Нашата приказна
Фармата на Хепи е резултат на страст и визија за нешто ново, свое, оддржливо, кое се потпира на еден многу убав период од мојот живот, моето детство. Страста и почитта кон домашните животни ја почувствував и научив од моите дедовци Евтим и Лазо. Слушајќи ги приказните од нивните детства, споделувајќи ги со мене нивните искуства, итрини и вештина, ја разгореа страста и сонот да и јас еден ден имам своја фарма, која ќе биде плод на мојата визија и фантазија.
Реализирањето на било каков сон или идеја е како возење по пат на кој има многу дупки и препреки со голема брзина, ама за да успеете мора да ги избегнете дупките и препреките на кои наидувате. Тешко е кога треба сами да го поминете тој пат, многу полесно е кога имате сопатници, сопатници со кои ги делите истата визија и страст. Да, на почетокот имаше и сопатници кои помалку веруваа во целата оваа приказна, ама веќе денес може да кажам дека токму тие многу повеќе од мене веруваат во оваа приказна и придонесуваат многу повеќе. Тоа се моите родители и мојата сестра.
Ова наше патување наречено Фармата на Хепи започнува средината на месец февруари 2014 година. Период во кој првите две крави Лиса и Неда дојдоа на нашата фарма. Првата радост на дотогаш безимената фарма доаѓа средината на април 2014 година, во убав ден среда за кој во Македонија се верува дека носи среќа се роди Хепи (Среќна на Mакедонски по среда денот кога е родена). Тогаш решивме дека нашата фарма ќе го носи името на Хепи, таа е прва родена кај нас, наша… Токму таа Хепи, секогаш ќе ни носи среќа! ;-)
Хепи е многу весела и љубопитна. Научена е на многу внимание, нежност и посветено време. Знае дека е главна и ужива во таа своја улога. Таа е голема маза… Хепи е веќе мајка, и тоа по втор пат. Таа е нежна, грижлива и посветена кон своите телиња. Таа е нашата гордост. Хепи е олицетворение на нашата главна цел, да бидеме најдобри во тоа што го работиме.
Визија на Фармата на Хепи е да стане модерен центар кој ќе поставува стандарди и ќе биде расадник на добри практики кои ќе бидат водилка за многу фармери не само на национално туку и на регионално ниво. Мисијата на нашата фарма е на повеќе нивоа, да ги едуцираме потрошувачите што значи природно одгледано животно на органски начин, која е разликата помеѓу домашно свежо и увозно смрзнато месо, едукација на трговците дека секое теле не е исто и дека секое животно има своја вредност (не се става се во ист кош). Но несомнено најголемиот предизвик на Фармата на Хепи е да стане центар за репродукција на раси на говеда кои ќе имаат најдобари перфоманси и најголема продуктивност во однос на климатските и географските условите со кои располага Република Македонија.
Visiting one of the biggest Agro fair expo's on the Balkans!
Време е да ја средиме фризурата. Таман понеделнички онака "како крава да те излижала!" 😋😜😂🤣😂😂😂😂
Winter is coming! We are collecting hay for our 🐮🐂. Late afternoon happy work from happy people...
... and luxuries treatment to be complete these animals are listening classics! 🐂🐄🎼🎹🎼🎧
Study visit at Koutsiofti Farm. Learning from the champions. It is so nice to see great infrastructure, high class samples from selected French and Belgian breeds of cows. Happy animals, luxurious treatment with unique dieting approach (the animals are feed with dry spices such as oregano, thyme, basil and mint and flax seeds) in order to get meat which contains 6 times more Omega 3 than any other meat and ... rest in the next post! 😉🤪🤩☺️🐂🐄
#HappysFarm #ФарматаНаХепи
Христос Воскресе! Честит Велигден * Happy Easter * Srećan Uskrs * Сречан Ускрс * Честит Великден * Καλό Πάσχα * Gezuar Pashket
И така си броиме, ...17, 18...😉 Денес нашата првотелка Хајди пријатно не изненади со близнаци. Добредојде за Цвета и Цветко! 🐮🐮 💐🌼
And we are counting ... 17, 18... 😉 Great surpirse from our heifer Heidi, we got twins Cveta & Cvetko. Welcome! 🐮🐮🌼💐🌸
#фарматанахепи #happysfarmmk #springcalving #twinsonthefarm #cvetaandcvetko
Фармата на Хепи
Enjoying sunbath with great meal and perfect view... 🐮🐂🌞
Дел од нашата мисија е и едукација на крајните конзументи на месни и млечни производи, но и на трговците и посредниците во процесот на продажба на животни.
Нашиот став е дека како и со секој производ или услуга така и кај животните не се сите ист квалитет, иста категорија, немаат иста вредност и неможе сите да се откупуваат по иста цена. Едноставно начинот на одгледување, хранење, третирање, условите за живот, пределот во кој се чуваат и напасуваат, пристапот до свежа вода, ...генетскиот потенцијал, се само мал дел од варијаблите кои влијаат на вредноста на животните. И додека цел свет говори за вредноста на органски одгледуваните растенија и животни, за големото влијание на слободнио начин на одгледување, кај нас сеуште ова е табу тема. Кај нас секое теле е теле, секој јунец е јунец и што е најважно без разлика колку внимание, посветеност и грижа сте посветиле на животните. Па така кога ќе дојде некој трговец на фармата шаблонот е иденитечен, прво сте навредувани, понижувани како не ви чинат живоптните, како вчера купиле екстра класа по смешна цена, како во Македонија имало вишок на месо (во ситуација кога годишно од Македонија за увоз на смрзнато месо се одлеваат повеќе од 30 милиони долари), кога Македонија има константен недостиг на месо кој се задоволува со увоз ние одгледувачите на животни ја плаќаме цената која не држи ниско, под контрола и сме страшно ранлива категорија.
Само мала илустрација за актуелната ситуација на пазарот во Македонија, цена на килограм костени е 200 денари, цена на килограм краставици е 180 денари, а цената по која трговците ги откупуваат телињата до година дена старост е 90 денари/кг. жива мера. Жалосно, понижувачки и неприфатливо. За ситацијата во нашата околина за вас ви споделуваме просек на цени на пазарот за крупен добиток во соседна Србија. (и само за напомена дека најголемиот дел на жив добиток за колење или свежо заклан се увезува од Србија)
See MoreОur newest member Pravda (Justice) wishes you a year fulfilled with health, smiles, moments worth remembering and many days spent in nature. Happy New Year dear friends!!!