Живинарската фарма во нас. Илинден, Скопско основана во 1982 година. Компанија изградена со домашен капитал која за главна дејност има производство на конзумни јајца со врвен квалитет добиени од здрави несилки.
Традицијата и искуството во производството од 33 години е нашен главен адут. Капацитет од 30.000 живина од кој 20.000 несилики.
Погледнете ја нашата нова веб страна,
Имајте пријатен работен ден,
www.freshfarm.com.mk
Има потреба од возач со "Б" категорија, со или без работно искуство.
Фреш Фарм / Fresh Farm има потреба од работник - комерцијалист, сите заинтересирани може да испратите CV во приватна порака.
Христос воскресе!
Фреш Фарм / Fresh Farm ви посакува среќни велигденски празници.
Одлична диета за намалување на вишокот килограми. Се разбира доминантен оброк се јајцата, кои се многу хранливи, а сепак содржат мал број на калории. #ФрешФарм
Многу свежите сварени јајца по правило тешко се лупат. Па ви ги предложуваме овие 5 совети со што би го избегнале овој проблем:
1. Јајцата пред варењето оставете ги да добијат собна температура 2. Со игла дупнете ги јајцата на тапиот дел 3. Спуштете ги јајцата во солена вода што врие 4. Почекајте водата повторно да зоврие и варете на ниска температура 8-10 минути за тврдо варени или 3-4 минути за меко варени јајца 5. Откако ќе ги сварите, изладете ги со ладна вода
Нашите производи достапни во нова амбалажа.
Ви предложуваме да си подготвите здрав оброк со вкусните јајца на Фреш Фарм.
Добар апетит.
Фреш Фарм / Fresh Farm ви го честита 8ми март, меѓународниот ден на жената. .
Неколку податоци за јајцето и неговата хранлива вредност:
Јајцето едно од најценетите хранливи продукти. Содржи такви состојки што го прават незаменливо во исхраната. Хранливата вредност на јајцето е резултат на присуството на важни, добро избалансирани хранливи материи. Токму затоа јајцето е присутно секогаш и во секој дом, а од него може да се направат стотина различни јадења.
Јајцето во својот состав ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини.
Белката на јацето содржи околу 90% вода, а преостанатиот дел ја сочинуваат приближно 40 различни видови протеини. Најпознати протеини се албуминот, трансферинот, лисозимот, овомуцинот. Во една белка од јајце има приближно околу 6 грама протеини, кои се многу важен составен дел од храната, посебно за спортисти.
Жолчката исто така е богата со хранливи материи. Таа е добар извор на холин, кој е важен нутритиент при регулација на мозокот, нервниот и кардиоваскуларниот систем.
Добродојдовте на нашата нова страна. Фреш Фарм ви посакува пријатна вечер :)