small school-support groups to consolidate the academic learning with the concrete basis Montessori materials offer for children between the ages 6-10
- Individual support for children with learning difficulties between the ages 6-10
- Individual and group work with children with special needs between the ages 3-10
Montessori morning program is offered every day, enjoying 2 hours of uninterrupted time on activities in a “prepared environment” based on Montessori principles and 1 hour of guided activities prepared in compliance with the National program for early learning and development. This program also includes many additional activities focusing on the social and cultural environment and the development of social responsibility in children.
The morning program now provides a bilingual environment for children, where English will be a second language of communication with the guidance of an international Montessori teacher.
Montessori groups are also offered on every Tuesday and Wednesday, in the afternoons from 17:30 to 19:30. During this period, children have 2 hours of uninterrupted time on activities in a “prepared environment” based on Montessori principles.
The environment is equipped with the standard Montessori materials, which address different developmental levels of the children in a mixed age group. The environment is dynamic, evolving according to the different interests of the children.
Groups for children between the ages three to six consist of a maximum of 20 children. In each group, there are two Montessori teachers and one assistant teacher.
Working hours : every day 08.30h - 20.00h.
More information on:
www.montessori-macedonia.org
Раното учење е тесно поврзано со движењето и сензорната стимулација. Сите впечатоци добиени од движењата на мускулите и сетилата му помогаат на детето да изгради силна мозочна структура.
Учењето треба да биде серија од позитивни, забавни искуства на истражување и откривање. Процесот е она што е важно, а не брзото завршување на работата, точно и без грешки.
„Секој возрасен што ќе го допре животот на детето, ја допира најосетливата точка на целина која има корени во најдалечното минато, а достигнува до бесконечната иднина.“ - Марија Монтесори
„Материјалот никогаш не е цел сама по себе. Тој ја има исполнето својата задача во моментот, кога детето ќе се оддели од него и ќе може стекнатото знаење да го спроведе во околниот свет... Така материјалот ќе стане „КЛУЧ КОН СВЕТОТ”. (Mарија Mонтесори)
„Ние сакаме децата да го разберат светот, но не само тоа што тој е фасцинантен...Ние сакаме децата да го разберат светот за да можат да го направат подобро место...“ – е нашето мото.