• Delete
  • Edit

About

Еуролинк Осигурување / Eurolink Osiguruvanje is located at Никола Кљусев бр. 2, 1000 Skopje. They can be contacted via phone at +389 2 3289399, visit their website www.eurolink.com.mk for more detailed information.

Мој живот. Мое осигурување.

Tags : #InsuranceCompany

Location :
Никола Кљусев бр. 2, 1000 Skopje
Added by Jopie, at 08 October 2018

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Еуролинк Осигурување / Eurolink Osiguruvanje

Description

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ од своето основање бележи исклучителни деловни резултати изразени преку континуиран и значителен пораст на полисираната премија и на учеството на пазарот на осигурување во земјата. Доказ повеќе за ова се и над 250 000 корисници на нашите услуги. Низ своето професионално дејствување, Друштвото одржува одлично избалансирано и внимателно избрано портфолио на ризици.
Kомпаративните предности на Друштвото, а тоа се високостручниот човечки потенцијал, повеќе од 300 алтернативни дистрибутивни канали (туристички агенции, банки, автодилери и др.), стручното управување со осигурителните ризици, високо квалитетниот и ефикасен клиентски сервис и најсофистицираната хардвер и софтвер технологија инсталирана во процесите на работење, се фундамент на нашата верба и посветеност кон натамошен успешен развој.
Брзото, навремено и ефикасно решавање на штетите кои настанале од осигурените ризици е главната стратегиска цел на Друштвото и негов препознатлив знак.
Оваа цел Друштвото, ја остварува преку олеснет начин на пријавувањето на штетите и постапката околу набавување на потребната документација, како и информирање на странките за целокупниот процес на решавање на штетите.
Навремената и стручна проценка на штетите, кусиот временски рок потребен за нивно решавање, правилното утврдување на фактичката состојба и правилното оценување на сите околности на конкретниот случај претставуваат основа за донесување на правилна и законита одлука.
Со брзиот и едноставен начин на остварување на правата на осигурениците, нивно известување за одлуката и давање правна поука за постапување по истата, се изразува почитта кон нив и професионалниот однос кон работата.
Со ваквиот начин на работење на Друштвото обезбедува навремено исполнување на обврските, правилно обештетување на осигурениците и оштетените лица со стремеж за задоволни клиенти како крајна цел во односите со осигурениците и пошироката јавност.
Еуролинк Осигурување е лидер во промоција на иновативни продукти и се етаблира на македонскиот осигурителен пазар со вреднуван имиџ на сигурна и стабилна компанија што ги исполнува своите ветувања. Со изборот на Еуролинк Осигурување клиентите добиваат комплетна заштита за највредните нешта во животот.

Add missing information

Add email
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

11 Reviews

  • Anynomous
    28 November 2018

    За здравјето нема компромис! – прочитајте повеќе за предностите и придобивките од приватното здравствено осигурување на Еуролинк во интервјуто на Марија Томеска, Претседател на Управен одбор на Еуролинк осигурување за магазинот Економија и бизнис.

    report this review
  • Anynomous
    26 November 2018

    Според одговорите од анкетата повеќе од 80% сметаат дека е важно вработените да имаат приватно здравствено осигурување. Споделуваме со вас сведоштво на корисници на Еуролинк приватно здравствено осигурување за вработени.

    report this review
  • Anynomous
    23 November 2018

    Дали сметате дека е важно за вашата компанија вашите вработени да имаат приватно здравствено осигурување?

    report this review
  • Anynomous
    15 November 2018

    „Поставете си ги целите повисоко отколку што можете да видите”, вели дваесет и петгодишната Маја Вељанова, една од корисниците на 130 стипендии на Еуролинк осигурување наменети за студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

    report this review
  • Anynomous
    12 November 2018

    “Стипендирањето од „Еуролинк осигурување“ за нас студентите беше зрак на надеж кој ја врати вербата дека образованието има смисла”, вели 24-годишниот Златко Јакимовски, кој како студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ три години бил стипендист на Еуролинк осигурување.

    report this review
  • Anynomous
    09 November 2018

    „Стипендијата на ‘Еуролинк’ за најталентираните студенти од Правниот факултет е една од најубавите можности што се нудат во текот на студирањето. Јас бев нејзин добитник две години по ред, за време на моите мастер студии, и токму тие средства ми овозможија да си го надоградам сопственото образование преку снабдување со квалитетна, стручна литература и учество на дополнителни обуки и школи во странство. Дополнително, самиот факт дека токму вие сте избрани од голем број студенти, влијае и на идниот работодавец и му кажува многу за вашите способности“, вели Ангела Јанкоска.

