• Delete
  • Edit

About

Crispy продавница за здрава храна is a store, located at Nov Pazar , Bitola, 7000 Bitol, Bitola, Macedonia. They can be contacted via phone at 078239330 for more detailed information.

Crispy продавница за здрава и органска храна. Нов пазар Битола на прв спрат од страната на црквата

Tags : #HealthFoodStore

Location :
Nov Pazar , Bitola, 7000 Bitol, Bitola
Contacts :

Added by Jopie, at 12 November 2016

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Crispy продавница за здрава храна

Opening Hours

  • Monday 08:00 - 20:00
  • Tuesday 08:00 - 20:00
  • Wednesday 08:00 - 20:00
  • Thursday 08:00 - 20:00
  • Friday 08:00 - 20:00
  • Saturday 08:00 - 16:00
  • Sunday -

Add missing information

Add email
Add website
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

19 Reviews

  • Anynomous
    28 December 2017

    Спирулината е тип на сино-зелена алга која расте во солени и слатки води. Слично како растенијата, способна е да врши фотосинтеза. Извонредно е богата со хранливи состојки, меѓу кои: протеини (57%), како и витамини Б1, Б2 и Б3, бакар, железо, магнезиум, калиум, манган итн. Ги содржи сите клучни амино киселини потребни на човекот. Спирулината е одличен извор на антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетата од слободните радикали, со што превентивно дејствуваат врз воспале...нија, рак и разни типови заболувања. Главниот антиоксидант во спирулината е т.н. фикоцијанин, кој исто така и ја дава карактеристичната сино-зелена боја. Повеќе студии докажале дека спирулината го намалува нивото на холестерол и триглицериди во крвта, за вредности помеѓу 10 и 20%, со што превентивно делува врз голем број на срцеви заболувања. Покрај тоа придонесува и за намалување на нивото на шеќер во крвта, со што е добар избор за дијабетичари. Исто така постојат докази дека спирулината има превентивно дејство врз некои видови рак, особено орален. Се покажала и како ефективна во намалувањето на покачениот крвен притисок, што е ризик фактор за многу заболувања. Спирулината има и позитивно дејство врз крвта, односно придонесува за зголемување на нивото на хемоглобин, со што делува превентивно врз појава на анемија, и позитивно врз имунолошкиот систем. Покрај тоа се покажало дека помага за зголемување на издржливоста и ги намалува изгледите за воспаление на мускулите.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2017

    Маслинките се богати со витамин Е и други моќни антиоксиданси. Богати се и со минерали како натриум, калиум, магнезиум, железо, фосфор и јод. Претставуваат и добар извор на повеќе видови витамини и амино киселини. Повеќе студи покажале дека истите се добри за срцето и делуваат превентивно врз заболувања како остеопороза и рак. Маслинките го елиминираат вишокот на холестерол во крвта и го регулираат крвниот притисок. Дејствуваат превентивно врз формирање на тромбови во крвта к...ои понатаму може да имаат сериозни последици. Благодарение на железото кое го содржат, делуваат превентивно врз појава на анемија (слабокрвност). Не содржат многу јаглехидрати, а најголем дел од тие кои ги содржат се растителни влакна кои имаат позитивно влијание врз дигестивниот систем. Богати се со полифеноли, кои го намалуваат оксидативниот стрес врз мозокот, така што влијаат позитивно врз мозочната функција и меморијата, како и врз имунолошкиот систем. Маслинките се богати со олеинска киселина, која игра значајна улога во зачувување на здравјето на срцето. Благодарение на неа, маслинките исто така имаат позитивен ефект врз кожата, делувајќи превентивно врз брчките и предвременото стареење. Покрај тоа маслинките влијаат позитивно врз репродуктивниот систем и плодноста, и важат за добар афродизијак.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2017

