• Delete
  • Edit

About

Apteka Derma-Farm is a store, located at Ulica Dzhon Kenedi, 1000 Skopje. They can be contacted via phone at 02/2634071, visit their website www.dermafarm.mk for more detailed information.

Apteka Derma-Farm

Tags : #PharmacyDrugstore, #MedicalEquipmentSupplier, #Pharmacy/Drugstore

Location :
Ulica Dzhon Kenedi, 1000 Skopje
Added by Jopie, at 13 October 2016

Opening Hours

  • Monday 09:00 - 21:00
  • Tuesday 09:00 - 21:00
  • Wednesday 09:00 - 21:00
  • Thursday 09:00 - 21:00
  • Friday 09:00 - 21:00
  • Saturday 09:00 - 21:00
  • Sunday 10:00 - 19:00

Description

Во Аптеката Дерма-Фарм не постои зборот нема ! Бидејќи се има што ќе ви затреба

Add missing information

Add email
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

15 Reviews

  • Anynomous
    17 December 2016

    Секојдневни проблеми кои се решаваат со кокосово масло

    Кокосовото масло е богато со специфични масни киселини, кои имаат голем број на позитивни ефекти врз човековото здравје

    Покрај добропознатите употреби на кокосовото масло како средство за брзо избелување на забите и чистење на кожата на лицето, постојат уште многу други корисни употреби за кои сигурно не сте знаеле.

    Еве дел од нив: За добро здравје

    1. За лекување рани: Нанесете малку кокосовото масло за побрзо зараснување на раните.

    2. Воспаление на грлото: Антивоспалителните ефекти на кокосовото масло ќе ви помогнат да го излекувате болното грло. Исплакнете ја устата и грлото и веднаш ќе забележите подобрување.

    3. За тироидна жлезда: Истражувањата покажале дека редовното консумирање на кокосовото масло ја подобрува функцијата на тироидната жлезда.

    4. За коските: Користењето на ова масло може да ја намали појавата на болести на коските како остеопороза и артритис.

    5. За заштита од комарци: Измешајте неколку капки есенцијално масло од иланг-иланг и кокосово масло и намачкајте ја кожата.

    За убавина

    1. Против брчки: За да ја спречите појавата на брчки, вклучете го кокосовото масло во вашата храна и намачкајте го на лицето.

    2. Крема за очи: Нанесете кокосово масло околу очите пред да си легнете и за кратко време ќе забележите како се намалуваат брчките.

    3. Лек против првут: Кокосовото масло го навлажнува скалпот и помага да се ослободите од првутот. Нанесете малку масло на врвовите од косата и оставете го преку ноќ.

    4. За нежни усни: Нанесете малку кокосово масло на усните и тие веднаш ќе омекнат.

    5. Зацврстување на ноктите: Доколку ноктите ви се кршат, намачкајте ги со кокосово масло.

    За бремени жени и деца

    1. За градите: Кокосовото масло е здраво и безбедно за премачкување на пукнатините на брадавиците при доење.

    2. Против стрии: Премачкувајте го стомакот со кокосово масло за време на бременоста и спречете го создавањето на стрии.

    3. За одржување на бебешката кожа: Намачкајте го бебето со марамче потопено во кокосово масло, секогаш кога ја менувате пелената.

    report this review
  • Anynomous
    10 December 2016

    Препознајте што ве уништува според изгледот на лицето - Какво лице имате? Шеќерно, глутенско или млечно?

    Според знаците на лицето откријте кои намирници ви пречат:

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    08 December 2016

    Природен лек против несоница - Сокот од цреши

    Една чаша сок од цреши наутро и навечер може да помогне во борбата против несоница, вели новото истражување.

    Научниците од Луизијана заклучиле дека со самото конзумирање на сокот два пати дневно, во период од две недели, помага да се продолжи должината на сонот за 90 минути.