    report this review
  • Anynomous
    07 November 2018

    Избрани стипендистите на Еуролинк стипендија за 2018 година

    Почитувани, Со големо задоволство ја објавуваме петтата генерација на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, стипендисти на Еуролинк стипендија. Веруваме дека оваа стипендија ќе претставува дополнителен поттик за што поуспешно да ги завршите своите студии со висок успех, да ги изградите своите кариерни патишта и да го дадете својот придонес во градење на среќн...о и праведно општество. Им честитаме на:

    Стипендисти на додипломски студии: 1. Анита Николовска 2. Никола Василкоски 3. Антоанета Ристоска 4. Драгана Бојковска 5. Анастазија Велкова 6. Алмира Фасљич 7. Ема Стојановска 8. Марија Аврамовска

    Стипендисти на постдипломски студии: 1. Вилдан Дрпљанин 2. Петар Митрески 3. Ангел Симов 4. Вангел Ѓорѓиев 5. Иљир Бафтијари 6. Магдалена Недановска 7. Ивана Ужевска 8. Кристијан Милошевиќ 9. Александра Готиќ 10. Ениса Рами 11. Емилија Симовска 12. Лејла Тутиќ 13. Кристина Јакимовска 14. Филип Јовиќ 15. Беба Жагар 16. Атанас Аврамов 17. Оливера Ѓорѓиева 18. Тамара Јовановиќ 19. Горазд Ралев 20. Христијан Кипровски 21. Надица Упчева 22. Ивана Балтовска

    Одборот за доделување на „Еуролинк стипендија“ во состав: г-ѓа Олга Костовска - Претседател на надзорен одбор на Еуролинк осигурување, проф. д-р Неда Здравева продекан на Правен факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Ирена Рајчиновска - Пандева продекан на Правен факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, доцент д-р Ана Чупеска - Станишковска, доцент д-р Александар Спасов, ја направи селекцијата на овогодинешните апликанти по претходно зададени критериуми. Еуролинк осигурување веќе петта година по ред ја реализира програмата за стипендирање на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, како дел од платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“. Висината на стипендијата за додипломски студии изнесува 40.000 денари, додека висината на стипендијата за постдипломски студии изнесува 60.000 денари и е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    30 October 2018

    М-р Марија Томеска, Претседател на Управен одбор на Еуролинк осигурување беше дел од Конференцијата за е-трговија и говорник на панел дискусијата "Иднината на е-трговијата како продажен канал за гигантите на пазарот". Таа ги претстави ставовите и искуствата на Еуролинк осигурување како прва осигурителна компанија во Македонија која нуди онлајн купување и плаќање на полиси за осигурување преку својата веб продавница и преку мобилната апликација. “Веруваме дека иднината на купувањето на сите продукти, па и на осигурувањето е целосно дигитална, а ние како компанија сме целосно подготвени да ја пресретнеме” – изјави Томеска.

    report this review
  • Anynomous
    24 October 2018

    Кај нас можете да креирате пакет осигурувања според потребите на вашиот бизнис. Нудиме комплексни осигурителни решенија во случај кога стандардните покритија не се доволни.

    report this review
  • Anynomous
    19 October 2018

    Дали знаете дека колективното приватно здравствено осигурување на Еуролинк им помага на современите компании да ги мотивираат своите вработени. Погледнете сведоштво на дел од нашите клиенти.

    report this review
  • Anynomous
    15 October 2018

    Креативните одговори на прашањето „што е сигурност во домот“ продолжија и понатаму на Саемот за мебел, а како најинтересни, во изминатите денови изненадување добија Григориј Јовановски, Ива Петроска, Милена Нуткова, Горан Станковиќ, Џани Манев, Александар Вељанов, Елена Велевска, Лилјана Ачковска, Сара Калачевска, Александар Илиќ, Деса Костадиноска, Александар Петров, Тања Сибиновска, Ева Наумческа, Зорица Костадинова, Јована Петровска и Горица Стефанова. Ви благодариме на сите за учеството, а добитниците ќе бидат контактирани веќе од утре. Честитки 🎁

    report this review

Rate & Write Reviews