КЛИК е умна работилница за деца од 2 години до 9-то одделение. Тука децата го развиваат интересот и градат темели на знаењa и вештини од математиката, писменоста и јазичното изразување, природните и општествените науки и стекнуваат демократски и културен капацитет. Децата стануваат самосвесни и сигурни индивидуи способни критички да мислат и решаваат проблеми во образовниот процес и општествената средина.
Програмата во КЛИК Умна работилница е базирана врз долгогодишното искуство на Natural Math, САД; Сингапурската програма и Cambridge (Кембриџ) програмата адаптирана на наставниот план за формалното образование во Р.Македонија. Се реализира низ КЛИК едукативни игри и материјали, високотехнолошки нагледни средства и компјутерски програми.
Компетентноста на високо професионалниот кадар заедно со имплементирањето на методи на ефикасно и ефективно логичко размислување и учење, овозможува не само квалитетна едукација, туку и начин на усвојување на знаења кои го прават лесно разбирливо и совладливо натамошното образование.
Во зависност од возраста, потребата и интересот на вашето дете, нудиме посетување на неколку видови на работилници: редовна, напредна и специјализирана работилница.
Просторот во кој се изведуваат работилниците е на мирна локација. Безбедното дворно место овозможува и реализација на работилницата на отворен простор. Амбиентот е весел, прикладен за деца.
Вредни, насмеани и весели.
Стекнете знаење, само тоа ќе ве издвојува во купот хартии наречени дипломи, само така ќе сте дел од Европа, дел од Светот. Не дозволувајте да бидете остров на копно, будете го вашиот интерес за нови сознанија секојдневно. Нашите реномирани професори ќе ви овозможат полесно, побрзо и најквалитетно да стигнете до целта. Иднината ја градите денес.
Rabota i nasmevki :) Vredno ja zapocnavme ucebnata godina
Специјализирани работилници за средно образование по македонски јазик, математика и физика. За убав почеток.
Сабота (1 септември) организираме отворен ден на Плоштад Магнолија од 09 h до 20 h. Ќе ги презентираме програмата, начинот на работа и дел од техничката едукативна поддршка. Во 11 часот ќе организираме лабораториски вежби. Сите сте добредојдени. Ви посакуваме успешна училишна година.
Ете, се ближи почетокот на новата училишна година. Се радуваме на новите средби, случки и знаења. Ве очекуваме насмеани, среќни и полни желби за нови успеси.
Започнавме со работа.
Прв дел од специјализирани работилници по македонски јазик. Во текот на овај дел ќе стекнете вештини во пишување на различни видови на есеи што значително ќе ја подобри изработката на состави за писмени работи по македонски јазик.
Уште едно забавно и едукативно лето. 😎☎️
Имаме моменти кои не оставаат без зборови, но со полни срца.
Вежбавме техники на мислење, учење и одлучување.
Волшебни зборови со волшебни деца. Дел од зимската програма.
Оваа година парето кај Симеон. Да си ни здрав, секогаш насмеан, среќа да те прати и успеси да редиш.❤️
Новата година ќе ја започнеме со нови откритија. Ја опремивме лабораторијата во која тематското изучување на биологијата, хемијата и физиката ќе ве носи од другата страна на книгата. Ви посакуваме многу здравје и низа од успеси.
Шарм во изобилство кај нас, покрај се друго. Лео Ташковски, благодарам за редовното количество на внимание, среќа и прекрасен мирис во твоите рози.
Учењето не смее да е досадно. Треба да ги ангажира , прстите, погледите, слухот, умот. Така нашите мали умни глави лесно учат.