Нашата земја официјално пристапи во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа на 24 јули 2015 година. Канцеларијата на МЕДИА започна со работа од 1 Април 2016 година, во склоп на Агенцијата за филм, со цел да ги информира и да им дава поддршка на филмски работници и други заинтересирани страни при изготвувањето на нивните апликации за конкурсите објавени од страна на оваа потпрограма.
Потпрограмата МЕДИА во склоп на програмата Креативна Европа е наменета за европската аудиовизуелна индустрија и овозможува поддршка на европските филмски работници за развој на нови филмски проекти, наоѓање на партнери и обраќање до поширока публика, надвор од националните граници. Со системот на МЕДИА за пружање на финансиска поддршка олеснето е кофинансирањето на филмовите на помалите продукциски компании, кои најчесто се сретнуваат со потешкотии при прoнаоѓањето на нови извори на финансирање. Потпрограмата МЕДИА, исто така поддржува развој и дистрибуција на околу илјада филма годишно, вклучувајќи ги играните и документарните филмови, телевизиски серии и нови медиски проекти.
Со оваа потпрограма се опфатени и кофинансирањето на работилници за професионално усовршување на младите, но и веќе афирмираните филмски работници, се поддржуваат новите технологии и платформи за дистрибуција на аудиовизуелни содржини. Поддршката на потпрограмата МЕДИА е пресуднат при правењето на првите чекори на новите филмски и аудиовизуелни компании. Со МЕДИА, во која учествуваат 33 земји, исто така се остварува и значаен допринос во поттикнувањето на културната разноликост и разбирање на другите култури, прекугранична соработка, пред се преку поддршката на стотина евроспски филмски фестивали.
Програмата Креативна Европа (за периодот од 2014 до 2020 година), располага со средства во висина од 1.46 милијарди евра. Програмата ќе издвојува најмалку 56% од својот буџет за потпрограмата МЕДИА, што изнесува повеќе од 800 милиони евра.
Creative Europe Desk MEDIA MK is proud of - Господ постои, името ѝ е Петрунија/God exists, her name is Petrunya Competition #Berlinale2019 -European Shooting Stars -Veselinov Blagoj -Berlinale Talents - Sara Klimoska
MEDIA funding talks at European Film College in Denmark! Bistra Georgieva - Creative Europe Desk MEDIA MK & Ene Katrin Rasmunssen - Creative Europe Desk Danmark Current students, future producers :)
Creative Europe Desk MEDIA MK подарува кино билети! 😃 Creative Europe Desk MEDIA MK во соработка со Кинотека на Македонија (Cinematheque of Macedonia), Градско Кино Милениум, Kino Frosina и Центар за култура Битола, сите дел од европската мрежа на кино сали Europa Cinemas, доделуваат билети за европските филмови.😊
Тагирај пријател во коментар, со кој сакаш да одиш во Градско Кино Милениум на "Everybody knows", филм поддржан од МЕДИА програмата. ... Првите тројца најбрзи одат во кино на 09.02, сабота од 17.30.🍿📽😎
See More🎉Honeyland-Multiple winner Sundance Film Festival 🎬Grand Jury Prize for world cinema documentary 🎬Special jury prize for cinematography 🎬Special jury award “for impact for change" 👏Bravo Tamara Kotevska Samir Ljuma Fejmi Daut Ljubomir Stefanov Atanas Georgiev
🎲Предвидувања за Оскари 2019! 🎞Рејчел Вајс или Ема Стоун? Номинирани за споредна женска улога за филмот The Favourite на Јоргос Лантимос - филм поддржан од МЕДИА
Креативна Европа МЕДИА во едно кратко видео Фала за тимот на Види Вака <3
Можеш ли да избереш? Гласај...
Филмови поддржани од МЕДИА селектирани на Berlinale - Berlin International Film Festival 2019 Меѓу нив и македонскиот филм Господ постои, името ѝ е Петрунија/God exists, her name is Petrunya - селектиран во глaвната програма Competition -
🎬 Агенцијата за филм на РМ отвори конкурс за долгометражен и краткометражен, игран, документарен и анимиран филм за 2019 Повеќе на линкот 👇
🎬 Го познаваш ли добро европскиот филм? Тестирај се 🧐 Кој филм доби награда за сценарио на Канскиот филмски фестивал?
🖊 Аплицирај! Работилница на EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs) 🎬 За продуценти ⏱ Рок: јануари 25, 2019
🎉 Голем успех за македонската кинематографија 🎉 Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, селектиран во главната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал 🎉 Филмот е поддржан од Креативна Европа МЕДИА #Berlinale2019
...🎉 Big success for the Macedonian cinematography 🎉 The film "God Exists, Her Name is Petrunija" directed by Teona Mitevska is selected for the main Competition on the 69th Berlinale - Berlin International Film Festival 🎉 The film is supported by Creative Europe MEDIA #CreativeEuropeMEDIA
See More→ Аплицирај!!! → e-course: Storytelling – The Collaborative Model- Erich Pommer Institut → Стипендии за кандидати од Македонија
"The Shining", 1980 Director: Stanley Kubrick
"A Tale of winter" 1992, France Director: Éric Rohmer
Зимски модни совети инспирирани од светот на филмот
- ArteKino онлајн филмскиот фестивал трае до 31-ви декември - гледајте бесплатно филмови Проект поддржан од Креативна Европа- МЕДИА