Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година.
Пензионерите кои не оствариле друг доход, освен пензија, се ослободени од било каква обврска кон УЈП поврзана со Годишната даночна пријава.
Со цел да се запази рокот за Регистрација на системот е-Персонален данок, Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани на РМ дека даночните канцеларии на УЈП до 31.12.2018 година ќе работат секоја сабота од 08.30 до 14 часот.
Рокот за поднесување ДДВ-04 пријави се продолжува до 29ти Октомври
Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.
ЦСИ КОНСАЛТИНГ СЕРВИСИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје е лиценцирано друштво согласно Законот за вршење на сметководствени работи. ✅
ОД 1 МАЈ 2018 – ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАКАЖИ СРЕДБА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА УЈП – РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ
Институтот на сметководители и овластени сметководители на својата веб страна објави известување за добиена согласност од Министерството за Финансии за одредени акти кои Институтот е должен да ги донесе а за кои е потребна согласност од Министерството за финансии.
ЦСИ КОНСАЛТИНГ СЕРВИСИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ, има потреба од 2 овластени сметководители ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 1. Минимум 3 години работно искуство во областа на сметководството 2. Познавање на сметководството - Финансиско и материјално работење... - Девизно работење - Изготвување на завршни пресметки - Правилна примена на даночното законодавство 3. Познавање на англиски јазик 4. Поседување на лиценца за овластен сметководител
ПОТРЕБНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Организираност и одговорност Посветеност на работата Навременост во извршување на работните задачи Способност за тимска работа Комуникациски способности Вашата Професионална Биографија (CV), можете да ја доставите на следната e-mail адреса: contact@cs.mk
Напомена: Нема да бидат земени во предвид кандидатите кои немаат лиценца за овластен сметководител.
See MoreПоднесување на годишна даночна пријава до 15 Март
Од 1ви јануари 2018 година се воведе нов начин на пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход врз основа на измените на Законот за персонален данок на доход со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk
На Ваше барање а на наша обврска во секое време Ви обезбедуваме јасен и детален приказ за Вашето тековно работење и постигнати резултати чиј податоци се точни и проверени врз основа на законската регулатива. Дознајте повеќе на: www.cs.mk