• Delete
  • Edit

About

FK Pobeda Prilep

Добредојдовте на Официјалната Facebook страна на ФК Победа Прилеп / Welcome to the Official Facebook Page of FC Pobeda Prilep

Tags : #SportsTeam, #SportsClub

Location :

Added by Jopie, at 15 November 2018

Description

ФК Победа Прилеп е формиран во 1941 година. Најпрво под името „Гоце Делчев“ за подоцна да го промени во денешното име „Победа“ кое го носеше до распаѓањето на поранешна СФРЈ. Во поранешната СФРЈ шест пати е првак на Македонија и тоа во сезоните: 1958/59, 1961/62, 1962/63, 1978/79, 1980/81 и 1985/86 со тоа освојувајќи најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига. Никогаш не успева да влезе во најквалитетната Прва лига иако на неколку пати е на чекор од неа. Од осамостојувањето на Република Македонија ФК Победа се натпреварува во најквалитетното друштво и секогаш е на самиот врв а ги има освоено и шампионските титули во сезоните 2003/04 и 2006/07 и пехарот во националниот куп во сезоната 2001/02. Со своите резултати во домашното првенство ФК Победа почнувајќи од сезоната 1997/98 па се до сезоната 2007/2008 има одиграно 32 официјални средби во натпреварувањата под капата на УЕФА:Квалификациите за Лигата на шампионите, Купот на УЕФА и Интер-тото купот. ФК Победа своите натпревари ги игра на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп кој има капацитет од 15.000 гледачи, а настапува во традиционалните црвено-бели дресови. По казната од УЕФА и ФФМ со 8 годишна суспензија и отстранувањето од Првата лига во 2010 година во градот е основан клуб наследник кој ги превзема трофеите и историјата под името "Викторија", кое подоцна е променето во Победа Јуниор, а 2015 година во ФК Победа. Клубот во сезоната 2015/16 го освои првото место во Втората Македонска Лига и од оваа сезона повторно е член на Првата Македонска Лига .Од јуни 2016-та година клубот е трансформиран во акционерско друштво со официјален назив ФК Победа АД.

Прилепските компании: ,,Прилепска Пивара,,, ,,Кабелнет,,, ,,Комфи Ангел,,, ,,Жито Прилеп,, и Локалната самоуправа во 2013 година застанаа зад иницијативата за реализација на долгорочен проект чија цел е повторно прилепскиот бренд ФК „Победа Прилеп“ да го добие заслуженото место во македонскиот фудбал. Во моментов покрај овие прилепски компании,во клубот финансиски помагаат и „Витаминка“ и „Мермерен Комбинат“-Прилеп.

Претседател на ФК Победа од декември 2015 год. е м-р д-р Гоце Ингилизов.

Add missing information

Add business address
Add email
Add phone
Add website
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

15 Reviews

  • Anynomous
    11 December 2018

    Банкрот!? ⚽️⚽️⚽️🔴⚪🔴⚪🔴

    😢😢😢

    report this review
  • Anynomous
    05 December 2018

    Гоооол! 2-0 Макотааа!!!Гоооол! 2-0 Макотааа!!!

    report this review
  • Anynomous
    05 December 2018

    Гооооол!!! Победа води против Шкендија!Гооооол!!! Победа води против Шкендија!

    report this review
  • Anynomous
    05 December 2018

    Линкови за следење на натпреварите од Купот на Македонија..Победа-Шкендија ,13ч,Битола

    report this review
  • Anynomous
    03 December 2018

    И сега сме последниии.. :( ..пак никој не е крив,ни тренерите,ни тој селекција на фудбалери шо праеше летото,ни тој шо ветуваше дека Победа ќе игра барем на Могила..НИКОЈ!!! А Победа кутра,со крупни чекори накај втора лига оди!!!

    report this review
  • Anynomous
    01 December 2018

    😱😱😱 ете ти,во Победа имало "борд на директори" и "управен одбор". Досегашниот директор,а сегашен тренер на клубот ја издаде цела управувачка структура..

    report this review
  • Anynomous
    01 December 2018

    Не,незнаеме никој.. дај кажи шо имаш и шо сакаш да кажеш и кој ти пречел во твојот проект(ако имало таков) оти секогаш во нашиов македонски речник има "ама"..цел Прилеп знае дека ако се продолжи со исто темпо,оваа сезона директ во 2ра лига! Ти си тука за Победа,ама за 1500ев месечно!

