• Delete
  • Edit

About

Green Room is an art gallery, located at Ул. БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ Бр. 3/1- локал 003 СКОПЈЕ- АЕРОДРОМ, 1000 Skopje, Republic of Macedonia

Green Room- Продавница за Здрава Храна

Tags : #HealthFoodStore

Location :
Ул. БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ Бр. 3/1- локал 003 СКОПЈЕ- АЕРОДРОМ, 1000 Skopje, Republic of Macedonia

Added by Jopie, at 22 December 2015

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Green Room

Description

Продавница за здрава храна

-Масла (Ладно цедено маслиново масло, сусамово, ленено, масло од тиква...)
-Сушено овошје (брусница, киви, боровница, манго, ѓумбир...)
- Семиња (чиа, црно семе, киноа...)
- Органски и безглутенски тестенини
- Безглутенско брашно
- Соленки со семиња
- Благи колачиња со малтекс
- Зачини (бибер, ѓумбир, мајоран, цимет, ванила...)
- Секаков вид на muesli и cornflakes
- Глина
- Природна козметика- ароматерапевтски производи ( сапуни, креми, пилинзи....) (чаеви, шољи, чајници...) LaSoy
.............и многу други производи :)

Add missing information

Add email
Add phone
Add website
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

15 Reviews

  • Anynomous
    06 January 2017

    Среќни Новогодишни и Божиќни празници! :)

    report this review
  • Anynomous
    03 December 2016

    Новогодишно healthy пакетче :)

    *Мешавина од: Бадем, Лешник, Сува слива, Сува кајсија, Индиски орев, Брусница, Гоџи, Бело и црно грозје

    * Црно Чоколадо 75% Какао

    ...

    * Чај - La Cha, Енергија

    Ве очекуваме :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    03 December 2016

    ПРИРОДЕН ПАЛАНЕЧКИ МЕД *Ливадски *Багрем *Костен Повелете :)

    report this review
  • Anynomous
    21 November 2016

    Za da se stoplite vo ovie ladni denovi, preporacuvame topla solja kakao! :) Ve ocekuvame :)

    report this review
  • Anynomous
    14 April 2016

    *ГОЏИ БОБИНКИ*  Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е еден - поткаснувајте дури помалку од егзотичниот плод гоџи бери.

    Татковината на растението е Кина и Хималаите, но за неколку години таа е хит меѓу Европејците и Американците.

    ...

    Силните антиоксидантни својства го прават суперхрана која ќе ви подари многу здравје и подобар животен тонус.

    Лековитите квалитети доаѓаат и од големото количество полисахариди. Тој влијае исклучително позитивно кај кардиоваскуларните болести, воспаленија, очни проблеми и пречки на нервниот систем.

    Поради неговите квалитети тој го стимулира метаболизмот и од него килцата се топат побрзо и здраво. Гоџи Бери го забавува и процесот на стареењето, го намалува високиот крвен притисок и чува од различни алергии.

    Други, пак, го користат при замор, вртоглавица и проблеми со меморијата. Древните хималаи велат дека ја храни крвта, ги активира бубрезите и црниот дроб и хидратира белите дробови. Според последните податоци плодот се бори против ракот, дијабетесот, а помага кај предвремено стареење.

    Нормална доза е помеѓу 10 и 20 грама дневно, поделено на три дози.

    Ве очекуваме! :) Хранете се здраво! :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    04 March 2016

    Ве очекуваме :)

    report this review
  • Anynomous
    28 February 2016

    Голем избор на суво овошје.Ве очекуваме :)

    report this review
  • Anynomous
    20 February 2016

    *КАКАО ВО ЗРНО*

    Зрната од какао не содржат шеќер, а се богати со протеини, масти, влакна, железо, калциум, магнезиум, витамини од групата Б, Ц, Е како и други состојки.

    Високата количина на магнезиум во зрната, го зајакнува срцевиот мускул, ја намалува коагулацијата, го регулира притисокот на крвта, и значително го намалува ризикот од формирање на згрутчување на крвта.

    ...

    Зрната какао ги намалуваат симптомите на отекување на вените и артериите. Магнезиумот може да ја зголеми алкалноста на нашето тело, што значително помага при детоксификација.