    Несоницата, дефинирана како потешкотија при спиењето почеста од три пати неделно, е чест проблем меѓу постарите лица на возраст од 65 години, од кои 23 до 34% страдаат од ваквата состојба. Кај ваквите луѓе кои имаат проблеми со сонот може да се јави нервоза и намалување на имунитетот, посебно во третата доба од животот.

    Сокот од кисели цреши е природен извор на мелатонин, хормон кој помага во регулирање на циклусот на спиење, а црвените пигменти во сокот се преполни со проантоцијанид, кој игра важна улога во добриот сон.

    report this review
  • Anynomous
    06 December 2016

    Излечете ги проширените вени со помош на алое вера, морков и јаболков оцет

    Овој здравствен проблем е доста чест во модерното општество и никој не е сосема сигурен дека истиот ќе го заобиколи. До оваа состојба може да дојде од најразлични причини и на било кој човек. Проширените вени се фрустрирачки како од здравствен, така и од естетски аспект. Најчестите причини за појава на проширени вени се недостаток на физичка активност, генетика, ограничено движење или хормонски пореметувања кај луѓето.

    Во секој случај, постојат природни, домашни лекови кои помагаат во справувањето со оваа болест како и спречување на развојот на истата. Со овие неколку состојки ќе успеете симптомите да ги сведете на минимум. Овој рецепт за подготовка на домашен препарат за лекување на проширени вени докажано е ефикасен и се применува во народот со години, а се што ви е потребно се алое вера, моркови и јаболков оцет. Како што можете да претпоставите, лекот се подготвува со лесно достапни намирници и на мошне едноставен начин.

    Состојки:

    1/2 шолја исечкани моркови

    1/2 шолја алое вера

    Јаболков оцет

    Упатства:

    Алое верата и морковите ставете ги во блендер. Вклучете го блендерот, и додека цврстите состојки се „блендаат“ додавајте по малку јаболков оцет, додека не добиете хомогена смеса. Смесата на крајот треба да биде густа како крема.

    Како се користи:

    Нанесете ја кремата околу зафатените подрачја, а потоа кренете ги стапалта на висина на струкот во времетраење од 30 минути. По 30 минути, измијте ја кремата со ладна вода. Доколку сакате кремата да ви помогне во отстранување на симптомите, потребно е ова да го правите 3-4 пати дневно.

    Белешки:

    Покрај користењето на овој народен лек, потребно е да правите кратки прошетки секој ден. Тоа ќе ви помогне во подобрување на вашата циркулација. Покрај тоа, важно е лекот да го користие секојдневно во континуитет.

    report this review
  • Anynomous
    29 November 2016

    3 природни лекови кои ќе ја ублажат главоболката

    Луѓето често користат медицински лекови како би ја ублажиле болката, но постојат многу природни лекови против главоболка кои би можеле да ве излечат брзо и едноставно…

    Ѓумбир

    Ѓумбирот може да ви помогне во намалување на воспалението на крвните садови во главата, што овозможува олеснување од главоболка. Парчиња ѓумбир додајте во зовриена вода и гответе уште 5 минути. По желба можете да додадете мед или млеко и консумирајте два пати дневно.

    Чај од мента

    Ментата има антисептички својства кои се многу делотворни во ублажувањето на главоболка. Оние кои патат од главоболка можат да стават облога од чај од мента на чело за ублажување на болките.

    Цимет

    Циметот може да излечи главоболка поврзана со настинка. Измешајте цимет со вода и направете густа смеса. Нанесете од пастата на чело и оставете ја неколку минути.

    report this review
  • Anynomous
    21 November 2016

    Бројни студии покажале дека калинката е една од најлековитите овошја во светот поради нејзините корисни ефекти врз кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем.

    Имено дневна доза на екстракт од калинка може да помогне во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол. Научниците веруваат дека го намалува ризикот од срцеви заболувања кај гојазни пациенти за 17 %.

