Andiluna Handmade Gifts Shop се занимава со рачна изработка и декорација на подароци:
- сликање на стакло, дрво, текстил, керамика и сл.;
- изработка на накит и модни додатоци од различен материјал ( глина, жица, волна, дрво, текстил и сл.);
- израбтока на магнети;
- изработка на сувенири;
- декорација на свадбени подароци и сл.
Доколку некое парче Ви се допаѓа и Ве интересира цената на истото слободно пратете ни го линкот по порака, ќе Ви одговориме во најбрзо време. Примаме и нарачки.
Цените на производите се различни и зависат од неколку фактори.
Во цената влегува материјалот кој е потрошен за изработка, односно декорација на производот, времето и работната рака.
Цените на магнетите се движат од 100 до 200 денари; на чашите од 200 до 300 денари (парче); на чиниите од 300 па нагоре; на обетки од 100 до 400 денари; на ланчиња и ѓердани од 250 до 800 денари, на ташни од 800 денари нагоре, на филџани 300 денари (парче), на обележувачи за книга од 100 до 200 денари, на торбички за телефон 200, 300 денари и сл.
Повелете во нашето уникатно катче кое се наоѓа во старата чаршија во Скопје, во близина на црквата Св. Спас.
No reviews yet. Be the first to add a review.