Црвените усни сè уште се во мода за есен 2018та! Доколку оваа боја ти изгледа храбра и тешка на почетокот, може да експериментираш со помалку интензивни нијанси. Во прилог видео од мојот омилен мејк ап изглед со црвен кармин. Препорака: нанесувај го карминот со посебна четка, така што рабовите на усната ќе ги исцрташ попрецизно. Избегнувај: Надминување на контурата на усната со карминот.
Roze Damjanoska 💄 🔥 😘
💄👄💄👄
💄 👄 🎶
Свечениот изглед на шминка честопати подразбира црвен кармин и светки, но овој период Ви препорачувам да заборавите на интензивниот кармин и светките да ги употребите на сосема нов начин – glitter strobing или стробинг техника со светки.
Стробинг подразбира нагласување на местата на кои природно паѓа светлината на кожата, а со помош на хајлајтери, пудри и подлоги со илуминатор. Ви препорачувам нанесување на јаболчниците, врвот на носот и на врвот на брадата. Оваа техника делува многу природно, особено во летниот период кога сонцето дополнително ги нагласува веќе осветлените делови.
Производи кои може да се употребуваат се MAC Strobe Cream и L’Oreal Magic Lumi, а еве и еден туторијал за да видите каде точно треба да се нанесе илуминаторот.
Професионален Make-Up артист.