    Калинка е извор на витамин Ц и се смета за одлично средтво против процеси на восплаувања, и е одличен извор на витамин Б5, калиум, природни феноли како елагитанин и флавоноиди.

    Таа содржи фитохемикалии кои го стимулираат создавањето на серотонин, влијателен за подобро расположение и естроген за одржување на коскената маса, а ова откритие е исклучително важно за превенција на остеопорозата.

    За подобрување на имунитетот и превенција на болести здравствени експерти препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитар на свежо исцеден сок од калинка.

    Калинката ја враќа еластичноста на кожата, истовремено борејќи се против егзема, псоријаза и од сонце изгорената кожа.

    Масните киселини кои ги содржи калинката го намалуваат отокот и болката во мускулите. Изобилува со фитоестрогени, која ги ублажи симптомите на менопауза и предменопаузата, како што се топли бранови, промени во расположението, ноќно потење и недостаток на либидо.

    Примената на калинката во домаќинствата е голема, може да се користи за освежување, да биде подготвена во желе, колачи, сирупи, меласа, сокови, ликери, вино, оцет и чај.

    Доколку ја немате во двор, побарајте ја на пазар оваа корисна и здравствено ефективна овошка.

    report this review
  • Anynomous
    19 November 2016

    Едноставно: Со домашен тест откријте дали имате кандида

    Ако страдате од хроничен замор, ниско либидо, чести и нагли промени во расположението, слаба концентрација или имате ослабен имунолошки систем, можеби постои голема веројатност дека нивото на кандида во вашиот организам е зголемено.

    Кандидата ја предизвикува габичката кандида албиканс (candida albicans), која се наоѓа во секое тело, во дигестивниот тракт, устата, вагината и тн. Како и повеќето други микроорганизми, така

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    17 November 2016

    Мирисот на лаванда ги смирува стресот и несоницата

    Лавандата вообичаено се користи во производството на парфеми и козметика, во фитотерапијата, како и во кулинарството.

    Сушените цветови од оваа ароматична билка создржат есенцијално масло богато со линалол и линалил ацетат.

    Благодарение на нејзиното смирувачко дејство, лавандата често се користи кај лошиот сон, несоницата, нервозата, анксиозноста, па дури и депресијата.

    Лавандата исто така има помага и за грчеви во цревата, дијареја, и некои други гастроинтестинални заболувања кои се јавуваат за време на стресот.

    Оваа билка исто така ги намалува нападите на кашлица и помага за искашлување при бронхитис.

    Лавандата се користи и за ублажување на мигрената и тензичните главоболки.

    Вдишувањето на мирис од лаванда околу 10 до 15 минути ги намалува болките во главата.

    report this review
  • Anynomous
    14 November 2016

    Најлековитото јапонско јаболко - Јапонското јаболко е листопадно дрво со плодови со жолто-црвена боја

    Кај нас ова растение не е толку многу познато бидејќи расте во градините најмногу како украсно растение, а поголемиот дел доаѓа од странство. Јапонското јаболко пошироко е познато како назив за билка која потекнува од Азија, а во природата може да се најде во Јапонија, Бурма и Кина. Во Европа е пренесена во 15.век, а денес се одгледува во потоплите краишта ширум целиот свет. Јапонското јаболко е листопадно дрво со плодови со жолто-црвена боја кои кога ќе узреат имаат сладок вкус. Плодовите се берат доцна во есента а денес постојат десеттина подврсти кои се разликуваат според обликот, бојата, вкусот и големината на плодот.Самиот плод има мала количина калории, но многу јаглехидрати кои се важни за дигестијата. Од минералите содржи: калиум, калциум, магнезиум и фосфор, а од витамините Ц, Б, А и Е и аминокиселини како што се лизин, триптофан, аланин и др.

    ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО Е ЛЕКОВИТО Свежиот плод и неговиот сок се исклучително лековити при дигестивни проблеми како што се: опстипација, воспаление на цревата, хемороиди и разни болести на желудникот како што се лошо варење и гастроентеритис.

