Повелете во нашите продавници на Св. Климент Охридски 45 и Веро Центар (Jumbo).
❤️ Нашите миленици - нашите бељаџии ❤️ Природна нега за нивното крзно и кожа со LaSoy Puppy сапуните, сега со 50% намалување 🐶
Денеска ве запознаваме со Lapacho (Taheebo), чајот на Инките. Овој чај не содржи кофеин, но е богат со минерали и витамини кои ќе ви помогнат во одржувањето на вашето здравје и виталност. Неговото редовно конзумирање помага кај превенција и третман на бројни заболувања, како што се артритис, дијабетес, проблеми со цревата, инфекции на бешиката, астма и рак. Делува како природен антибиотик и го подобрува имуниот систем, ги намалува симптомите на настинка и грип, па дури е корисен и во третманот на некои хронични состојби како псоријаза и Паркинсонова болест. И, секако, има anti-aging ефект 🙂. Па, повелете ☕
Времето залади, загрејте се со некој од нашите чаеви со зимски, празнични ароми 😉.
Повторно попусти!!! Во текот на викендот, на нашиот штанд во Веро центар, намалени цени до 50% 😉
Се подготвивте ли за зимските одмори? Убаво е да избегате од маглата и загадувањето, некаде на планина, на скијање но заштитете се. Искористете го попустот од 50% на нашите креми за сончање и бидете спремни за зимските авантури ❤️.
Побрзајте, акцијата трае уште денеска 😉
Започнуваме со попустите до 50%, од денеска до 18.11. А утре ве чекаме од 11:00 до 15:00h на презентација на козметичката линија од органско гоџи и дегустација на зелен чај со гоџи. Побрзајте и искористете ги попустите 😉.
Повелете на дегустација, презентација и попуст од 20% на сите производи од гоџи бобинки. Во четврток 15.11. од 11:00 до 15:00, на нашиот штанд во Веро центар, ќе може да се дружите со Emilija Jakimovska, која ќе ви ја презентира козметичката линија од органско гоџи. Ќе ве послужиме со чај од зелено гоџи и ќе можете да ги искористите останатите попусти кои ви ги спремивме во склоп на WOW кампањата 😉.
Ве очекуваме на нашиот штанд во Vero Center со попусти до - 50%
💚 Дозволете и на природата да ве негува, таа знае најдобро 💚 Нашите течни сапуни се природни, рачно изработени од растителни масла и калиум хидроксид, без додатоци на сретства за пенење, згуснувачи, детергенти и парабени. Палмојадрената маст, рицинусовото и кокосовото масло ви нудат богата пена, а шеа и какаивиот путер ја зголемуваат нутритивната вредност. Течниот глицерин има дополнителен навлажнувачки ефект. LaSoy течниот сапун може да се употребува за миење раце, тело, за бричење или како шампон за сува коса со првут.
Ја негуваме кожата на телото, но кога ќе дојде ред на кожата на стапалата изгледа како ништо да не е доволно. Нашите балзами ги ревитализираат и регенерираат дури и најсувите, најтврдите делови на стапалата, ја подобруваат еластичноста на кожата и ѝ го враќаат природниот, здрав изглед. Можат да се користат и за други суви или иритирани делови како колена, лакти и кутикули. Чувствувајте се удобно во својата кожа, од глава до пети 😉.