Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн. Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн.
Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти.
Погледнете ја референтната листа на Енергија ДОО и поголемите проекти кои ги имаме реализирано.
TOSHIBA - успешна приказна На почетоците на индустрилизацијата во претходниот век и Јапонија почнуваше да фаќа чекор со светот па така во 1939 година, две мали компании една за производство на електрични светилки (Tokyo Electric Company) и друга за производство на високо напонска опрема (Shibauro Electric Company) решија да се спојат и да ја основаат ТОKYO SHIBAURO Electric Company. Уште на почетокот на вработените повеќе им се допаѓаше името на компанијата да биде TOSHIBA, за во 1978 година ова име и официјално беше претставено. Силниот економски раст по завршувањето на Втората светска војна ги поттикна јапонските компании да ги следат американските трендови, меѓу другото и во производството на клима уреди. Веќе во 1950-та година, првиот јапонски произведен клима уред излезе на пазарот и доби пофалби за своите иновации. Во 1961-та година TOSHIBA го претстави на светот првиот сплит клима уред, каде во затворен систем внатрешната и надворешната единица се поврзани само со бакарни цевки. Во 1982-ра година TOSHIBA го произведе првиот СПЛИТ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД во светот додека во 1988-ма година првиот СПЛИТ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД СО TWIN ROTARY КОМПРЕСОР во светот. Ова на TOSHIBA му ја даде улогата на „светски иноватор“ и затоа денес води на пазарот како бренд кој нуди бенефит за луѓето и животната средина со своите иновативни пронајдоци.
Дознајте повеќе на energija.com.mk
Среќна Нова Година и Божиќни празници ви посакува тимот на Енергија! 🎉
Дојдете утре за да дознаете нешто повеќе за GEFF програмата, бенефициите од истата и како да инвестирате во енергетско-ефикасни технологии.
Се гледаме на саемот на градежништво - Технома со почеток во 12:00 часот.
ЕНЕРГИЈА доо - овластен дистрибутер на светските лидери за климатизација Carrier и Toshiba имаат потреба од:
- Дипломиран Машински Инженер
Потребни Квалификации - Машински Факултет - насока Термотехника се смета за предност - Англиски јазик - Работа со компјутер (Microsoft Office, Autocad) - Возачка дозвола Б категорија - Работно искуство во областа на климатизација се смета за предност
Опис на работни задачи: - Професионален однос со клиенти за изнаоѓање решенија од HVAC областа. - Креирање технички решенија и обработка на понуди во областа на централните системи за греење, климатизација и за вентилација. - Надзор при изведување на работите во однос на квалитет, вградени материјали и на опрема, а врз основа на важечките прописи и технички стандарди. - Организација, учество и контрола при изведба на работи и при монтажа на терен. - Изработка на предмери за барање понуди и обработка на добиените понуди за избор на опрема. - Следење и примена на нови технологии.
Конкурентска предност за работната позиција: - Желба за работа во средина со високи барања. - Одлични комуникациски и организаторски способности. - Динамичност, ефективност и ефикасност. - Флескибилност и адаптибилност. - Посветеност, мотивираност, иницијативност. - Тимска работа и кооперативност. - Решавање на проблеми.
Апликациите се доставуваат само на email info@energija.com.mk Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
Честит Илинден од тимот на Енергија!
Одберете го најдоброто решение за вашиот дом. Најнова технологија, Wi-Fi можност за управување, тивок режим на работа, функција на самочистење и многу други опции, за полесно и поекономично греење и ладење.
Ние ви нудиме различни решенија за различни потреби. Посетете не во нашиот салон на ул.Лондонска 1А, Скопје
Прочитајте нешто повеќе за користењето на топлинските пумпи. 👇