    Зрната какао содржат: серотонин, триптофан, анаптофан, анандамин, допамин, фенилетиламин и моноаминоосидазни инхибитори. Сите овие имаат поволен ефект врз мозокот бидејќи го потхрануваат мозокот со повеќе серотонин и ја помагаат циркулацијата на другите невро-трансмитери.

    Моноаминооксидазните инхибитори се користат како антидепресиви, го подобруваат расположението и ја подобруваат секојдневната активност. Моноаминооксидазните инхибитори го зголемуваат времето на циркулацијата на невротрансмитерите на мозокот со блокирање на активноста на некои ензими.

    Антиоксидансите во какаото се високо стабилни и лесно достапни за човековото тело, стигнуваат до целните клетки за 30 минути.

    Сите овие природни елементи се поврзани со чувството за среќа.

    Повелете во Green Room и набавете некое зрно среќа и здравје :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    11 February 2016

    LaSoy(LaCha) сет - " Чај за еден " составен од шоља и чајник. Повелете:)

    report this review
  • Anynomous
    09 February 2016

    *Rafael Salgado 100% Ладно Цедено Маслиново Масло*

    Rafael Salgado е петта генерација на шпански производители на масло, која што произведува високо квалитетно маслиново масло од 1875год.

    ...

    Arbequina, Hojiblanca и Cornicabra се видови маслинки кои се употребуваат за да создадат единствен и уникатен вкус во секоја капка на ова маслиново масло.

    Сите производи Salgado се направени од 100% шпански маслинки од регионот Андалузија. Овој регион е познат по највкусните маслинки во светот!

    Ве очекуваме :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    05 February 2016

    Грав е едногодишно растение од фамилијата Fabaceae, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари.Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:

    *белковини (26%); *масти (2%);... *јаглени хидрати (52%); *минерални материи (2,5%); *витамини (B1, B2, С, Е, К, PP) и аминокиселини

    Ние ви ги претставуваме овие видови: Грав Око, Шарен Грав, Црвен Грав и Мунго(зелен)Грав.

    МУНГО гравот потекнува од Индија а подоцна е култивиран во цела Азија. Древните кинези го користеле овој грав во кулинарски и лековити цели, а најмногу за детоксификација на телото.

    Денес мунгото нашироко се користи во исхраната и нутриционизмот поради неговата висока хранлива содржина и лековитост.

    ХОЛЕСТЕРОЛ

    Мунго гравот успешно се користи за лекување на холестеролот. Во својот состав има висок процент на растворливи диететски влакна. Овие влакна заедно со водата од дигестивниот тракт формираат материја слична на гел, која пак помага во поддршката на основните телесни функции. Растворливите влакна ја поттикнуваат продукцијата на ЛДЛ рецепторите кои се одговорни за отстранување на вишокот на ЛДЛ холестерол од крвта.

    Се препорачува да се консумираат 10-25г растворливи влакна дневно, за да се намали повишениот холестерол. Мунго гравот содржи 1,9г диетални влакна во една чаша. Може да се комбинира со друга храна богата со диететски влакна за понатамошно намалување на холестеролот. Покрај мунгото, за лекување на холестеролот треба да се консумираат и другите видови грав, овесна каша и трици, слаткиот компир, аспарагусот, репата, ленот, чиа семето и лешниците.

    ДИЈАБЕТЕС

    Мунго гравот има низок гликемиски индекс, што значи дека е погоден за дијабетичарите. Луѓето кои јадат храна со низок гликемиски индекс имаат пониско ниво на вкупните масти во телото, за разлика од луѓето кои консумираат високо гликозна храна како што се белиот леб и безалкохолните пијалоци.

    Во најновите студии за мунгото беа откриени неговите својства да ја намалува гликозата во крвта, плазма Ц-пептидот, глукагонот и крвната уреа кај луѓето кои боледуваат од дијабетес тип 2.

    ПРОТЕИНИ

    Мунго гравот содржи околу 3,16 г протеини во една чаша. За разлика од месото кое содржи двојно повеќе протеини, мунгото сепак има далеку помалку заситени масти и холестерол.

