Студиото Каста Дива е првиот специјализиран центар за изучување на шпанскиот јазик во Македонија.
Во студиото, покрај шпанскиот, се изучуваат и италијанскиот, францускиот, турскиот, рускиот и грчкиот јазик. Основано е во 1998 година и оттогаш наваму нуди професионална јазична обука за сите возрасти и степени, во согласност со Заедничката европска рамка за изучување јазици. Располага со пријатен амбиент што овозможува опуштено следење на часовите во групи со најмногу 11 слушатели.
Изучувајќи ги јазиците со нас, ја изучувате и културата на народите што ги зборуваат.
Васил Главинов 7/30
1000 Скопје, Македонија
Тел: 389 (2) 3 220 205
Моб: 070 29 69 48; 071 699 031
www.castadiva.com.mk
Нова група по шпански јазик А1 вторник/четврток 20:40 часотНова група по шпански јазик А1 вторник/четврток 20:40 часот
ГРЧКИ ЈАЗИК -петок од 18 до 20ч-ГРЧКИ ЈАЗИК -петок од 18 до 20ч-
Летен интензивен курс по шпански јазик ниво А1 6 јуни - 6 јули понеделник - четвртокЛетен интензивен курс по шпански јазик ниво А1 6 јуни - 6 јули понеделник - четврток
Двата последни преводи на Ненад Велковски што не треба да ги пропуштите
Ве потсетуваме дека денес завршува распустот и продолжуваме со часовите од зимскиот семестар.
Ви благодариме на сите што излеговте во пресрет на нашата мала хуманитарна акција. Собравме многу облека којашто ќе им го направи поубав и потопол животот на луѓето на кои им е потребно. Доколку имате уште облека што не ја користите, слободно донесете ја во нашето студио и ние ќе ја донираме во Пунктот за бездомници на Црвен крст. Ви посакуваме среќна и успешна 2018 година. А за поддршка на борбата против насилство, слушнете ја Пасион Вега.