    Наутот (леблебија) е одличен извор на протеини, здрави масти, растителни влакна, јаглехидрати и повеќе видови витамини и минерали. Поради високата содржина на протеини (26% од препорачаната дневна количина), наутот претставува добра алтернатива за месо кај оние кои се држат до вегетаријанка и веганска исхрана. Исто така наутот содржи значителна количина растителни влакна (околу 50% од препорачаната дневна количина). Растителните влакна го забавуваат варењето на храната со шт...о даваат брзо и долготрајно чувство на ситост, а исто така го регулираат крвниот шеќер, инсулин и липиди, придонесуваат за редовна столица и го намалуваат холестеролот. Сето ова придонесува за одржување на здрава телесна тежина, спречување на срцеви заболувања, како и намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Наутот е богат и со Б витамини, вклучувајќи фолат, рибофлавин (Б2), Б5 и Б6. Фолатот е значајна состојка за здравјето на мозокот и нервниот систем, производството на црвени крвни зрнца, кардиоваскуларното здравје, како и репродуктивното здравје (поради што кај бремени жени се препорачува редовно конзумирање на фолат, односно фолна киселина). Наутот исто така содржи: витамин Ц, калциум, калиум, молибден, фосфор, железо, цинк, магнезиум итн. Железото е клучно за одржување на здраво ниво на хемоглобин во крвта, а со тоа и превенција на анемија. Исто така игра значајна улога врз метаболизмот и производството на енергија. Калиумот е значаен за градење мускулна маса, како и регулирање на пулсот и крвниот притисок. Магнезиумот, фосфорот, калциумот, цинкот и други елементи, придонесуваат за градење и одржување на структурата и цврстината на коските.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    25 December 2017

    Иако имаат пониска содржина на растителни влакна од повеќето јаткасти плодови, индиските ореви се одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси, меѓу кои: витамин Е, К и Б6, бакар, фосфор, цинк, магнезиум, железо и селен. Како и повеќето јаткасти плодови, индиските ореви го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, со тоа што го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Не содржат холестерол, а се богати со масти кои се здрави за срцето, како и протеин...и. Меѓу нив е аргининот, кој има заштитна улога врз ѕидовите на артериите. Бакарот и железото кои ги содржат имаат комбинирано дејство врз создавањето и искористувањето на црвени крвни зрнца, што понатаму придонесува за правилна функција на крвните садови, нервите, коските и имунолошкиот систем. Индиските ореви содржат високи количини на лутеин и зеаксантин, кои со редовно внесување имаат антиоксидативно дејство. Овие состојки ги штитат очите од предвремено стареење, а исто така го намалуваат ризикот од појава на катаракта, а покрај тоа имаат превентивно влијание врз некои видови рак.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    25 December 2017

    Богато со јаглехидрати, сувото грозје претставува одличен брз извор на енергија. Исто така, благодарение на растителните влакна, има многу позитивен ефект врз здравјето на дигестивниот систем и се препорачува за одржување редовна столица. Јадењето суво грозје го потиснува размножувањето на штетни бактерии во устата и помага во спречувањето на кариес, гингивитис и расипување на забите. Доколку обожавате благи работи, сувото грозје е добра здрава алтернатива во споредба со пове...ќето слатки кои имаат негативно влијание врз здравјето на забите. Сувото грозје содржи значителни количини на калиум и магнезиум, два моќни минерали познати по нивниот придонес во намалувањето на крвниот притисок и холестеролот. Исто така тоа е добар извор на калциум, кој е клучен за здравјето на коските и делува превентивно врз заболувања како остеопороза. Сувото грозје содржи елементи кои имаат антибактериски и антивоспалителни својства и го штитат телото од инфекции. Покрај тоа богато е со полифеноли, витамин А, бета-каротен итн, кои што имаат позитивно дејство врз видот и ги штитат очите од предвремено стареење и катаракта. Богато е и со железо, кое што е клучно за производството на хемоглобин во крвта, заради што истото е многу препорачливо за лица со анемија.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    22 December 2017

    Хељдата е добра безглутенска замена за житарки, бидејќи самата по себе не е житарка, но може да се употребува на сличен начин. Покрај вообичаената сурова форма, може да се употребува сомелена како брашно или во вид на тестенини. Главната компонента на хељдата се јаглехидратите, меѓутоа се карактеризира со низок гликемичен индекс. Содржи значително количество на растителни влакна кои имаат позитивно влијание врз дигестивниот систем, а во случајот со хељдата, особено врз дебело...то црево. Исто така содржи протеини, како и повеќе видови минерали и антиоксиданси. Нејзината хранлива вредност е значително повисока од повеќето житарици. Богата е со амино-киселини, особено лизин и аргинин. Во однос на содржината на минерали, најбогата е со: манган, бакар, магнезиум, железо и фосфор. Покрај тоа што е добра како безглутенска алтернатива, хељдата е препорачлива и за дијабетичари, поради нискиот гликемичен индекс и позитивниот ефект при регулирањето/намалувањето на шеќерот во крвта. Хељдата има позитивно влијание и врз здравјето на срцето, бидејќи има превентивен ефект врз формирањето на тромбови, и ги намалува воспаленијата и високиот крвен притисок, а исто така го регулира и нивото на липиди во крвта.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    21 December 2017