    Кој ги донесе фудбалерите и тренерите,кој им направи договори од по 1000ев месечно и трошоци огромни на фудбалери со квалитет од 2ра лига,каде се прилепските играчи???

    Иии со градоначалникот имате неколку спектакуларни изјави дека Победа ќе игра во Прилеп,барем на Могила..до каде е таа работа?

    report this review
  • Anynomous
    30 November 2018

    Јане Николоски нов тренер на ФК Победа! -сменет Мегленски поради очајните резултатиЈане Николоски нов тренер на ФК Победа! -сменет Мегленски поради очајните резултати

    report this review
  • Anynomous
    28 November 2018

    Пораз и од Вардар, 3-0Пораз и од Вардар, 3-0

    report this review
  • Anynomous
    25 November 2018

    Победа повторно загуби со примени голови во последната четвртина од натпреварот.Очигледно е дека силата е доволна за 60тина минути.Со овој пораз,Победа влегува во зона на табелата која не е посакувана на делба на претпоследното место со Македонија Ѓ.Петров и Беласица,а со само 3 бода повеќе од последниот Силекс,а треба да се мисли и на наредното коло каде гостуваме на Вардар. Не е ли време стручниот штаб да си поднесе оставки???

    report this review
  • Anynomous
    25 November 2018

    Линк за следење на натпреварите од денешното коло од ПМФЛ..почеток 13ч

    report this review
  • Anynomous
    25 November 2018

    Па немора баш денес да најдува! :)

    report this review
  • Anynomous
    24 November 2018

    Незнаеме уште колку долго ќе биде Шеф на стручен штаб на ФК Победа,со оглед на резултатите на нашиот тим.Со вакви резултати минатите сезони,многу побрзо се менуваа тренерите.Човекот веројатно решил за секој случај и политички да се ангажира за да се заштити при евентуална смена,која може уште на почетокот на нареднава недела да се случи при пораз на Победа во утрешниот дуел од ПМФЛ.

    report this review
  • Anynomous
    23 November 2018

    И ова коло,слично на минатото,останавме без бодови со два лесно примени голови.Првиот по грешка на Тофилоски,а вториот автогол.Може да се заклучи дека играчите неможат да оздржат 90мин.во јако темпо и голови примаме во последните минути. По овој натпревар,Победа се наоѓа на делба на 6то место,со ист број на бодови со Беласица и Македонија Ѓ.Петров и сега поблиску е дното од врвот,затоа што Шкупи има само еден бод помалку,а е на 9та позиција. Со оглед на распоредот кој го имаме до крај на есенскиот дел од ПМФЛ, може лесно да се случи да завршиме на дното..нешто што никој не го посакува,се разбира!!! Играме прво со Шкендија, на "домашен" терен на игралиштето во Турново(кое патем,денес видовме дека нуди полоши услови од стадионот "на Могила"), па гостуваме "на Маџари" на Вардар и после ќе бидеме "домаќини" на Македонија Ѓ.Петров, којзнае на кој стадион. Тежок распоред, но јунаците на тешко се познаваат..со Шкендија ни оди, кај Вардар "не цветаат рози", а Ѓорче-вци може да се победат..па да посакаме со добра игра и малку повеќе среќа, на крајот на есенскиов дел да бидеме блиску до 3та позиција и подалеку од дното на табелата!

    report this review
  • Anynomous
    22 November 2018

    Линк за следење на натпреварите од денешното коло од ПМФЛ. Нашиот клуб игра против Академија Пандев на игралиштето "Кукуш" во Турново,кое ФФМ сеуште го води како "стадион". Со оглед на временските прилики деновиве, очекуваме теренот на игралиштето да е во "беспрекорна" состојба и да има "одличен" фудбал!!!

    report this review

Rate & Write Reviews