Др. Венци Карапеев е специјалист по орална хирургија и имплантологија и е еден од водечките имплантолози во регионот со највисок степен на едукација, долгогодишно искуство и досега вградени над 2.000 импланти.
Роден е на 20.12.1965 год. во Гевгелија. Во учебната 1985-1986 се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје каде после пет години студии, дипломира на 26.11.1991 год. По дипломирањето се запишува на пост-дипломски студии по стоматолошка протетика.
Во 1993 година го основа Дентал Центар Карадент . По отварањето на Дентал Центар Карадент Скопје, паралелно се стекнува со континуирана едукација во областа на имплантологијата и протетиката преку разни облици на трансфер на наука, организирани во SCHUTZ DENTAL FRANKFURT и ZELL AN SEE и HINTERLAND AUSTRIA за што се приложени различни сертификати за трансфер на наука. Специјализира на оделот на орална хирургија и имплантологија при универзитетот св.Кирил и Методиј Скопје.
Др. Венци Карапеев успешно раководи со стручниот тим на Дентал Центар Карадент повеќе од 22 години. Во овој период воспоставени се разни облици на соработка со еминентни професори во областа на имплантологијата и протетиката при стоматолошкиот факултет во Франкфурт и Грац, како што се DR. MARKUZ HURZELER, UNIV-PROF.DR. MARTIN LORENZONI , UNIV-DOZ.DR.CHRISTOF PERTL, UNIV-DOZ.DR.GERNOT WIMMER, DR.OTTO ZUHR...
Имајте убав ден, полн со насмевки!
Изработка на долен фронт и два бочни моста на долна вилица со претходно компјутерско планирање.Изработено со сертифицирана и највисоко квалитетна циркониа на ZIRKONZAHN.Нашите пациенти за сигурност на квалитетот на матерјалот добиваат сертификат директно од ZIRKONZAHN.
Случај број 3 - Обелување на заби
Случај број 2 Постава на импланти веднаш по вадење на заболени неупотребливи заби