About

Официјалната FB страница на Филозофскиот факултет - Скопје, првата високоoбразовна институција во Република Македонија. http://www.fzf.ukim.edu.mk

Tags : #PublicSchool, #CommunityCollege

Location :
Goce Delchev Blvd. 9A, 1000 Skopje, Republic of Macedonia

Opening Hours

  • Monday 08:00 - 20:00
  • Tuesday 09:00 - 20:00
  • Wednesday 09:00 - 20:00
  • Thursday 09:00 - 17:00
  • Friday 07:00 - 20:00
  • Saturday 07:00 - 17:00
  • Sunday -

Description

Филозофскиот факултет во Скопје, првата високошколска установа во современата историја на Македонија, бил основан по завршувањето на Првата светска војна, во 1920 година. Со неговото отвοрање биле поставени темелите на модерниот универзитетски живот во Република Македонија.
Најголемиот успех на оваа институција се генерациите млади луѓе кои своето образование ни го доверуваат нам и се носители на развојот на образовниот систем во нашата земја и самото општеството. Тука се 18235 дипломирани студенти, специјалисти, 759 магистри, 358 доктори на науки, десетици академици, уметници и сл.
Традиција е долга, а предизвиците поголеми. Мисијата продолжува.
Во 1946 со закон на Владата на Р. Македонија е основан Филозофскиот факултет, како прва единица на првиот македонски универзитет.
Филозофскиот факултет е член на семејството на модерни високо-образовни институции на единствениот европски образовен простор во согласност со тн. Болоњски процес.
Со 15 студиски програми на прв циклус, 23 студиски програми на втор циклус, 10 студиски програми на трет циклус на студии, Филозофскиот факултет се вбројува во редот на најразгранетите членки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има 11 институти: филозофија, педагогија, историја, историја на уметност и археологија, класични студии, психологија, социологија, безбедност одбрана и мир, социјална работа и социјална политика, дефектологија, и родови студии. 11 библиотеки со преку 1000000 книги.
Филозофскиот Факултет денеска има развиена меѓународна соработка со околу 40 странски универзитети. Има изграден сопствен информатички систем и мрежа, неопходни за вклучување во европскиот простор на високото образование.
Денес на Филозофскиот факултет во Скопје наставно-образовната и научноистражувачката работа се остварува на единаесет посебни институти:

– Институт за филозофија
– Институт за педагогија
– Институт за историја
– Институт за историја на уметноста и археологија
– Институт за класични студии
– Институт за психологија
– Институт за социологија
– Институт за безбедност, одбрана и мир
– Институт за социјална работа и социјална политика
– Институт за дефектологија
– Институт за родови студии