    Оревите се богати со омега-3 масни киселини и содржат поголеми количини на антиоксиданси од повеќето продукти. Јадењето на ореви ја подобрува функцијата на мозокот и расположението, а исто така има превентивно дејство врз срцеви заболувања и некои видови на рак. Во најголем дел оревите се состојат од здрави масти (65%) и мали количини протеин (околу 15%). Имаат ниска содржина на јаглехидрати, од кои најголем дел се растителни влакна. Високата содржина на овие масти ги прави о...ревите одличен извор на енергија, а исто така придонесува за подобрено здравје на срцето. И покрај високата калоричност тие не предизвикуваат зголемување на телесната тежина и со тоа се добар додаток во секоја диета. Покрај горенаведеното, оревите се одличен извор на повеќе витамини и минерали, меѓу кои: фолна киселина, бакар, фосфор, витамин Б6, манган, витамин Е итн. Исто така се еден од најбогатите извори на повеќе видови антиоксиданси.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    20 December 2017

    Нискокалорична и истовремено богата со хранливи состојки, леќата претставува одличен додадок во секој здрав режим на исхрана. Расте во мешунки и може да се сретне во повеќе бои, како црвена, кафена, црна и зелена. Леќата помага за намалување на холестеролот бидејќи содржи високи количества на растворливи растителни влакна. Со намалување на холестеролот се намалува и ризикот од срцеви заболувања бидејќи се спречува замастувањето на артериите. Покрај тоа леќата е добар извор на... фолат и магнезиум, кои исто така придонесуваат за добра работа на срцето. Растителните влакна со кои изобилува леќата ја подобруваат работата на дигестивниот систем. Истите ги “заробуваат” јаглехидратите, со што го забавуваат варењето и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Ова е од особено значење за личности кои се справуваат со дијабетес, отпорност на инсулин или хипогликемија. Високата содржина на протеин ја прави леќата одличен протеински извор за вегетаријанци и вегани. Поради растителните влакна и комплексни јаглехидрати кои ги содржи, леќата претставува одличен извор на енергија. Покрај тоа таа е и добар извор на железо, кое врши транспорт на кислородот низ организмот е и клучно за производството на енергија и метаболизмот. И покрај богатата содржина на хранливи состојки како протеини, растителни влакна, минерали и витамини, леќата е сепак нискокалорична и практично не содржи масти, што ја прави идеална за оброци кои оставаат долготрајно чувство на ситост без прејадување или внесување на премногу калории.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    19 December 2017

    Куркумата е зачин кој на карито му ја дава карактеристичната жолта боја. Истата содржи повеќе соединенија со лековити својства, од кои најважното е куркумин. Куркуминот е извонредно моќен антиоксиданс, кој помага против штетата предизвикана од слободните радикали и ги стимулира антиоксидативните ензими во телото. Ова е значајно бидејќи штетата која ја предизвикуваат оксидансите се смета за еден од клучните механизми кои стојат позади стареењето и многу болести. Куркуминот ист...о така има изразено дејство против воспаленија, до тој степен што неговата ефективност оди рамо со рамо со некои противвоспалителни лекови. Земајќи во предвид дека долгорочните, незабележливи воспаленија играат голема улога во секоја хронична болест, не е изненадување тоа што куркумата се поврзува со широк спектар на позитивни дејства врз здравјето. Разни студии укажуваат дека куркумата ја подобрува мозочната функција, помага во борбата со Алцхајмерова болест, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак, го ублажува артритисот итн.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    18 December 2017

