• Delete
  • Edit

About

Центар за гитара Edu Guitar is a school, located at Културен Центар Антон Панов, 2400 Strumica. They can be contacted via phone at 077 487 122, visit their website www.eduguitar.jimdo.com for more detailed information.

Центарот за гитара и музичка едукација врши професионална едукација за гитара со музичка писменост.

Location :
Културен Центар Антон Панов, 2400 Strumica
Added by Jopie, at 27 December 2017

Opening Hours

  • Monday -
  • Tuesday -
  • Wednesday -
  • Thursday 14:00 - 19:00
  • Friday 14:00 - 19:00
  • Saturday 09:00 - 18:00
  • Sunday -

Description

Центарот за гитара и музичка едукација Edu Guitar започнува со работа од 1ви септември 2015г. Едукацијата ја води Македонка Ичева Ангелова која во 2014та година дипломираше на факултетот за музичка уметност во Скопје отсек гитара во класата на проф. Тања Јанкова. Центарот за едукација нуди можност за два отсека а тоа се класична гитара и популарна гитара. Во отсекот класична гитара се изучуваат три предмета а тоа се класична гитара, музичка теорија и солфеж додека во отсекот популарна гитара се изучуваат популарна гитара и пеење. Едукацијата во овој центар е одлична можност за оние кои сакаат да почнат да се запознаваат со гитарата како и за оние кои сакаат да се усовршуваат. Со едукативниот план и програм се стекнува квалитетно основно знаење по класична или популарна гитара. Времетраењето на курсот за класична гитара е четири години додека за популарна гитара е три години. Учениците во отсекот класична гитара месечно добиваат 16 часови а во популарна гитара 12 часови. Двапати годишно се предвидени концерти а веќе во третата година од курсот учениците кои напреднале имаат можност да се пријават на државен натпревар каде се натпреваруваат деца од цела држава кои следат основно музичко образование. На крајот од секоја година учениците се здобиваат со сертификат за завршена година додека на крајот од целиот курс добиваат диплома како и подршка за запишување средно музичко училиште доколку тоа го сакаат. Исто така центарот стои на располагање за припрема на приемни испити како и припрема за аудиции и секакви натпревари и музички манифестации.

Add missing information

Add email
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

9 Reviews

  • Anynomous
    08 February 2019

    Центар за гитара и музичка едукација EDU GUITAR организира концерт по повод денот на вљубените Св. Валентин. Срдечно Ве покануваме да уживате во звуците на гитарата и да ги поддржите нашите ученици кои трудољубиво работат и се посветени на својот инструмент збогатувајќи ја културата во нашиот град и пошироко.

    report this review
  • Anynomous
    28 October 2018

    Првите часови во Културниот Центар Антон Панов Струмица. <3

    report this review
  • Anynomous
    09 October 2018

    Досега за овие 3 години имаме реализирано 8 успешни концерти на кои настапуваа над 15 ученика солистички и во групи, еден фестивал ВЕЧЕР НА ГИТАРАТА И АВТОРСКАТА ПЕСНА, два натпревари за гитара на државно ниво на кои имавме учесници и од други градови и дури 55 ученика од кои сите ги научија најважните основни познавања за популарна гитара и музичка теорија.Издадовме албум со авторски песни на наши ученички и оставривме соработка со други две приватни музички училишта My Music од Скопје и Таушанов од Радовиш. За сите овие достигнувања се заслужни нашите ученици и посветеноста кон нив. Нивните успеси се и наши.

    report this review
  • Anynomous
    03 September 2018

    EDU GUITAR им посакува успешен почеток на учебната година на сите ученици! Уживајте во звуците на гитарата и развивајте се во вистински креативни уметници! <3

    report this review
  • Anynomous
    14 July 2018

    НАЧИН НА РАБОТА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ГИТАРА

    СТЕПЕНИ ИСПИТИ СЕРТИФИКАТИ И ДИПЛОМА Ученикот за да го заврши целиот курс потребно е да усвои 8 степени на знаење кои се утврдени според наставниот програм и план на Центарот. Секој степен се стекнува индивидуално (временски неограничено) и се полага испит за истиот. Испитите се закажуваат по договор помеѓу професорот и ученикот. Откако ученикот ќе усвои степен добива право на сертификат за завршен степен. Откако ученикот ќе ги усвои сите

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    15 June 2018

    Повелете на седмиот концерт на кој ќе настапат дел од учениците на Центар за гитара и музичка едукација Edu Guitar. Ве очекуваат многу прекрасни популарни композиции! Влезот е бесплатен и отворен за сите.

    report this review
  • Anynomous
    16 May 2018

    На 12 мај 2018 се одржа натпревар за гитара во организација на Центар за гитара и музичка едукација EDU GUITAR на кој зедоа учество 25 ученика од југоисточна Македонија. Нашето училиште се здоби со следниве награди и признанија - Ана Кацурова, Сара Илиева и Тамара Томова специјална награда во групна изведба - Сара Малчева, Софија Весева, Симона Весева и Вероника Стојанова прво место во групна изведба - Мите Тантушев, Марија Динова и Павел Божинов прво место во соло изведба - Кристина Танева и Анела Николова второ место во групна изведба - Тина Манасиева и Симона Јанева второ место во групна изведба - Вероника Ристова второ место во соло изведба Им честитаме и им посакуваме уште поголеми успеси со нивните гитари!

    report this review
  • Anynomous
    09 January 2018

    ПОВЕЛЕТЕ

    report this review
  • Anynomous
    03 January 2018

    Среќни Божиќни и Новогодишни празници!

    report this review

Rate & Write Reviews