На Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), вчера ја одржавме првата средба иницирана од македонскиот ЕУ блокчеин хаб, во друштво на гости од Србија, кои го пренесоа своето искуство за развој на блокчеин сцената во Белград, Ниш и Нови Сад. Студенти, професори, девелопери, основачи на стартапи, блокчеин ентузијасти... повеќе од два часа разговараа за регулативата и трендовите во блокчеин индустријата низ светот и во регионот, за капацитетот што го им...а оваа платформа, за примената, за придобивките кои ѝ ги носи на заедницата. Се отворија многу прашања, се решаваа бројни дилеми, и сѐ со цел да се трасира пат кон еден поинаков иден свет, кој би го одликувале карактеристики како: поголема доверба, (меѓу луѓето и стејкхолдерите, како што се јавни институции и бизнисите, и други најразлични ентитети), поодржливи процеси, подобра економија, помалку хиерархија, подобро владеење... поквалитетен општествен развој. Погледнете како помина вчерашниот настан, и бидете така, наскоро со нови најави - за следни чекори и иницијативи на #BlockchainHubMacedonia
Благодарност до гостите-учесници и до сите присутни на средбата!:-)
- Бранко Крсмановиќ, претседател на Блокчеин хабот Србија, иницијатор на платформата за Градскиот Токен и дел од советодавниот Борд на ЕУ Блокчеин Хабот
- Игор Величковиќ, senior solution architect, со долгогодишно искуство во блокчеин програмирање, развој и фиансирање на проекти
- Стојан Иванишевиќ, крипто и финансиски консултант, докторант на Економски факутлет и дел од тимот што ја води Академијата за блокчеин во Ниш, Белград и Нови Сад, која веќе продуцира блокчеин девелопери активни во креирање конкретни блокчеин решенија
- Небојша Илијевски, основач и претседател на македонскиот ЕУ блокчеин хаб
- доц. д-р Весна Димитрова, професорка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
- #Лицевлице, единственото улично списание во земјава и пионер меѓу социјалните претпријатија кај нас, кое на настанот сподели примероци од 33-то издание посветено на блокчеин технологијата
Фото: Ставрова Соња
See More„Швајцарија и Луксембург пријавуваат капитализација на стартапи во милијарди евра, Словенија пријавува тренд во запирањето на одливот на кадри поради индустриите базирани на блокчеинот, Италија ратификуваше легислатива за давање правна тежина на дигиталните вредности… Улогата на Блокчеин хаб Македонија e отворање можности за блокчеин девелоперите и стартапите во земјава за нивeн рапиден развој, надоградување, пристап до фондови и нови пазари за оформените блокчеин стратапи, а... со тоа и вклучување во светските трендови во оваа област. Темите на средбата ги диктираат, всушност, светските трендови во блокчеин индустријата, но, ги креираат и самите учесници, согласно потребите што ги гледаат за развој на оваа индустрија во земјава“ – најавува Nebojsa Ilijevski, основач и претседател на македонскиот ЕУ блокчеин хаб, организатор на утрешната средба на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), насловена: „Замислете го светот за 10 години од денес. Како изгледа? Овозможен од блокчеин!“.
Благодарност, IT.mk! :-)
See MoreШто ѝ е потребно на Македонија за да се позиционира на светската блокчеин сцена? Имаме ли конкретни предлози за интензивирање на процесите во оваа сфера во земјава? Каде би можел да нѐ однесе капацитетот што постои во блокчеин технологијата?
Ова се главните прашања кои ќе бидат адресирани на првата средба иницирана од Блокчеин хабот Македонија, (дел од Европскиот блокчеин хаб), која ќе се случува утре, 1 февруари, во Амфитеатарот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со старт во 18 часот – под мотото: „Замислете го светот за 10 години од денес. Како изгледа? Овозможен од блокчеин!“.
Ви благодариме Biznis Vesti! :-)
Улогата на Blockchain Hub Macedonia e отворање можности за блокчеин девелоперите и стартапите во земјава за нивeн рапиден развој, надоградување, пристап до фондови, и нови пазари за оформените блокчеин стратапи, а со тоа и вклучување во светските трендови во оваа област. Конкретните теми за претстојната средба на 1-ви февруари: Blockchain Meetup - Imagine a world 10 years from now! - ги креираат самите учесници преку своето учество, прашања и коментари, а гостите доаѓаат од ...три различни капацитети:
- Branko Krsmanovic, Претседател на Блокчеин хабот Србија, иницијатор на платформата за Градскиот Токен и дел од советодавниот Борд на ЕУ Блокчеин Хабот.
- Igor Veličković, senior solution architect, со долгогодишно искуство во блокчеин програмирање, развој и фиансирање на проекти
- Stojan Ivanišević, крипто и финансиски консултант, кој ќе зборува на тема безбедност и јутилити токени. Тој е докторант на Економски факутлет и е дел од тимот што ја води Академијата за блокчеин во Ниш, Белград и Нови Сад, која веќе продуцира блокчеин девелопери активни во креирање конкретни блокчеин решенија.
Место на случување: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Во продолжение, читнете го текстот на Aleksandar Stamenković, објавен во еден од броевите на Лице в лице, посветен на тема: блокчеин технологија, кој открива како овој процес внесува новини во планирањето на развојот на паметните градови #BlockchainHubMacedonia
See MoreБлокчеин технологијата наоѓа своја примена во сѐ поголем број индустрии. Можностите на нејзината примена се неограничени. На првиот meetup на #BlockchainHubMacedonia ќе слушнеме како блокчеин се применува во соседството, во Србија и во Словенија. Во меѓувреме - слушнете го Грегор Новак на Самитот во Куала Лумпур за примената на блокчеин во енергетиката.