Југоисточно од градот Битола, во областа позната како Мариово се наоѓа Ловиштето за крупен дивеч „Ниџе”. Вкупната површина на ловиштето изнесува 20.286ha, а ловната површина изнесува 19.694ha.
Застапеноста на најразлични типови шуми, на дивечот му обезбедуваат природни засолништа што е многу значајно, особено во репродуктивниот период.
Ловиштето „Ниџе“ има и историско значење стекнато за време на Првата светска војна, при што линијата на фронтот каде се бореле голем број на војници од разни европски земји, се протегала на дел од просторот на ловиштето. Тоа е дел од историјата на сериозен број на европски народи и поголемиот број на ровови, бункери и разни други остатоци од тоа време, во денешнината претставуваат значаен историско-културен споменик.
Ловиштето „Ниџе“ располага со два сместувачки капацитети.
Помалиот сместувачки капацитет има 13 легла, распоредени во 4 спални соби, една голема трпезарија со кујна и две тераси.
На одалеченост од 300 m и 100 m висинска разлика, во изработка е вториот сместувачки капацитет кој во себе ќе вклучува 10 апартмани.
Двата објекти се наменети за сместување и на ловци и на вљубениците во планинскиот и селски туризам.
Репроцентарот во ловиштето „Ниџе“ се протега на ограден простор од 400 hа и претставува живеалиште на: елени лопатари, горски елени, сика елени, срни, диви свињи, муфлони, и берберски овци. Тие се размножуваат по системот на формирање на матични стада, а секоја наредна година одреден број на единки се пуштаат во природата со цел нивна интродукција и репродукција. На овој начин, репроцентарот има сериозен допринес кон зголемување на вкупниот број на дивеч.
Репроцентарот во ловиштето „Ниџе“ се протега на ограден простор од 1 000 hа
Берберска овца (Ammotragus lervia) дел од репроцентарот на ловиште „Ниџе“
Ви посакуваме незаборавен продолжен викенд
Горски елен (Cervus Elaphus)
Мај месец на срндакот
Нашиот репроцентар!
Честит Велигден!
Happy Easter!TranslatedРепроцентарот во ловиштето „Ниџе“ се протега на ограден простор од 1 000 hа и претставува живеалиште на: елени лопатари, горски елени, сика елени, срни, диви свињи, муфлони, и берберски овци.
За убав ден!
For a nice day!TranslatedПролетно сонце во ловиште „Ниџе“
Ловиште „Ниџе“ на Интернационалниот саем за лов и риболов меѓу 635 изложувачи од 34 земји и 43,404 посетители во Салцбург, Австрија
Ловиштето „Ниџе“ на уште еден Интернационален саем за лов и риболов во Салцбург, Австрија
Уживање во убавините на Ниџе 360°
Вистинско уживање во 360°
Чист воздух, снежна идила и топол камин, секогаш сте добредојдени на Ниџе