    Кокосовoтo масло е еден од ретките продукти кој може да се нарече суперхрана. Досега постојат над 1500 студии кои тврдат дека истото е едно од најздравите состојки на планетата. Корисните дејства на кокосовото масло вклучуваат намалување на телесната тежина, подобра мозочна функција, подобрено здравје на кожата и многу други. Кокосовото масло е многу богато (91%) со здрави заситени масти т.н. средноверижни масни киселини, кои, во споредба со долговерижните масни киселини кои ...се среќаваат во секојдневната исхрана, далеку побрзо се преработуваат и согоруваат. Се преработуваат во црниот дроб, со што се користат како директен извор на енергија и не се складираат како масни резерви. Покрај тоа го зголемуваат чувството на ситост, со што додатно влијаат врз намалување на телесната тежина. Кокосовото масло помага во балансирање на нивоата на холестеролот и триглицеридите, со што придонесува за зачувување на здравјето на срцето. Масните киселини во кокосовото масло го зголемуваат количеството на кетони во крвта, кои влијаат позитивно врз мозочната функција, снабдувајќи ги мозочните клетки со енергија. Повеќе студии покажале подобрување на симптомите кај пациенти со Алцхајмерова болест како и намалување на зачестеноста на нападите на кај епилептични деца. Покрај тоа, кокосовото масло има изразено антибактериско и антигабично дејство, како внатрешно така и надворешно. Надворешно, маслото може да се користи за потхранување на сувата кожа, како и за негување на изгореници, егзема, првут, дерматитис и псоријаза. Често се користи како маска за коса, бидејќи се покажало како ефективно во нејзиното потхранување и заштита од оштетување, како и од сончеви зраци (има заштитен фактор 4, кој блокира 75% од UV зраците).

    See More

    report this review
  • Anynomous
    15 December 2017

    Маслото од ленено семе е богато со омега-3 масни киселини. Истите се клучни за добро здравје и придонесуваат за намалување на воспаленија, подобрено здравје на срцето и заштита на мозокот од стареење. Доколку не конзумирате рибино масло, употребата на маслото од ленено семе во секојдневната исхрана е одличен начин за редовно внесување на потребните количини на омега-3 масни киселини. При повеќе помали студии било забележано дека ова масло го забавува/спречува развојот на канц...ерогените клетки. Покрај тоа, бројни студии покажале дека вклучувањето на масло од ленено семе во исхраната придонесува за намалување на крвниот притисок и подобрување на еластичноста на крвните садови, што се значајни фактори врз целовкупното здравје на срцето. Не постои конкретна препорачана дневна доза за маслото од ленено семе, меѓутоа генералните препораки укажуваат на 1 до 2 супени лажици денот. Исто така може да се додава во различни преливи за салати или во смуди. Не се препорачува употреба за готвење со топлина бидејќи има ниска точка на чадење. Покрај тоа може да се користи надворешно, на кожата или како маска за коса, при што има потхранувачки ефект.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    13 December 2017

    Чиа семето е одличен извор на омега-3 масни киселини, богато е со антиоксиданси, како и со растителни влакна, протеини, железо, калциум, фосфор итн. Како и низа други семиња, чиата се покажала како корисна при намалување на ризикот од прекумерна тежина, дијабетес, срцеви заболувања, а и генерално придонесува за подобрено здравје. Покрај тоа, чиа семето има влијание врз подобрување на тенот, зголемување на нивото на енергија и намалување на телесната тежина (дава продолжено чувство на ситост). Може да се конзумира на повеќе начини, како додаток во мусли, јогурт, смуди, или како т.н. чиа пудинг, кој е релативно едноставен за подготовка. Покрај тоа може да се додава во разни пецива.

    report this review
  • Anynomous
    13 December 2017

    Коренот од мака вообичаено е достапен во форма на прав (сомелен). Истиот е многу богат со хранливи состојки (содржи повеќе калциум и од млекото). Корисните дејства на маката вклучуваат: подобрување на хормонскиот баланс, зголемување на плодноста (кај двата пола), зголемување на нивоата на енергија и издржливост, подобрена сексуална функција, како и подобрено паметење и концентрација. Маката се смета за “адаптоген”, израз кој се користи за некои билки и природни супстанци кои ...му помагаат на телото природно да се приспособи на секојдневните стрес фактори како што се презафатен распоред, напорна и стресна работа, болест итн. Маката има релативно висока содржина на растителни хранливи состојки, вклучувајќи протеини, влакна, калциум и магнезиум, меѓу други. Содржи над 20 аминокиселини, витамини Б1, Б2 и Е, бакар, цинк, манган, фосфор, селен, сулфур, натриум, железо. Нема специфична препорачана доза за мака од страна на експертите, но повеќето луѓе започнуваат со околу 1 лажичка дневно (во форма на прав) и постепено зголемување на дозата до 2-3 лажички, во текот на денот. Бидејќи ги зголемува енергијата и издржливоста, многу луѓе одбираат да ја конзумираат пред вежбање. Може да се додава во пијалоци, мусли, пецива и други типови храна.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    11 December 2017

