Корен од Мака во прав 250гр. ЦЕНА 500ден.
МАКА(Lepidium meyenit) Маката е билка која потекнува од подрачјето на Андите и расте на висина од 2400 до 4400 метри надморска висина.Древните Инки прав од коренот од ова растение го користеле пред походи за да ја зголемат издржливоста и снагата. Поради големите благодети по организмот на човекот маката е сместена во категоријата на суперхрана.Таа претставува природен адаптоген односно нејзиното конзумирање ја зголемува телесната издржливост и отпорност спрема стресот ,анкси...озноста,исцрпеноста.Коренот на маката во себе содржи алкалоиди,аминокиселини,диетални влакна,есенцијални масни киселини,микро и макронутритиенти,витаминЦ,Б2,Б3,Б6,минералите:калциум,железо,цинк,кали-ум,манган.Маката во себе содржи четири единствени алкалоиди-макаина 1,2,3,4 кои ги нема во ниедна друга билка.Овие алкалоиди го потпомагаат искористувањето на организмот на сите нутритиенти што ги содржи маката.Здравствените придобивки од користење на маката се подеднакво големи како за жените така и за мажите.Маката ја подобрува функцијата на ендокриниот систем кој е одговорен за работата на хормоните,при што воспоставува хормонален баланс во организмот.Таа исто така ги ублажува менструалните болки,придонесува за редовен месечен циклус,ги ублажува симптомите на менопауза(промена на расположение,несоница,топлотни бранови,остеопороза).Маката го јакне либидото и потенцијата кај мажите,помага кај неплодност(позитивно влијае на производство на сперма и го зголемува волуменот на семето)поради што уште ја нарекуваат и природна вијагра.Таа го позитивно влијае на имуниот систем,ја подобрува функцијата на мозокот(го подобрува помнењето и концентрацијата),го успорува процесот на стареење на организмот,го зголемува нивото на енергија,позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови,помага при анемија. Нутритивна вредност во 100 грама прав од корен на мака: -енергетска вредност 325 kcal -јаглехидрати 71.4 гр -протеини 14.3 гр -масти 3.6 гр -диетални влакна 7 гр Витамин Ц 285 мг,битамин Б2 0.4 мг,витамин Б3 5.7 мг,витамин Б6 1.1мг,калциум 250 мг,железо 14.8 мг,калиум 2000мг,бакар 6 мг,манган 0.8 мг Препорачана дневна доза е од 1500-3000 мг
See Morewww.marvik.com.mk
Масло од семки на тиква. Содржи протеини и витамини А,Е,Ц,Д,Е,К и минерали цинк и фосфор. Антиоксидативно дејство.Препорачано во исхраната на машката популација.
Масло од сусам. Богат извор на минерали,калциум,бакар и манган.Содржи витамини Е и Б1
Масло од лен Еден од најголемите природни извори на омега 6 и омега 9 масни киселини(двапати повеќе од рибиното масло).
Масло од црн ким Природен антибиотик без штетни последници. Содржи над 100 активни терапевтски состојки
ЛАДНО ЦЕДЕНИ МАСЛА
Чиа семе (salvia hispanica)
Името чиа потекнува од древната цивилизација на Маите и означува “силен” или “моќен”.Ова семе било важен дел од нивната исхрана како извор на енергија во походите. Чиа семето има извонредна нутритивна вредност бидејќи е богат извор на незаситени масни киселини омега-3 и омега-6( осум пати повеќе од лососот),исто така е богат извор на протеини(околу 20%),растителни влакна,минерали-калциум,магнезиум, цинк, фосфор,витамини-А,Д,Е,К,Ц,Б(сите освен Б-1...2).Чиа семето содржи пет пати повеќе калциум од млекото,три пати повеќе железо од спанаќот,двојно повеќе калиум од бананата,претставува моќен антиоксиданс и не содржи глутен. Токму поради високата нутритивна вредност здравствените придобивки од користењето на оваа супер храна се големи: го подобрува здравјето на срцето,го намалува крвниот притисок и холестеролот ,го стабилизира нивото на шеќер во крвта(има низок гликемиски индекс),има антивоспалително дејство,енергизира така да е поволно за спортистите за подобрување на нивната издржливост, помага во регенерација на мускулите,за хидратација и одржување на електролитниот баланс во организмот ,помага при детоксикација на организмот и одржување на телесната тежина,го подобрува функционирањето на мозокот(вклучувајќи ја концентрацијата и меморијата),ги ублажува симтомите при менопауза и менструални болки, има силно антиоксидантивно дејство односно го штити организмот од слободните радикали. Нутритивна вредност во 100 грама чиа семе: -енергетска вредност 490 kcal -јаглехидрати 438 грама -протеини 15.6 грама -масти 30.8 грама(од кои најмногу полинезаситени 23.3 грама -омега 3 масни киселини-17552 мг -омега 6 масни киселини 5785 мг -калциум 631 мг,цинк 3.5 мг,калиум 160 мг,натриум 19 мг,фосфор948 мг,бакар 0.2 мг Дневна препорака за конзумирање на чиа семето е 15 гр(една супена лажичка).Може да се употребува како здрав додаток во разни напитоци(сокови,смуди),салати,десерти.Пред користење на чиа семето потребно е да се потопи во вода 10 минути за да се искористат неговите хидратантни својства.
