Почитувани пријатели,
Адвокатската канцеларија „Бангиевски“ дава висококвалитетни правни услуги од областа на граѓанското (имотното, облигационото, наследното, семејното) право, работното (трудово) право, трговското (деловно) право и управното право, високопрофесионално застапување на домашни и странски, физички и правни лица, пред судовите и другите државни органи во РМ, правен консалтинг од сите области на правото и посредување, составување на договори, статусни промени на трговски друштва, катастарски услуги како и други видови на правни услуги.
Канцеларијата работи на принципот на висока професионалност, ентузијазам, отвореност и непосредност кон клиентот како и етичност во работењето.
Адвокатската канцеларија Бангиевски, заради обемот на работа, располага со големо практично искуство од правните области со кои работи, а во своето работење постојано ги следи позитивно-правните промени и најновите териски достигнувања во правната наука.
Во своето работење канцеларијата соработува со други адвокатски канцеларии и друштва, невладини организации, институции како и правни факултети во земјава и странство.
Исто така адвокатската канцеларија нуди можност и за стекнување на професионално практично правно искуство, преку стажирање и волонтирање на дипломирани правници и работа на стручни соработници.
Целта е една и единствена: „FIAT IUSTICIA PEREAT MUNDUS!“- „Нека биде правда, макар и светот пропаднал!.“
Со почит,
Адвокат М-р Владимир Бангиевски
Канцеларијата се наоѓа на ул. „Драга Стојановска“ бр. 17 - 1000 Скопје.
Работното време на канцеларијата е секој ден од понеделник до петок од 09.00-16.30 часот.
Тел: +389 (02) 3121-626
No reviews yet. Be the first to add a review.