    Медот содржи повеќе значајни антиоксиданси, како што се феноли, ензими и соединенија како флавоноиди и органски киселини. Научниците веруваат дека токму комбинацијата од овие соединенија е онаа што ја дава антиоксидативната моќ на медот. Антиоксидансите го намалуваат ризикот од висок крвен притисок, срцев и мозочен удар, како и некои типови на рак. Исто така позитивно влијаат на очното здравје. Покрај тоа, повеќе студии покажале дека медот придонесува за намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта. Медот важи и како природен лек за кашлица, што е поддржано и од повеќе мали студии. Исто така е одличен извор на енергија и се препорачува негово внесување пред и по физичка активност, бидејќи влијае поволно како при загревање, така и при одмарање/закрепнување.

    report this review
  • Anynomous
    10 December 2017

    Бадемите се богати со повеќе видови здрави хранливи состојки, како што се растителни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, антиоксиданси, витамин Е, витамин Б, магнезиум итн. Бадемите имаат позитивно влијание врз нивото на холестерол во крвта. Вклучувањето на бадеми во диетата придонесува за намалување на телесната тежина како и крвниот притисок кај индивидуалци со зголемена телесна тежина, и покрај тоа што се калорични. Се покажало дека редовното конзумирањ...е на бадеми како ужина придонесува за намалување на гладот и желбата за јадење подоцна во денот со што се намалува целодневниот внес на калории. Покрај тоа, додавањето на мала количина на бадеми во оброците може да придонесе за помалку изразено зголемување на крвниот шеќер после јадење, со разлика дури до 30% кај дијабетичари. Тие го забавуваат ослободувањето на глукозата во крвотокот и ја регулираат отпорноста на инсулин. Исто така се покажало дека бадемите ги ублажуваат воспалителните процеси кај пациенти со дијабетес тип 2. Бадемите исто така имаат поволен ефект врз цревната микрофлора, преку стимулирање на развојот на корисни бактерии во цревата, како шо се bifidobacteria и lactobacillus.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    10 December 2017

    Стевијата е нискокалоричен засладувач кој има антиоксидативни и антидијабетски својства. За разлика од шеќерот и вештачките засладувачи, стевијата е способна да ги намали нивоата на глукоза во крвната плазма, како и значително да ја зголеми толеранцијата на глукоза. Исто така технички не се подразбира како вештачки засладувач. Тоа се должи на фактот што истата се добива директно од листовите на растението стевија. Стевијата исто така има улога врз намалување на инсулинскиот ...ефект врз клеточните мембрани, го зголемува лачењето на инсулин, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и дејствува негативно врз механизмите на дијабетес тип 2 и неговите компликации. Стевијата која се добива директно од листовите на истоименото растение е т.н. органска стевија, која може да се набави како фино сомелен прав и директно да се конзумира како таква. Покрај тоа, во малопродажба се среќаваат повеќе видови на стевија, рафинирани до различен степен, кои се попрактични за секојдевна употреба, меѓутоа варираат во делотворните својства во зависност од степенот на преработка. Најдобар начин за конзумирање на стевијата е секако во нејзината органска форма, при што треба да се потенцира дека истата е значително потентна во одност на слаткост, односно една лажичка стевија е еквивалентна на 6-7 лажички шеќер.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    09 December 2017

    Циметот е популарен зачин кој се употребува во секакви видови рецепти и пецива. Содржи соединение т.н. цинамалдехид, кое е одговорно за неговите медицински својства. Циметот има моќни антиоксидативни својства, помага против вослапенија и се има покажано како ефективен при намалувањето на холестеролот и триглицеридите во крвта. Покрај горенаведеното, циметот најмногу се истакнува со неговото влијание врз нивото на шеќер во крвта. Тој може да го намали крвниот шеќер преку повеќ...е механизми, меѓу кои разложување на јаглехидратите во дигестивниот тракт и подобрување на инсулинската чувствителност. Студиите покажале дека циметот може да ги намали нивоата на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес за 10-29%, што претставува значителна разлика. Ефективната доза вообичаено изнесува 0,5-2 лажички цимет дневно, или 1-6 грама.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    30 December 2016

    Листовите на црната црницата е познат народен лек за намалување и контрола на шеќерот во крвта и се користи во чајни мешавини за дијабетес.

    report this review
  • Anynomous
    19 November 2016

    Сирупот и медот подготвени од млади борови пупки, се традиционални народни лекови кои се користат за болести на респираторните органи, за искашлување, тегоби при дишењето, астма, бронхитис, алергии зако и за превенција и јакнење на имунитетот.

    Најчесто се користат младите пупки и шишарки од белиот бор.

    report this review

Rate & Write Reviews