See MoreМасло од црно семе(nigella sativa)
Легендата за исцелителната моќ на црното семе е стара илјадници години. Тоа се спомнува во грчкиот медицински систем и имало големо значење во старата медицинска пракса, посебно во Стариот Египет. Авицена го потенцира неговото значење во својата медицинска книга Канон за медицината,а според пророкот Мухамед црното семе содржи лек за секоја болест освен за смртта. Семето содржи есенцијални етерски масла, протеини, алкалоиди, сапонини и мине...рали железо, калциум, натриум и калиум како и сурови влакна. Според анализите докажано е дека семето содржи дури 15 аминокиселини од кои 9 есенцијални. Изолирани се четири алкалоиди како нигелицин и нигеламин-н-оксид (изохинолин), нигелидин и нигелицин (пиразолид). Одредени соединенија на црното семе имаат цитостатично/цитотоксично, против воспалително и хемолитичко дејство, го намалуваат нивото на шеќер во крвта, спречуваат артериосклероза и несоница и делуваат антидепресивно. Поволно делува и при зајакнување на срцевиот мускул како и бубрежните лачења, влијае на мазната мускулатура на репродуктивните органи, гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, вклучувајки астма, бронхитис,реуматизам и разни воспалителни процеси, влијае на централниот нервен и ендокрин систем, го снижува нивото на холестеролот во крвта, ја оддржува структурата и функцијата на артериите и вените (спречува тромбоза), помага при реуматоиден артритис и мултиплекс склероза, делува како антихистамин при лекување на алергии, го спречува ПМС синдромот кај жените и посебно за зголемување на протокот на мајчиното млеко кај доилките, спречува размножување на малигни клетки, помага за смирување на нервниот систем, го стимулира производството на урина, помага при лечење на кашлица, ја подобрува пробавата и помага во спречувањето и намалувањето на високиот крвен притисок, се користи во анти паразитски програми за детоксикација на организмот. Заради разноликоста во составот на стероидната структура се претпоставува дека допрва следат нови научни откритија за неговото позитивно влијание во хормоналниот систем на организмот. Семето е многу ефикасно во лечењето на апцеси и туморина очи,абдомен и црниот дроб заради големото анти-туморско соединение на бета-ситостерол кој се наога во семките. Маслото од црно семе исто така добро делува и врз кожата, ноктите кои ги прави сјајни и ги зајакнува, го спречува опаѓањето на косата и делува против првутот, ја храни сувата кожа, ги намалува брчките...Црниот ким содржи 21% белковини,35% масти(од кои повеќе од 50% незаситени масни киселини),38% јаглехидрати, витамин Б1 15 мг/г,витамин Б2 1мг/г,витамин Б3 57 мг/г,витамин Б6 5мг/г,фолна киселина 610 мг/г,калциум 1.859 мг/г,железо 105 мг/г,бакар 18 мг/г,цинк 60 мг/г,фосфор 5.265 мг/г Дозирањето на маслото од црно семе за секоја болест е различно и со различно времетраење .
See MoreКиноа (Chenopodium quinoa)
Киноата е една од најстарите јужноамерикански житарици и затоа уште ја нарекуваат мајка на житата.Нејзиното потекло датира уште пред 5000 години на подрачјето на Андите.Светската организација за храна во рамките на ОН ја прогласи 2013-та година за меѓународна година на киноата со цел да го сврти вниманието на јавноста за важноста и нејзината исклучително висока нутритивна вредност . Киноата е пребогата со извонредно квалитетни растителни протеин...и односно во својот состав содржи речиси двојно повеќе протеини од сите останати житарици. Таа е богат извор на аминокиселини, ги содржи сите есенцијални аминокиселини поради што претставува идеална здрава замена за месото.Киноата исто така содржи незаситени масни киселини омега-3 и омега-6,растителни влакна,каротеноиди,богата е со железо, магнезиум,калциум ,цинк,калиум,бакар,манган, ,селен,витамин Е,А,Б1,Б2,Б6,фолна киселина,има низок гликемиски индекс,не содржи глутен.Здравствените придобивки од користење на киноата се многубројни.Го штити срцето,го регулира крвниот притисок и холестеролот во крвта,поради нискиот гликемиски индекс претставува одлична храна за дијабетичарите ,помага во регенерација на мускулите,енергизира,помага при детоксикација на организмот,поради присуството на магнезиум и рибофлавин помага кај мигрена,спречува алергии и астма,има големо антиоксидативно својсво. Нутритивна вредност во 100 грама киноа: -Енергетска вредност 368 kcal -јаглехидрати 64 г -протеини 14 г -масти 6 гр -диетални влакна 7 гр -железо 4.6 гр,магнезиум 197 мг,калциум 36 мг,калиум 563 мг,фосфор 457 мг,цинк 3.1 мг ,витамин Б1 0.26 мг,витамин Б2 0.32 мг,витамин Б6 0.5 мг,фолна киселина 184 мг
