Согласно Законот за судовите „Службен весник на РМ бр.36/95, 45/95 и 64/03“, Основниот суд Гевгелија како Основен суд одлучуваше во прв степен по предметите од судската надлежност предвидена во чл.30 и 32 од Законот за судовите за подрачјето на Општините Гевгелија и Валандово. По стапување во сила на новиот Закон за судовите „Службен весник на РМ бр.58 од 11.05.2006 година“, Основниот суд Гевгелија својата надлежност ја врши како суд со основна надлежност и е основан за подрачјата на Општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со судско одделение во Валандово.
Основниот суд Гевгелија е основан согласно Повелбата на президиумот на АСНОМ во 1945 година.
Прв Претседател на судот е Сотир Делидинков. Судот претходно бил сместен во просториите на сегашното Собрание на Општина Гевгелија како Околиски суд Гевгелија. Подоцна истиот е преименуван во Општински суд Гевгелија а денес во Основен суд Гевгелија.
Покрај првиот Претседател на судот Сотир Делидинков, функцијата Претседател на судот ја вршеле и Мирко Попов, Томе Ортаковски, Ристо Танев, Јован Диманчев, Велика Караниколова, Драги Дилберов,Марица Аврамчева Зафирова а на сегашната функција Претседател на судот се наоѓа М-р Драги Дилберов