Англискиот паб “Corner” се наоѓа во непосредна близина на Хотел Кратис и истовремено е во најстрогиот центар на Кратово. Овој по многу нешта уникатен објект ги спојува традицијата на старите Англиски пабови, со античкото минато на градот и архитектурата од камен, каректеристична за објектот во кој е сместен овој паб.
Традиционалната Македонска кујна, испреплетена и модифицирана со европски примеси гарантира несекојдневно уживање во овие специфични и избалансирани вкусови на храна која се конзумира во објектот. Надалеку познатата Кратовска пастрамајлија се спрема и сервира на неколку начини, што персоналот со гордост ке ви го презентира при вашата посета, и е посебна атракција на пабот.
Повеќе од 30 точени и флаширани пива, асортиман на вина и ракии, и разновидни безалхохолни пијалоци само ја збогатуваат понудата на овој угостителски објект, кој што со својот прекрасен ентериер, и врвна услуга ке ви овозможи извонредни моменти при посетата на Кратово.
No reviews yet. Be the first to add a review.