Прашање #4: Дали е добро за македонците да се изгласаат уставните измени кои произлегуваат од договорот со Грција?
- Уставните измени се резултат на компромис со Грција во замена за членство во НАТО и "виза" за ЕУ.
Доколку сакаме Македонија да влезе во НАТО и да отпочне преговори со ЕУ тогаш ДА - договорот треба да се прифати!
Со овој договор Грците прифаќаат дека има Македонија која не е грчка т.е Северна Македонија во која живеат македонци кои не се грчки туку македонци од Северна Македонија и кои зборуваат македонски јазик. За вазврат Македонците прифаќаат дека има и Македонија која е грчка и грчки Македонци, се откажуваат од Античка т.е елинистичка Македонија од времето на Александар Македонски итн.
Промента ја прави Република Македонија во замена за евро-атлантска прпсектива која пак е стратешка определба на Македонија од осамостојувањето.
Генералниот секретар на НАТО беше јасен и гласен: Нема влез во НАТО без прифаќање на договорот со Грција! После ова е апсурдно ВМРО-ДПМНЕ и други партии и поединци да тврдат дека се за НАТО а да не го прифаќаат договорот со Грција. Или треба опозицијата да ја "подвитка кичмата" и да го прифати договорот или јасно и гласно да се откаже од НАТО затоа што трето нема!
Прашање #3: Дали предвремени парламентарни избори се излез од политичката криза во Македонија поврзана со договорот со Грција?
- НЕ! Со оглед на огромните разлики помеѓу власта и опозицијата и немањето на консензус за прашања од суштинско значење на државата и длабоката поделенест на опшеството, предвремени паламентарни избори нема да донесат значајни промени. Едни такви избори ќе бидат само непотребен милионски трошок кој ќе го платат граѓаните на Македонија и непотребно губење на драгоцено време кое е неопходно за спроведување на суштински реформи во државата.
Поразените на едни такви избори НЕМА да го признаат поразот и со тоа само ќе се продолжи кризата во Македонија која е на штета на граѓаните.
Прашање #2: Дали Zoran Zaev и #ЗА (Излези ЗА европска Македонија и други) се морални победници на референдумот?
- ДА! И покрај тоа што според законот референдумот е неуспешен фактот што 609.813 граѓани се изјаснија ЗА (тоа е повеќе од 1/3 од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список НО повеќе и од 50% од излезноста на СИТЕ претходни изјаснувања на граѓаните на Р. Македонија).
Од резултатите знаеме колку се #ЗА, но реално не знаеме колку од тие што не гласале тоа го направиле затоа што бојкотирале или од други причини од кои најголеми се масовната емиграција како и големиот број на сезонски работници во странство.
Прашање #1: Сите славеа но кој победи на референдумот?
- Според законот во Р.Македонија и постојниот избирачки список (за кој власта т.е ДИК смета дека е во ред), референдумот не го достигна потребниот цензус од 50%+1 излезност тоа значи дека е неуспешен т.е победи иницијативата #БОЈКОТИРАМ (Бојкотирај референдум за С̶е̶в̶е̶р̶н̶а̶ Македонија и други) кои повикуваа на бојкот т.е да не се гласа.
Вие прашувате тимот на MOE МИСЛЕЊЕ одговара!
Почитувани, испратете ни ги вашите прашања (поврзани со политичкиот и опшествен живот) во коментар, приватна порака или е-пошта, а ние ќе се обидеме да ви одговориме ЈАСНО и НЕПРИСТРАСНО!
Вечерта на 30. Септември СИТЕ граѓани на Република Македонија ќе СЛАВАТ!
1. #ЗА (Излези ЗА европска Македонија и други) - ќе слават затоа што најголем дел од оние што ќе излезат да гласаат ќе се изјаснат "ЗА" и покрај тоа што потребниот цензус нема да биде достигнат. Нивните лидери ќе тврдат дека се морални победници затоа што бројот на оние што гласале "ЗА" ќе биде поголем од поддршката што ја имале повеќето претходни влади и претседатели.
Ќе го обвинат избирачкиот список и претходната влада поради големиот број на иселени лица од државата во последните десетина години но и оние што од било кои причини не гласале!
2. #БОЈКОТИРАМ (Бојкотирај референдум за С̶е̶в̶е̶р̶н̶а̶ Македонија и други) - ќе слават затоа што референдумот нема да ја добие потребната излезност 50%+1 од запишаните во избирачкиот список! Ќе тврдат дека референдумот не успеал, дека законот и ДИК се јасни т.е излезноста мора да биде 50%+1, тоа за нив би значело дека мнозинството се против договорот и против политиките на владата.
Сите ќе слават но после ден, два, три кога ќе помине славеничката еуфорија треба да знаат дека ова е најлошото сценарио за Македонија, сценарио кое ќе ги продлабочи внатрешните поделби и омрази, меѓу-партиски но и етнички.
