Ви благодариме на сите кои бевте дел од нашата Charter Night и бевте сведоци на формирањето на Lions Club Karposh. За претседател на LC Karposh е избран Иво Гаќина. Како нов клуб, во претстојниот период ќе се фокусираме на активности на локално ниво, кои ќе имаат за цел да го подобрат статусот на поранливите категории на граѓани на #Карпош. Нашата цел е да служиме и да дадеме свој придонес во градењето на една похумана заедница.
Ве очекуваме на нашата #CharterNight 🥂 🗓20.02.2019 (среда); 📍ТЦЦ „Гранд Плаза” - Винарија; ⏰19:00 часот. Ве очекуваме!... Служиме! #lions #karposh #solidarity #карпош
See MoreПочитувани,
Ве покануваме на официјалното отворање на Lions Club Карпош / Charter Night, на 20.02.2019 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во ТЦЦ „Гранд Плаза“ - Винарија.
Запознајте се со членовите на Клубот, нивните заложби и идеи за градење на една похумана заедница.
...Ве очекуваме!
Со почит, Lions Club Karposh
See MoreОБУКА И ВОВЕД ВО ЛАЈОНИЗМОТ ✔️
Дел од членовите на новоформираниот Lions Club Karposh имаа можност да се запознаат со основите на Лајонизмот, вредностите и главните цели за претстојната година. Ќе работиме и помагаме во повеќе области: екологија, детски канцер, глад, дијабетес и проблем со вид. Благодарност до гувернерката, Соња Бојаџиева за инспиративната презентација, како и за целиот тим на Lions District 132 MACEDONIA, за целокупната поддршка која е особено значајна при ...секој почеток. #Karposh #Карпош #weserve #lionsclub
See MoreСреќна Нова 2019 година. Ви посакуваме добро здравје, среќа и многу успеси. Заедно да градиме солидарна заедница, која помага и се грижи за оние на кои им е најпотребно. #lionsclub #karposh #карпош #newyear 🎄
Доделивме новогодишни пакетчиња и подароци, за децата од СОС Детско село - Бардовци. Поминавме пријатно попладне со младите и лицата кои се грижат за нив. Разговаравме за нивната социјализација, образование и активности кои партнерски можеме да ги спроведеме. Lions Club Karposh (Lions District 132 MACEDONIA) и во претстојниот период ќе биде нивен партнер и поддржувач. Предновогодишните моменти не потсетуваат на подарување и зголемена грижа за сите граѓани.... Да бидеме солидарни, да подаваме рака - 365 дена во годината! #lionsclub #karposh
See More