Клубот за слободно образование „НИКУЛЕЦ ЕДУКАЦИЈА“ е основан во 2014 година како огранок од Здружението за едукација и креативност за деца „НИКУЛЕЦ КРЕАТИВА“ кое успешно ја реализира својата програма во дел од основните државни училишта на територија на општина Центар и Карпош од 2012 година.
Мисијата на Клубот за слободно образование „Никулец Едукација“ е на Вашите деца да им понуди квалитетни, современи образовни програми за стекнување различни знаења и вештини. Преку програмата учениците постигнуваат добри резултати во учењето, развиваат љубов кон сите образовни предмети а воедно ги следат нивните инетерси, преку интерактивен, хоризонтален однос помеѓу едукаторот и сите ученици. Со тоа оние кои учат стануваат центар на нивниот процес на учење и учењето го доживуваат како дел од себе а не како наметнато од страна.
Во Никулец Едукација учениците учат, ги работат домашните задачи, работат други училишни обврски со помош на едукатори по сите училишни предмети: математика, англиски, физика, биологија, хемија, историја, географија... со дневен неограничен престој.
Работното време на Клубот за слободно образование „Никулец Едукација“ е секој работен ден од 09.00 до 17.00 часот.
Придобивките од секојдневната посета на клубот за слободно образование Никулец Едукација се:
- Подобрување на успехот во училиште
- Згрижување на учениците после наставата
- Намалување и олеснување на училишните обврски на родителите кон децата
- Развивање на социјални, креативни вештини
- Развивање на когнитивните способности...
На децата им е потребен простор да учат и прават одредени работи во поголем обем. Активностите во природа им овозможуваат да бидат гласни, слободни, да трчаат, скокаат, качуваат и да се движат насекаде. Се поврзуваат со своите сетила и ги прифаќаат различните временски состојби во текот на целата година, а не само кога времето е сончево. 🌞⛅☁☔❄⛄
❤💕НИКУЛЕЦ❤💕
Никулчињата слушаат приказна за џинот, замислуваат, фантазираат 🌈
Играта на детето може да се нарече дека е храна за мозокот. Таа му овозможува развој на сите сегменти потребни за оформување на здрава личност. Никулчињата секојдневно поминуваат неколку часа надвор низ игра, развивајќи го физичкиот, социо-емоционалниот и когнитивниот домен.🐛🐝🐜🐞🐌🍀🌿🍂🍃
Никулчињата научија колку годишни времиња има и зошто се менуваат, кои се нивните месеци и по која облека се разликуваат. Потоа патувавме малку низ вселената да ги запознаеме и другите планети и заклучивме дека нашата планета 🌏 е најубава од сите! Затоа ќе си ја чуваме! 🌞 🌱🌜🌈
Февруарски работилници во НИКУЛЕЦ КРЕАТИВА И ЕДУКАЦИЈА! Овој месец патуваме и се запознаваме со најголемиот континент АЗИЈА! Пријавете се навреме, местата се ограничени! 🚉🚢🚌🛤🙂
Прекрасен ден поминат во НИКУЛЕЦ! Многу снег и топло сонце. Многу музика и пеење! Секој оргинален и посебен!😉☀️❄🎶🎤
Зимскиот распуст во НИКУЛЕЦ е супер! Си слушаме музика, танцуваме, научивме што е аурора буреалис и учиме многу нешта за северниот пол, идеме надвор и си играме на снегот Одвај чекаме утре повторно да се дружиме! 🙂❤🐧🌲❄⛄
Поминете го зимскиот распуст со Никулец! :⛄❄⛄❄⛄
Поминете го зимскиот распуст со Никулец! :⛄❄⛄❄⛄
Зимски распуст во Никулец ❄⛄❄⛄❄⛄
Зимски рај во белиот снежен крај! ❄☃️😊
Замисли си желба и скокај највисоко! Up in the air едиција :) Никулски лудории во Визбегово, последни летни безгрижни денови
Денес се запознавме со таткото на струјата, станавме мали електрични научници, а на езерото Треска ги откривме најубавите полјани и сенки за уживање и играње. Приказната за Матка ќе ја раскажуваме уште долго 😊🌞💡💦🌳🏞
Возбудлива тура на разгледување коњи во преубави две Скопски ергелиња. Никулчињата го разбудија каубоецот во нив! 😉 Денес научија како се хранат коњите, што најмногу јадат, како се чуваат и колку сакаат да се галат. Уште еден прекрасен ден поминат во Никулец. 😊🤠🐎🌞
Чиста десетка за десеттата недела од летниот распуст. Тема: Државите во Јужна и северна Америка. Скопје си има мала Америка, а нашите никулчиња денес без да летнат со авион отпатуваа на далечниот континент.😊🇺🇸🥧🏈🤸♀️🌇🛫🌞
Денес сме во American corner. Никулчињата ќе работат активности поврзани со американската култура. Наскоро следат повеќе слики :)
Четврток посветен на илузии. Реалност или илузија. Никулчињата открија дека илузиите лажно ни ја претставуваат реалноста и одлично се забавуваа. Уживајте во фотографиите! 😊👀🧠
Среда во нашето прекрасно Визбегово. Зборувавме за каубојците. Каде живееле, како се облекувале, каква музика слушале, што најмногу сакале да јадат Изработивме каубојска облека, а потоа игравме на кантри музика. Интересен ден! 😊👬🐎🌵🌞
Вторник, Марков манастир. Го посетивме манастирот кој бил изграден во XIV век. Се напивме ладна водичка и си одморивме во убавиот двор покрај базенот полн со лотуси. Потоа преправени во американско домородно население, покрај Маркова Река изградивме шатор, направивме тотем, огниште и се подготвивме за индијанскиот обред (повикување дожд) предводен од нашиот индијански шеф Кипријан. 😉🏕🌧🗿🌳❤
Секојдневна настава во природа. Понеделник, ден за Водно. Ги научивме сите сојузни држави во САД. Дознавме во кои градови има најмногу жители, која е најмалата сојузна држава и уште многу интересни информации. Го направивме знамето на САД со 50-те ѕвездички и 13-те линии од природни материјали. Уживањеее!🌞🇺🇸🌎🏙😊🌳
Направивме 3Д глобус од хартија. Отидовме во забавен парк. Научивме да играме пикадо, билјард, шах, табла и пинг понг. Денови во Никулец исполнети со игри, радост и среќа!☺🎱🎯🏓🎢🎡🍦🌞
Старата скопска чаршија беше нашата денешна локација. Посетивме многу анови, амами, цркви, џамии, музеи, безистени. Научивме што е грнџарство, копаничарство, кујунџиство и уште многу други занаети. Вистински летен распуст исполнет со многу игри, другарување и учење! 😊🌞🍦🤹♂️🎡❤
Пешачевме, пловевме, учевме, си игравме. Преубав ден поминат на Матка. Дознавме многу тајни и мистерии за кањонот, езерото и пештерата Врело. Ја видовме и разбранетата река Треска. А, откако се вративме во Никулец се забавувавме и учевме за државите и континентие играјќи ја Ризик. Навистина ни е забавно! 🌞🍀🎲🤸♀️🌍🚣♀️
Си пешачевме, се разладивме и си направивме континенти од шишарки. Научивме кој континент е најголем и најмал. Кој континент е најнаселен и уште многу интересни факти поврзани за нив. Утре продолжуваме со истата тема само на друга локација. Бидете трпеливи наскоро ќе ја дознаете. :) 🌳🐟🍒🌞