    Хранете се здраво! Ве очекуваме :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    04 February 2016

    Диетални колачиња со афион и темно чоколадо. Повелете :)

    report this review
  • Anynomous
    29 January 2016

    *ТАРТУФ ИЛИ ЦРН ДИЈАМАНТ*

    Познат е уште од времето на старите Египќани, Римјани и Грци, но повторно е откриен дури во 19 век. Неговото доцнење меѓу печурките не го попречи веднаш да ја земе кралската титула.

    Длабоко под земја, може да го откријат само дресирани кучиња или дресирана свиња

    ...

    Плодови со силен, специфичен мирис, во црна или бела боја, со големина меѓу два и осум сантиметри, скриени под површината на земјата, и тоа само на ретки места.

    Под земјата живеат во симбиоза со коренот на некоја билка или стебло, а од тоа зависи и нивниот мирис. Постојат околу 70 видa тартуфи. Сепак, најпознати се црниот тартуф што може да се најде во француската област Перегори и белиот голем тартуф што го има во италијанската област Пиемонте.

    Овој вид печурки може да се најде и во Хрватска, на Истра, скриени во глинестата и тешка земја на Мотовунската шума од каде што се и нашите производи ZIGANTE.

    Тартуфот е афродизијак богат со белковини, јаглехидрати, фолна киселина, витамин А, B, C, E, B12, B6, цинк, селен, магнезиум, калциум, калиум.

    ZIGANTE ПРОИЗВОДИ

    *Цел Црн Тартуф *Намаз од тартуф *Маслиново масло со црн тартуф *Намаз од сецкани тартуфи *Намаз од мелени тартуфи *Намаз од Тартуфи и Маслинки *Намаз од тартуфи и шампињони *Намаз од тартуфи и вргањ *Намаз од вргањ *Намаз од зелени маслинки и рузмарин *Намаз од црни маслинки и мајчина душица

    Ве очекуваме :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    04 January 2016

    *'Monbana' COCOA* LaSoy

    Покрај Cacao Pur и какаото во зрно за убави и топли празници повелете и на француското задоволство со арома: Карамел, Ванила и Портокал.

    ...

    Ве очекуваме! :)

    СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    29 December 2015

    *КИНОА *МАЈКА НА СИТЕ ЗРНА*

    Киноата е суперхрана која заслужува да добие почесно место во кујната. Одгледувана повеќе од пет века на Андите и нарекувана „златото на Инките“, киноата во последниве неколку години рапидно си ја зголемува популарноста меѓу приврзаниците на здравата исхрана, на кои им се важни нутритивните вредности на консумираната храна.

    Оваа „псевдожитарка“ присуствува на сѐ повеќе трпези, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно се комбинира со најразлични јад...ења. Најчесто служи како замена за ориз и тестенини.

    *ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД КИНОАТА

    Киноата го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка користена во безглутенските диети и носи многу здравствени придобивки.

    Консумирањето на киноа може да го намали ризикот од појава на:

    *Кардиоваскуларни болести; *Дијабетес тип 2; *Висок крвен притисок; *Прекумерна тежина

    *ШТО СОДРЖИ КИНОАТА?

    Киноата е богат извор на:

    Протеини. Веганите и вегетаријанците се заљубуваат во киноата поради високиот процент на протеини. Анализите покажале дека киноата е „комплетен протеин“ кој ги содржи сите есенцијални аминокиселини.

    Растителни влакна. Во киноата има речиси двојно повеќе растителни влакна од останатата зрнеста храна. Тоа значи дека може да помогне при опстипација (запек), да го намали ризикот од појава на хемороиди, како и да биде сојузник во слабеењето.

    Минерали, особено на магнезиум. Во една шолја неварена киноа има дури 83% од препорачаните дневни дози на магнезиум.

    Железо. Во една шолја неварена киноа има 43% од препорачаните дневни дози на железо.

    Рибофлавин (B2). Рибофлавинот, како и магнезиумот, може да помогне во превенцијата и намалувањето на главоболката при мигрена.

    Киноата не содржи глутен и лесно се вари во организмот. Сѐ повеќе луѓе се обидуваат да го исфрлат глутенот од исхраната, па киноата одлично се вклопува во безглутенската диета.

    Има 3 типа на киноа: црна, бела (жолта) и црвена.

    See More

    report this review

Rate & Write Reviews