Lighting Store
и бараме новите сопственици на нашите омилени: црниот, сребрениот и златниот „Молекул“. Отсега со попуст од 25%. Едноставно неверојатно :-) !
Да Ви се пофалиме со новата колекција на лустери изработени во комбинација на масивно дрво со стакло, во различни форми и со различен број на чашки. На фотографија се убави, во живо се прекрасни. Повелете да ги погледнете во нашиот салон :-)
Подготвувајќи се за пролетното реновирање, не заборавајте на светилките. Од 2ри до 9ти април, ние му помагаме на семејниот буџет со попустите од 10% до 40%. Ве очекуваме ние, но посебно нетрпеливи се подните и столните ламби со абажур :-)
Железото и стаклото изведени во модерен и едноставен дизајн внесуваат специфичност во Вашиот ентериер. Со вистинската комбинација од два или повеќе вакви лустери, во различна форма или колорит дишат единствено храбро дизајнираните домови. Како и да се решите, нека биде со Ваш печат :-)
New Golden model
На сите Вас храбрите и на Вас малку плашливите; на Вас среќните и на Вас нешто меланхоличните; на Вас исполнетите и на оние кои сè уште се бараат себеси; на Вас дарежливите и на Вас помалку дарежливите; на Вас гласните и на Вас молчаливите, на сите Вас од сè срце Ви го честитаме Денот на жената. А на Вас кои не го прославувате овој ден, на Вас Ви посакуваме уште еден убав мартовски ден :-)
Меѓу нас и овој лустер, постои неверојатна хемија :-) Дали заради шесте стаклени топки, дали заради прилагодливата висина (300мм./ 500мм./ 700мм.), или заради двете бои на корпусот кои ни се нудат (сребрен или златен), не знаеме. Она што знаеме е дека се вика „Молекул“ и дека е наш фаворит. Дали би сакале токму неговата светлина да ја облагороди Вашата дневна или трпезарија?
Внесете модерен и луксузен изглед во домот со оваа колекција составена од лустер, столни и ѕидни ламби, сите изработени од структуриран метал, надополнет со кристали. Формата ја прави колекцијата специфична и додава на уникатност на амбиентот во кој се наоѓа. Облагородете го својот дом со нивната светлина :-)
Оваа седмица се погриживме за светлината во Вашата трпезарија. Изборот меѓу белиот и црвениот лустер, со дијаметар 400 мм и висина 1000 мм, останува на Вас. Промоцијата важи од денес, 7-ми февруари, до сабота 10-ти февруари. Цената со намаление од 35% е 2500 ден. Облагородете го својот дом :-)