    Освен за дигестивни пречки, корисно е и за регулирање на крвниот притисок, болести на црниот дроб и жолчката, за јакнење на имунитетот и нервниот систем бидејќи има смирувачко дејство.

    Јапонското јаболко може да се искористи во лековити цели и на поинаков начин освен како свеж плод и сок. Излупениот плод кој бил оставен на сонце, преку ноќта ќе добие бела боја и ќе стекне нови лековити својства. Тогаш може да послужи во борбата против разни паразити во цревата, за лекување кашлица и високи телесни температури, а исто така, и како средство за запирање на крвавењето.

    Плодот од јапонското јаболко може да се искористи и за печење на многу ароматична ракија. Исушените плодови се добра зимска намирница со висока нутритивна вредност, па дури може да се искористи и неговото семе како замена за кафе, доколку се препржи и смеле како што тоа се прави со обичното кафе.

    Дури и листот од јапонското јаболко може да се искористи поради неговите својства за контакција на ткивото, а исушената кора може да послужи како засладувач на разни јадења и пијалаци.

    Наоѓа примена и во козметиката бидејќи од внатрешното ткиво на плодот може да се примени одлична маска за лицето која кожата ја чисти и освежува. Во готвењето најчесто се користи како состојка на разни колачи, креми и десерти.

    report this review
  • Anynomous
    09 November 2016

    Главоболката ви открива што не е во ред со вашето здравје

    Секој некогаш добива главоболка, а постои ефиксен трик за нивно решавање. Треба да јадете многу банани и да пиете многу вода.

    Но овој трик не помага секогаш. Постојат различни видови главоболки кои често погрешно се дојагностицираат, а најчесто исто се третираат.

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    05 November 2016

    Што најмногу го уништува, а со што можете да го обновите Црниот дроб

    Црниот дроб е чистач на нашиот организам. познат и како „тивок орган“, бидејќи не се буни, но еднаш кога ќе го отруеме, се случува хаос во организмот. Овие се симптомите кои укажуваат на тоа дека вашиот црн дроб е оптоварен:

    – хроничен замор – депресија – чести главоболки – несоници – промена на расположението – ПМС

    До тоа доаѓа ако на црниот дроб му ги правите следните работи:

    Претерано и зачестено консумирате брза храна, мрсна и пржена. Храната како што се чипс, крофни, помфрит, уштипци, поточно храната којашто има многу масти, е премногу оптоварувачка и токсична за црниот дроб. Таа содржи липидни пероксиди кои ги оштетуваат клетките на црниот дроб.

    Претерано консумирање кафе

    Претераното консумирање кафе најмногу му штети на црниот дроб на постарите луѓе. на тоа се придружува и намалената функција на бубрезите, така што, за постарите лица не е препорачливо да консумираат повеќе кафиња на ден.

    Алкохол

    Алкохолот се разградува во црниот дроб, а неговата неумерена количина доведува до разни оштетувања, меѓу кои и до оштетување на мозокот, панкреасот и целиот нервен систем. Токсичното влијание на алкохолот на црниот дроб вклучува и наталожување на мастите, можност за појава на хепатитис и цироза на црниот дроб,

    Пушење

    Цигарите имаат мноштво токсични состојки во себе, меѓу кои се бензапирен, полициклички ароматски јагленоводороди, цијанид, катран, ацеталдехид, акролеин… Сето наведено доаѓа во крвта на пушачите и оваа задача за црниот дроб е сè, само не лесна.

    Отрови

    Трагите на пестициди во храната се наталожуваат во црниот дроб и можат да предизвикаат хронички заболувања. Исто така, разните видови лекови, таблети и други супстанции многу лошо влијаат на црниот дроб, што и самите веќе го знаете.

