EATALIAN е прв концепт на понуда на деликатесни производи од исклучиво италијанско заштитено географско потекло.
Мисијата на EATALIAN е да се доближи на македонскиот потрошувач со префинет вкус дел од италијанскиот животен стил.
Италијанците се љубители на убавото и ја бараат убавината насекаде: во архитектурата, во уметноста, во дизајнот, во гардеробата, но најмногу во добрата храна и пијалок. За нив тоа е секојдневие, а секојдневието е убаво кога денот ќе им почне со едно одлично еспресо додека го читаат утринскиот весник, паузата за ручекот е сочинета од перфектна паста “ал денте” со домати од јужна Италија и една чаша вино во блискиот ресторан до работа, попладнето е за аперитив со пријателите и весели разговори додека дегустираат чаша пенливо вино Франчакорта, мезат со Таџаска маслинки, мињон артичоки во балсамико, кулатело и топла фокача.
А вечерата е нешто лесно како рижото карнароли со шафран во домашна атмосфера или пак се препуштаат на советите на куварот во некој типичен ресторан, не за туристи, туку ресторан кои само италијанците го познаваат. Таму внимателно го слушаат новитетот за таа недела, учат и го пробуваат специјалитетот: кампоти полнети со моцарела и инчуни, похувани и пикантно прелиени со гласа од барикно балсамико, декорирано со цвет од капери и полусушени жолти шери домати. Виното е италијаснко, а водата лесна и олигоминерална.
И да... за Италија важи поговорката “На маса не се старее” и “ Апетитот доаѓа јадејќи”, јадењето и пиењето е животен стил, се' се дегустира полека и во се' ужива.
Ние од Eatilan веруваме во истото и преку нашите производи создаваме единствено искуство и уживање.
EATALIAN Food. Drinks. Experience.
#pastadimartino #gragnano #pastadigragnano
Сакате да ја изненадите саканата личност со врвна романтична вечера? :) Кај нас ќе ги најдете сите потребни состојки со заштитено италијанско географско потекло.
"Паста ал помодоро" - традицијата на Италија.
Pastificio dei Campi Robo - Specialità alimentari
Сос Аматричана - димена сланина и сочни домати. Овој традиционален италијански сос е одличен во комбинација со букатини, шпагети или лингуине.
Страста за производство на врвни тестенини ја испишува историјата на семејството Ди Мартино, сопственик на овој бренд уште од 1912-та година. Тајната на овие исклучително квалитетни тестенини се крие во знаењето како умешно да се комбинира традицијата, модерната технологија и изборот на најквалитетните суровини. Содржат 14% протеини, со што се вбројува во висококвалитетните брендови, за разлика од индустриски произведените тестенини.
Дивиот црвен ориз одговара како додаток во храна со силни вкусови, со риба или зрнеста храна. Богат е со растителни влакна и е многу хранлив. Зрното е средно долго, со фина црвена боја. Содржи висок процент на антиоксиданти и е лесно сварлив. Можете да го најдете во нашата продавница за 100% италијански производи, на ул.Златко Шнајдер бр.6, позади Млин Балкан.
Eatalian е прв концепт на понуда на деликатесни производи исклучително од италијанско заштитено географско потекло. Мисијата на Eatalian е да допре до македонскиот потрошувач со префинет вкус – неизоставен дел од италијанскиот животен стил. Повелете и посетете не на ул.Златко Шнајдер бр.6 позади Млин Балкан и одберете ги најквалитетните производи за вашите италијански специјалитети.
Тестенините Dei Campi поседуваат сертифкат 100% Made in Italy кој гарантира дека сите состојки, целокупното производство и пакувањето се прават и изведуваат во Италија.
Што ги прави тестенините Pastificio dei Campi толку посебни? :) Произведени се со примена на античкиот тригодишен систем на култивација на житото, користејќи бронзени калапи, со употреба на вода исклучиво од изворот Монте Латари (Грањано) и сушени на природен начин. Се произведуваат во ограничени количини и се наменети за најстрасните вљубеници во италијанската храна.
"Gemma Nera" е уникатен производ на "Toschi" од Модена. Достапен во пакување од 250 гр, премиум балсамико оцетот е неизоставен дел од секоја гурманска трпеза.
Вистинско италијанско рижото подготвено дома со 100% италијански состојки? Да, и тоа е можно единствено со уникатните производи од Eatalian кои се оригинални и со заштитено географско потекло.
Пастата Dei Campi поседува сертификат 100 % Made in Italy кој гарантира дека сите состојки, цело производство и пакување се направени и изведени во Италија.
Зошто нашата паста е уникатна? Користиме 3 годишен систем на култивација и природно сушење, пастата содржи повеќе од 14% протеини добиени на природен начин и помал процент на глутен од другите слични производи. За подготовка се користи најдоброто тврдо италијанско жито и вода од изворите на Монти Латари. Уште една уникатна карактеристика за нашата паста е тоа дека е рачно пакувана.
ROBO “LE SELEZIONI” PEPERONCINI AL TONNO - МИНИ БАБУРИ ПОЛНЕТИ СО ТУНА Кружни мини-бабури кои според типичен рецепт од Калабрија се полнети со туна, инчуни и капари. Пикантни и рачно подготвени, одлични се како аперитив, или во комбинација со сирења и сувомеснати производи.
Шпагетите се дел од најтрадиционалните форми на италијански тестенини. Одлично се комбинираат речиси со секој тип на сос. Секогаш актуелни, и секогаш дел од италијанската кујна се класичните Spaghetti al Pomodoro (шпагети во доматен сос).
Со овој пакет од Eatalian ќе заштедите, и воедно ќе добиете 100% италијански производи со врвен квалитет. Искористете ја оваа новогодишна понуда и по промотивна цена купете паста Mischiato Potente di Gragnano, Pesto Genovese, филети од туна, сушени домати во масло и Ragu' alla Bolognese.
Новогодишните пакети можете да ги најдете во нашата продавница која се наоѓа на улица Златко Шнајдер бр.6, позади клиниката Млин Балкан!