Мотивирање на студентите за сопствено усовршување и надоградување со цел подготвен настап на пазарот на трудот.
Развивање и усовршување на знаења и вештини кај студентите кои се бараат на пазарот на трудот.
Овозможување на практично искуство преку работа во организации.
Овозможување на трајно вработување на амбициозните студенти.
Овозможување контакт на студентите со работодавците.
Едукација на студентите.
Да ги сочуваме природните ресурси и за идните генерации. Браво колеги!
Сите заинтересирани студенти за платената пракса во Младински сојуз нека се обратат кај доц. д-р Sanja Nikolic
Му благодариме на Методија Стојчески за одржаната клиничка настава на тема:"Проектен менаџмент на дело" и за споделените искуства и трикови за менаџирање со проектите
Почитувани,
За богатото искуство и широкиот опус на работа на европски проекти, како и сите згоди и незгоди на патот на еден проектен циклус ќе имаме можност да слушнеме во четврток (15.03.2018), во Амфитеатерот на МИТ Универзитет во Аердордом, со почеток во 10:00 часот, каде клиничка настава на Факултетот за менаџмент ќе одржи Методија Стојчески Metodija Mladinski Sojuz Stojceski, Претседател на Младински Сојуз - Крушево, на тема:
„Проектен менаџмент на дело“
Младински Сојуз – Крушево е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година каде членовите се млади луѓе помеѓу 15 и 35 години, кои работат, студираат и активно учествуваат во процесите на евро - атланските интеграции на нашата земја преку реализација на проектни активности.
Преку соработката на МИТ Универзитет и Младиски сојуз, дел од студентите на МИТ Универзитет обавуваа пракса и беа вклучени во проектни активности на оваа организација.
Со почит, доц. д-р Сања Николиќ Проректот за настава
Студентите на МИТ Универзитет во посета на Народна Банка на Р. Македонија
МИТ УНИВЕРИЗТЕТ ПОВТОРНО СОЦИЈАЛНО ИНКЛУЗИВЕН МИТ Универзитет го поддржа проектот за доделување на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“ организиран од страна на Македонска платформа против сиромаштијата (МППС). Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито кое ќе одлучи за добитниците на наградите, за чии потреби МИТ Универзитет ги отстапи своите простории. Членови во жирито се исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.
Жирито има задача да ги анализира и ги одбере најдобрите од пристигнатите стории од отворениот конкурс кој беше објавен неодамна и беше наменет за новинари кои се занимаваат со новинарство „одоздола“. Тоа се новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, и на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Во поддршка на работата во жирито активно се вклучија студентите од Факултетот за психологија при МИТ Универзитет. Тие добија прилика директно да бидат вклучени во работа со лица кои имаат искуство со живот во сиромаштија.
Доделувањето на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“ се случува за прв пат во Македонија. Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.
Почитувани,
Студентската посета на Народната банка на Република Македонија организирана за потребите на студентите на МИТ Универзитет, ќе се реализира на 7 март од 11:00 до 14:15
Програмата за посета вклучува:
Влез во НБРМ (НБ2) во 11:00. Презентација за Народната банка Прва презентација - од 11:00 до 11:45 „Меѓународна монетарна политика“ Втора презентација – од 12:00 до 12:45 „Спречување на перење на пари“ Посета на Ковачницата на НБРМ 13:00-13:20, Посета на Музејот на НБРМ 13:30-14:00. Групно фотографирање Излез (НБМ1) – 14:15.
Неколку дена пред доаѓањето за потребите на обезбедувањето, потребно е да доставиме список со име и презиме на студентите и наставници кои ќе дојдат во посета. *Наставниците потребно е да носат лична карта.
Сите заинтересирани колеги ги молам да ме контактираат или да се обратат до професорите кои им предаваат најдоцна до петок.
Со почит, доц. д-р Сања Николиќ Проректор за настава