See MoreАронија ( aronia melanocarpa)
Аронијата потекнува од Северна Америка но благодарение на нејзиното одлично поднесување на ниските температури (и до – 50 степени )пристигнува и до Сибир па така и го добива името сибирска боровница. Северноамериканските индијанци ги сушеле и ги мелеле плодовите на аронијата, ги комбинирале со месо и брашно и така ги користеле за исхрана . Аронијата содржи висок концентрат на антиоксиданси,флавоноиди,бета каротин,минерали(железо, калиум, калци...ум, манган, магнезиум,цинк) витамин Ц,Е,К,Б2,Б6,П, а го содржи и реткиот овошен шеќер сорбитол. Таа е богата со антиоксидансот антоцијанин кој го јакне имунитетот,го намалува ризикот од рак,го успорува стареењето. Здравствениот бенефит од користење на аронијата е огромен.Од лековитите својства што и ги препишуваат најмогу се користи за прочистување на крвта, ја подобрува циркулацијата,ги спречува болестите на срцето, ја ублажува мигрената и главоболката, го регулира крвниот притисок и холестеролот, поволно делува на цревата и желудникот, ги намалува воспалителните процеси, ја регулира работата на тироидната жлезда ,спречува развој на вирусните и бактериските инфекции, го регулира шеќерот во крвта,го успорува развојот на атеросклерозата,штити од деменција и Алцхајмерова болест,лечи уринарни инфекции,овозможува правилна работа на жолчката и црниот дроб покрај тоа што ги прочистува. Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта.Аронијата исто така штити од UV зрачење,има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот. Нутритивна вредност во 100 грама аронија: -енергетска вредност 47 kcal -јаглехидрати 9.6 гр -протеини 1.4 гр -масти 0.5 гр -диетални влакна 5.3 гр. -антоцијанин 1.480 мг Витамин А 214 IU,витамин Ц 21 мг,витамин Е 1.17 мг,витамин К 19.8 мцг,натриум 1 мг,калиум 162 мг,манган 0.646 мг,калциум 30 мг,железо 0.62 мг,магнезиум 20 мг,цинк 0.53 мг. Дневна препорака за конзумирање на аронијата е 3 до 5 зрнца трипати дневно.
See MoreКуркума (curcuma longa) Куркума или индијски шафран се добива од коренот на билката curcuma longa . Застапена е како зачин посебно во источната и индиската кујна каде што се употребува повеке од 2500 години. Ова растение посебен третман има во Ајурведската медицина во препаратите за лечење на дијабетис, болести на дишните патишта, крв и крвните садови, разни кожни заболувања. Куркумата претставува богат извор на железо,магнезиум,цинк,манган,витамин Б6,витамин Ц,витамин Е,дие...тални влакна. Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основниот состав на растението. Луто-горкиот вкус на растението ги уништува бактериите и паразитите, наслагите на слуз, мастите, лепливите токсини, го поттикнува крвотокот и комплетниот метаболизам, одлично средство против труење, треска, воспаленија и разни болести на крвта и кожата. Индиската медицина ја третира куркумата како еден од најмоќните природни лекови а научните истражувања ја потврдуваат дека е вистинско чудо во лечењето на разни сериозни здравствени проблеми како што се ракот, Алцхајмеровата болест,мултиплекс склероза,леукемија. Едно од најзначајните својства на куркумата е нејзиното антиканцерогено дејство поради нејзините антиоксидативни,антивоспалителни и имуностимулирачки својства.Куркумата го намалува ризикот о настанување на леукемија, ги обновува мозочните клетки,поволно влијае на работата на штитната жлезда, го регулира метаболизмот, ги смирува воспалителните процеси и го поттикнува губењето на масните наслаги при слабеење,го прочистува црниот дроб,претставува природен лек против артритис и реума,ја регенерира кожата,помага во лечење псоријаза. Во кинеската медицина куркумата се користи за лечење на депресија а во бразилската народна медицина за запирање на крварења и како моќен противотров при каснување од змија отровница. Хавајските жители ја употребуваат како сок кој се става во уши за отстранување на болката и во нос против воспаление на синусите. Куркумата исто така се користи како зачин во храната за спречување на подуеност и гасови. Нутритивна вредност во 100гр мелена куркума: -енергетска вредност 354 kcal -јаглехидрати 64.9 гр. -протеини 7.83 гр. -масти 9.88 гр -диетални влакна 52.5 гр Витамин Б3 5.14 мг,витамин Б6 1.8 мг,витамин Ц 25.9 мг,витамин Е 3.1 мг,железо 41.42 мг,манган 7.83 мг,калциум 183 мг,магнезиум 193 мг,цинк 4.35 мг,фосфор 268 мг.
See More