    Ако сакате да го исчистите црниот дроб, лекарите препорачуваат што повеќе да консумирате здрава храна, односно следните производи:

    – артичоки – лук – јаболки – круши – мешунки (грав, леќа, грашок) – зелен и горчлив зеленчук

    Горчливиот зеленчук, во која спаѓаат руколата и шпарогите, кое во себе содржи био и полифеноли, претставува храна која ја чисти крвта од токсичните производи, го поттикнува работењето на црниот дроб и бубрезите.

    report this review
  • Anynomous
    30 October 2016

    Како да препознаете дали е во прашање есенски замор или анемија?

    Симптомите на „есенскиот замор“ не треба да се игнорираат, бидејќи нивна причина може да биде и анемијата. Симптомите на „есенскиот замор“ не треба да се игнорираат, бидејќи нивна причина може да биде и анемијата, посебно анемијата како последица на недостаток на железо.

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    26 October 2016

    Што да презeмете кога бешиката ќе се воспали на ладно време Кога телото ќе настине доаѓа до пад на имунитетот и размножување на бактериите кои ги напаѓаат уретрите (мочните канали) и бешиката. Недоволното затоплување и лошите чевли по дождливо и студено време во оваа доба од годината е честа причина за појава на уринарна инфекција. Бидејќи, кога телото ќе го фати настинка доаѓа до пад на имунитетот и размножување на бактериите кои ги напаѓаат уретрите (мочните канали) и бешиката.

    Жените се повеќе склони на уринарни инфекции, бидејќи женскиот мочен канал е пократок, само три до четири сантиметри, така што бактериите полесно доаѓаат до него, велат лекарите. Сексуално активните жени се посебно изложени на ризикот, бидејќи бактериите кои се причинители на инфекциите директно се пренесуваат од гениталните органи во мочниот канал, додека употребата на контрацептивните спермициди и дијафрагмата ја нарушуваат вагиналната флора.

    Одложувањето на уринирањето поради презафатеност со работа или поради недостаток на тоалети. исто така. можат да бидат причина за појава на овој вид настинка.

    Хроничните болни, пред сè, дијабетичарите, мажите со зголемена простата, оние кои страдаат од камен во бубрезите и постарите од 65 години се вклучени во посебна група пациенти кои посебно би требало да се чуваат од настинка, бидејќи се многу поподложни на воспаление на мочните канали и бешиката.

    Симптомите на уринарните инфекции не се јавуваат кај сите болни, но кај повеќето се манифестираат со зачестена потреба за уринирање на помали количини урина со чувство на недоволна испразнетост.

    Болното уринирање во вид на печење или болка во пределот на бешиката, како и непријатниот мирис и матниот изглед на урината, понекогаш е пребоен црвенкасто поради присуството на крв, е јасен показател дека е неопходна помош на лекар. Можна е и појава на зголемена телесна температура, проследена со трпнење и треска, како и болка во грбот или под лаковите на ребрата, мачнина и повраќање.

    Прегледот на урината е прв чекор во дијагностиката на инфекцијата на уринарниот тракт, додека уринокултура се бара кај оние пациенти кај кој овие здравствени проблеми се зачестени.

    Колку што е можно повеќе течности

    Покрај терапијата којашто ќе ја одреди лекар за сузбивање на уринарните инфекции се советува и интензивиран внес на течности. Водата и чаевите помагаат побрзо да се исфрлат бактериите, а доволниот внес на течности е важен и против наталожување на каменчиња во уринарните патишта. Нивното покренување може да доведе до ситни оштетувања на внатрешноста на уринарните патишта, што, пак, повторно е поволно тло за развој на бактериски инфекции.

    report this review
  • Anynomous
    20 October 2016

    ОРИГИНАЛНО ДАНСКО РИБИНО МАСЛО САМО ВО АПТЕКА ДЕРМА-ФАРМ

    Рибиното масло за превенција и лекување на многу болести

    Одамна е познато дека рибиното масло може да ги ублажи симптомите на артритис и е корисен додаток за подобар развој на мозокот кај децата. Сега истражувањата покажуваат и дека рибиното масло им помага на пушачите при откажување од цигарите, но и за превенција и лекување на многу болести.