Најдоброто за државата е резултатот да биде чист, или референдумот да е успешен со 50%+1 излезност и мнозинство #ЗА гласови, или да доживее катастрофален неуспех т.е да не се постигне цензусот на излезност од една страна и бројот на #ЗА гласови да е помал од една третина од вкупниот број на избирачи во избирачкиот список.
Секако најдобро би било едните да го признаат поразот и да им честитаат на другите без разлика кој да победи, само така може СИТЕ заедно да слават затоа што тогаш е ПОБЕДА НА ДЕМОКРАТИЈАТА!
МОЕ МИСЛЕЊЕ СТАВ:
ЕУ - ДА (стратешка определба) НАТО - ДА (стратешка определба) ДОГОВОР СО ГРЦИЈА - ВОЗДРЖАН (против но неопходен за ЕУ и НАТО) ВЛАДА НА РМ - ПРОТИВ (и после година и пол власт, бомбастично најавуваниот подобар живот за сите сеуште далеку за мнозинството граѓани)
За ова последново Не убедуваа дека имаат идеи, имаат визија, планови и дека знаат и можат да направат разлика и да донесат подобар живот само да дојдат на власт, за сега да кажуваат дека затекнатата ситуација била хаотична и им треба повеќе време. Е време драги мои НЕМА! Тука лежи зајакот!
Така вели секоја нова власт И ТРЕБА ВРЕМЕ, но на народот му е ДОСТА!
-Доста од нови задолжувања! -Доста од нечисти улици и депонии! -Доста од мизерни услови во болници и училишта! -Доста од притисоци и лажни надежи за вработување! -Доста од чекање по шалтери и талкање од врата на врата! -Доста од корупција! -Доста од -сончоглед- т.е. -ВЛАСТоглед- судство (секоја чест на исклучоци)! -Доста од партизинара-мрза администрација (секоја чест на исклучоци)! -Доста од злоупотреба на НАРОДНИ ПАРИ!
Засукајте ги ракавите и работете! Тешко Ви е, Ви треба време, не можете да ги решите проблемите? - Одете си дома! Македонија има способни луѓе на кои не им е тешко и кој знаат како треба!
Анализа направена на 29.08.2018:
Почитувани браќа и сестри,
Живееме во време кога се крои судбината на нашата татковина. Секој ден, се наслушавме голем број на експерти како ја анализираат и коментираат состојбата во државата во пресрет на престојниот референдум. Со толку многу експерти човек просто да се зачуди како сеуште (и после 27 години како независна држава) не сме членка ниту на ЕУ нито на НАТО, туку напротив сме сеуште една од насиромашните и најмизерните земји во Е
Continue ReadingВласта да направи искрени напори (и покрај тоа што периодот што претстои е краток) да се постигне национален консензус за референдумот за промена на името на државата!
Во спротивно соочени со можност да го изгубат референдумот ќе биде погрешно преку манипулација и извртување на референдумското прашање да ги постигнат своите цели. Ова ќе придонесе до уште поголеми внатрешни поделби и немири.
Сигналот од опозицијата е јасен: "амнестија".
Нашиот став е дека во едно демократско опшество секој треба да биде одговорен за своите дела и постапки.
Но исто така е погрешно оние што сега го прекршиле законот (лицата обвинети од протестите и 27 април) едно идно време (нова власт) да ги преставува како херои па дури и да бидат дел од власта.
За сите што "лебдат во облакот на демократијата", сигурно сте заборавиле дека луѓето што со оружје во рака пред не така далечен период си ги бараа своите права (во кои имаше повеќе од 70 загинати припадници на Македонските безбедносни сили) повеќе од 10 години се дел од власта во државата.
Затоа ни е потребно помирување, секој со секого, без разлика на партија, на политичка, национална или верска основа, да се подаде рака но и силна и искрена заложба лошите работи да се превенираат и спречат.
Нашите партнери, ЕУ и НАТО го поздравија договорот помеѓу Македонија и Грција и ја нагласија неговата важност како неопходен за евро-атланските перспективи на Македонија
Дали станавме полноправна членка на ЕУ? - Не, но ако ги исполниме условите најрано во 2025 може ќе станеме. Дали добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ? - Не, но ако ги исполниме условите до Јуни 2019 може да добиеме датум за почеток на преговорите.
Да бидеме искрени и јасни, одговорете со Да и Не
Дали станавме полноправна членка на ЕУ? - Не Дали барем добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ? - Не
Ви Благодарам
Владата да покаже поодговорно трошење на народните пари во наредниот период, после тоа да се пристапи кон промена на персоналниот данок!
Едно “Да” и едно “Не” за коментарот на г. Витанов:
1. Апсолутно се согласуваме со дел од коментарот на г. Витанов: Пред да стане збор за било какво покачување на даноци државата т.е владата мора да покаже дека рационално ги троши парите на граѓаните!
Continue ReadingЧеститки по повод велигденските празници до сите верници во Македонија и насекаде во светот.