• Delete
  • Edit

About

Темпора Кидс is located at Мито Х Јасмин бр. 48 градски ѕид блок 5, 1000 Skopje, Republic of Macedonia. They can be contacted via phone at 071/374 550 for more detailed information.

Нов приватен дневен престој за ученици, во центарот на градот.

Tags : #Education

Location :
Мито Х Јасмин бр. 48 градски ѕид блок 5, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Contacts :

Added by Jopie, at 17 December 2015

Opening Hours

  • Monday 07:30 - 21:00
  • Tuesday 07:30 - 21:00
  • Wednesday 07:30 - 21:00
  • Thursday 07:30 - 21:00
  • Friday 07:30 - 21:00
  • Saturday -
  • Sunday -

Description

Едукативно – креативниот центар „Темпора Кидс“ е приватен дневен престој за децата од основните училишта, чија основна задача е да обезбеди дополнитена помош при совладување на нови знаења, завршување на задолжителните домашни задачи преку игра и забава и да ги згрижува учениците пред и по училишните часови. Дневниот детски центар „Темпора Кидс“ е партнер за поддршка на семејствата во воспитанието и образованието на децата од училишна возраст, кој подразбира комплетна грижа за секое дете. Едукативниот дневен центар е сместен во срцето на центарот на град Скопје во функционално организиран простор наменет за едукација на деца од училишна возраст каде постои атмосфера на доверба, индивидуално изразување и меѓусебна соработка. Тука се организираат разновидни содржини, игри и игровни активности кои на забавен начин им помагаат и ги охрабруваат учениците да ги развиваат сите свои потенцијали. Програмата за учење е флексибилна а содржините ги поттикнуваат и мотивираат децата во откривање на тајните за успешно учење преку реализација на разновидни активности.
За училишниот период велат дека е најубав, а за да биде навистина таков на децата им е потребно безусловно внимание, љубов, грижа и друштво на свои врсници. Часовите пред и после училиштето се идеален период во кој децата од училишна возраст можат да ги изразат своите интереси поврзани со учењето и да ги истражуваат своите нови таленти кои во секојдневниот училишен процес можеби немаат простор да ги покажат. Дневниот центар „Темпора Кидс“ има задача да создаде пријатна средина во која децата ќе можат да ги апсорбираат задолжителните наставни содржини за учење преку игра и активно учење. За таа цел е осмислена квалитетна, богата и флексибилна програма која ги следи интересите и потребите на училишните деца. Програмските активности ќе им помогнат на учениците од помлада возраст во стекнување на самостојни навики за совладување на задолжителното наставно градиво, на учениците од постара возраст во самостојно истражување во стекнување на нови и дополнителна поддршка во изаботка на домашни задачи и корекција на претходни знаења, да се релаксираат по задолжителните училишни одговорности и да се оспособат за рационално користење на своето слободно време.
Со учениците работат наставници на коишто задоволството им е императив, а добрите резултати нивна цел.

Во период кога учениците ги поставуваат своите животни насоки, а родителите имаат се помалку време за воспитно-образовно делување во поглед на следење во успешно завршување на училишните задачи со своите деца, веруваме дека:
• Сите деца треба да бидат згрижени во средина исполнета со позитивна енергија која дава можности за учење, играње и растење;
• Секое дете е индивидуа со свои уникатни потреби, интереси и способности;
• Секое дете има право да припаѓа во заедница која гради позитивни врски и односи помеѓу врсниците, родителите и училиштето;
• Ние веруваме во создавање на квалитетен креативен сервис кој ќе стимулира сигурно опкружување за престој на секое дете пред и по училишните часови.

Едукативно - креативниот центар „Темпора Кидс“ нуди организиран дневен престој и различни можности за образование и згрижување на ученици од 6-14 години во текот на цела работна недела (од 07:30 – 17:00) и сабота (од 08:00-14:00). Со цел да излезе во пресрет на суптилните потеби на ангажираните родители за квалитетно згрижување на учениците, Центарот нуди дополнителни и додатни активности во периодот од 17:00-21:00 секој работен ден.
• Индивидуален пристап;
• Дополнителна и додатна настава по странски јазици;
• Дополнителна настава по математика, физика;
• Додатна настава по ликовно (креативни работилници);
• Дополнителни часови за ученици со потешкотии во учењето;
• Советодавна работа со родители;
• Рекреативни часови по ритам и танц;
• Прослава на родендени;
• Организирање на забави;
• Релаксација и згрижување за време на викенд.

За тимот наставници

Нашиот тим на едуцирани и креативни луѓе се води од идеата дека секое дете поседува потенцијал во себе кој треба да го спознае и затоа обезбедува стимулативна средина за учење, која ја подржува детската намера и интерес за стекнување на нови знаења и вештини. Почитувајќи го холистичкиот пристап, индивидуалноста и детските права креиравме амбиент во кој учениците ќе ги развиваат своите интелектуални, психички и физички способности.
Во својата работа тимот користи најсовремени методи и стратегии за учење и поучување, на начин кој ја поттикнува креативната страна на детето, стекнуваат вештини, способности и навики кои се одлика само на среќните луѓе. Со ваквиот начин на работа излегуваме во пресрет на детските индивидуални потреби и можности преку секојдневно следење на постигнувањата на децата, како во откривање на сопствените потенцијали, така и во детектирање на сегменти во кои ученикот треба дополнително да се поддржи и мотивира.

За родителите

Во ефективното и ефикасното функционирање на дневниот престој најзначајната алка сте ВИЕ родителите. Во нашиот дневен престој родителот е активно вклучен во процесот на планирање и реализација на детските потреби за формална и неформална едукација. Тоа подразбира достапност до податоците во портфолијата на вашето дете како и постојана писмена индивидуална комуникација за секојдневните постигнувањата на вашето дете. Со цел унапредување на меѓусебната комуникација и интеракција организираме индивидуални месечни родителски состаноци како и колективни родителски состаноци на три месеци преку кои ќе можете да се информирате за постигнувањата за Вашето дете, како и со нашите следни активности.
Доверете ги вашите деца на тимот на Темпора Кидс, кои со своето професионално и лично искуство ќе им го направат училишниот период да биде безгрижен, а на Вас родители ќе Ви обезбедат мирен работен ден.

Add missing information

Add email
Add website
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

7 Reviews

  • Anynomous
    01 February 2016

    Сликовници изработени од нашите автори ;)

    report this review
  • Anynomous
    30 January 2016

    ’’ Вежби со дидактички материјал како предуслов за синхронизирано користење на двете мозочни хемисфери’’ - Вешти прстиња Томислав Таневски Ана Цветковска Панова

    report this review
  • Anynomous
    28 January 2016

    Научив да плетам :)

    report this review
  • Anynomous
    14 January 2016

    Зоки Поки и неговите доживувања

    report this review
  • Anynomous
    04 January 2016

    Уживанција на првиот снег :)

    report this review
  • Anynomous
    30 December 2015

    Новогодишна забава во Темпора Кидс

    report this review
  • Anynomous
    24 December 2015

    Нашиот Давид

    report this review

Rate & Write Reviews