    Лекарите препорачуваат рибата да се најде на трпезата барем двапати неделно, бидејќи е богата со Омега 3 масни киселини.

    Бројните истражувања покажале дека рибиното масло ги подобрува детските способности за учење, но и нивното однесување, а посебно се покажало корисно кај децата со АДХД и при проблемите со учење.

    Омега 3 масните киселини ги намалуваат воспаленијата на артериите кои доведуваат до срцеви удари, а делуваат и како антикоагулант кој го подобрува крвотокот.

    Суплементите Омега 3 се одлични за подобрување на когнитивните функции. При едно истражување е откриено дека исхраната богата со Омега 3 може да го зголеми волуменот на делот од мозокот кој е одговорен за паметење и заштита од деменција.

    Одличните својства на рибиното масло се чувствуваат и кај лицата кои го губат видот.

    Рибиното масло ги олеснува болките кај пациентите од ревматоиден артритис. Едно шведско истражување во кое учествувале 32 илјади жени покажало дека конзумирањето лосос еднаш неделно може да го намали ризикот од развој на оваа болест дури за половина.

    Истражувањата покажале дека земањето Омега 3 за време на бременоста може да го намали ризикот од депресија, додека други студии покажале дека исхраната богата со риба влијае на коефициентот на интелегенција кај бебето. Исто така, неодамна спроведено австралиско истражување покажало дека Омега 3 може да го намали ризикот од спонтани абортуси. Сепак на трудниците не им се препорачува да јадат морска риба поради потенцијалното присуство на одредени токсини и тешки метали во нејзиното месо. Затоа суплементите се најдобра опција.

    report this review
  • Anynomous
    20 October 2016

    10 производи за чистење на црниот дроб и за брзо согорување на кaлориите

    Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб кој во телото ја има функцијата на филтер. Сè што ќе изедеме и испиеме во текот на животот поминува низ нашиот црн дроб. Токму поради тоа, овој орган gi трпи и впива сите наши лоши навики и со своето работење го штити нашето тело. Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб кој во телото ја има функцијата на филтер којшто го чисти организмот од штетните состојки. Токму поради таа тешка работа што ја врши, црниот дроб може да биде многу оптоварен, што може да предизвика разни здравствени проблеми. Имајќи предвид дека црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болниот црн дроб не боли, па поради тоа болеста многу тешко се открива. Добра веста е тоа што црниот дроб се регенерира и речиси секоја штета може да се поправи.

    Производи што го чистат црниот дроб:

    1. Лук- го поттикнува создавањето на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

    2. Цитрусно овошје – богати со витамин Ц цитрусите се силен антиоксидант кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните работи.

    3. Цвекло и морков – богати со флавоноиди и бета-каротен. Го стимулираат црниот дроб и го подобруваат неговото работење.

    4. Зелен чај – состојката катехин со која овој чај е богат е силен антиоксидант којшто го чисти организмот.

    5. Зелен лиснат зеленчук – спанаќот, кељот, блитвата и салатата се преполни со хлорофил па се многу делотворни во неутрализирањето и исфрлањето на токсините од крвниот систем.

    6. Ананас – изобилува со витамин Ц и дејствува како природен диуретик кој телото го ослободува од токсини.

    7. Нане – ливчињата на нането се богати со флавоноиди кои дејствуваат како силен антиоксидант.

    8. Ѓумбир – многу моќен антиоксидант кој го забрзува метаболизмот и помага кај исфрлањето на маснотиите од телото.

    9. Ореви – содржат големи количини омега-3 масни киселини како и амино киселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.

    10.Зелка – како и брокулата и карфиолот, зелката силно дејствува на ензимите на црниот дроб кои го регулираат и забрзуваат нејзиното работење.

    report this review

Rate & Write Reviews