DSZ Akademie е водечка германска компанија на полето на тренинг и развој на човечки ресурси.
Доколку сте медицинска сестра/техничар со универзитетска диплома и сакате своето професионално знаење и способности да ги искористите во германска медицинска установа, сигурно сте заинетесирани за нашата понуда.
Во соработка со најголемите германски болници, клиники, рехабилитациони центри и старечки домови, DSZ Akademie Ви нуди можност која ги опфаќа сите чекори при носењето на една ваква голема животна одлука.
Што Ви нудиме:
• Бесплатен интензивен курс по германски јазик до ниво Б2 во соработка со реномираниот Германски јазичен центар од Скопје.
• Бесплатен краток подготвителен курс за полагање на професионален испит во Германија, потребен за добивање на германска лиценца за работа,
• Гарантиран договор за работа од германска болница, клиника, рехабилитационен центар или старечки дом, по успешно завршување на курсот по германски јазик и подготовката за професионален испит,
• Целосна поддршка при аплицирање за професионална лиценца и работна виза,
• Можност за кредитирање на Вашите идни трошоци, како што се испитни такси или трошоци за пат и сместување во Германија за полагање на професионалниот испит.
Почитувани, би сакале да ве известиме дека DSZ Akademie е на колективен одмор, до 13ти август.
Се враќаме со нови сили и започнуваме со работа на 15ти август во Скопје, а на 16ти во Тетово.
Сите вие кои не сте исконтактирани, пишете ни уште еднаш порака, а со останатите, се гледаме на наведените термини.
...Поздрав
See MoreПочитувани, би сакале да ве информираме дека ќе почнеме од среда со формирање на новите групи, така што сите вие кои ни оставивте контакт телефони, ќе ве исконтактираме и ќе се слушнеме за сите детали. Сите останати што сте заинтересирани, ве очекуваме да ни пишете.
Ваша, DSZ Akademie
Денес на Државниот факултет во Тетово ја одржавме втората презентација на проектот! Наидовме на огромна заинтересираност, кандидатите разговараа со координаторите од кај нас и со директорката на Декра Албанија, Jonida Bushi и ги добија одговорите на сите прашања кои ги интересираа. Добивме околу 50 пријави и ве очекуваме до следниот петок да го најавите своето присуство доколку сакате да се вклучите во проектот.
На 12ти јуни одржавме повеќе од успешна презентација во Скопје, на Европскиот универзитет. На наше огромно задоволство, огромен број на кандидати изразија интерес да дознаат повеќе околу критериумите и деталите на обуката, а 100 кандидати веднаш се регистрираа. Нашиот тим одговори на сите прашања кои ги имаа, директорката на Декра Албанија, Jonida Bushi, ги пренесе позитивните искуства и Билјана Стојановска, како успешен пример на наш кандидат кој веќе се подготвува за работ...а во Германија, успеа на присутните да им ги пренесе своите лични искуства.
Ви благодариме на сите за присуството, ве очекуваме до следниот петок да го најавите своето присуство на обуката.
Почитувани кандидати од Тетово, ве очекуваме утре, на 13ти јуни на Државниот Медицински факултет.
See More