• Delete
  • Edit

About

Форум Аналитика is located at Бул. Партизански Одреди 6 – мезанин, 1000 Skopje. They can be contacted via phone at +389 (0)2 31 21 100, visit their website forum.org.mk for more detailed information.

Форум Аналитика - Списание и портал за слободна мисла и за критика на времето

Tags : #Newspaper

Location :
Бул. Партизански Одреди 6 – мезанин, 1000 Skopje

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Форум Аналитика

Description

Списание и портал за слободна мисла и за критика на времето

Add missing information

Add email
Add opening hours
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

20 Reviews

  • Anynomous
    12 June 2017

    Орданоски: „...Ќе се бара стабилност НИЗ демократија. Криминалци и авантуристи (од секаков вид) АУТ; одговорност и либерални вредности ИН; Русија, Турција и Кина – со целата почит – на пристојна и продуктивна дистанца.“

    report this review
  • Anynomous
    04 June 2017

    Орданоски: „...станува и појасно зошто САД го испраќаат Хојт Ји за свој амбасадор во Македонија: за Фамилијата да се соочи со последиците од воспоставувањето на правната држава; за Хорхе да се воздржи од натамошни глупирања; за ДУИ да го преживее пензионирањето на Али Ахмети; за БЕСА да го преиспита занимавањето со верските чувства на своите гласачи и изворот на своите финансии… И, конечно, и за македонските соседи уште еднаш да ја утврдат лекцијата дека регионалните прашања ...за стабилноста и нестабилноста нема да се решаваат по балканските зачадени кафеани, со суфлирање од Москва.“ „...Поради ваквиот крај на оваа долга и опасна епопеја на македонската автократија, предлагам Мирка да им го позајми сиџимот од руските медалји што се качат на врат за да се обесат на некоја од трите жални врби тажно виснати среде Вардар. Под тежината на нивната глупост врбите и така нема да ги издржат.“

    See More

    report this review
  • Anynomous
    01 May 2017

    Орданоски: „Со последниве насилства во Собранието е ставена точка и на политичките кариери на такви политички злосторници како Груевски, Антонио-хер-Флик-Милошоски, Трајко Вељановски и слични, како и на дузина побезначајни дејци на злото од калибарчето на Илче Гебелс, некаков Муковски, некаков Минов и др. Пратениците, пак, како Емил-Тотален-Ноубади-Димитриев и уште еден број на забравам-им-го-името појави исчезнаа во тенката магла на политичкиот заборав пред и да стигнеме посериозно да се занимаваме со нивните политичко-кривични кариери. Останува да видиме само дали и кога „одборот за дочек“ во состав Јанкуловска-Јанакиески ќе им пожелат добредојде во казнено-корективните институции и на другите великани на овој насилен режим како Ставревски, Пешевски, Тодоров, Поповски, Канчевска-Милевска и др.“

    report this review
  • Anynomous
    04 April 2017

    Бојаровски: „Ако Република Македонија си дозволи од правдата и казната да бидат исклучени политичките елити, ќе се претвори во нација со сериозна колективна траума.

    Во услови на потиснати општествени трауми, колективното несвесно ја извртува перцепцијата на архетиповите и граѓаните изложени на овие процеси стануваат подложни на манипулации на психологијата на толпата или на влијанието на харизматичните авторитети, „хероите“, кои најчесто се облечени во авторитарен шинел.

    Зато...а историјата ги познава процесите кои се покренати за да ја ослободат нацијата од таквите колективни трауми како што Нирнбершкиот процес (заради траумата што ја создадоа фашизмот и холокаустот), судењето на Пиноче (заради непознатата судбина на над 30 илјади аргентински граѓани), судењата против Апартхејтот, против сексуалните насилства во Руанда и во Босна и Херцеговина...“

    See More

    report this review
  • Anynomous
    04 April 2017

    Орданоски: „Парадоксално, режимот не ги оспорува изборните резултати, но не сака да ги признае последиците од нив. Бидејќи ја изгубија власта во најелементарните параметри на демократијата – кој има мнозинство, тој владее во државата – тие сега ја оспоруваат смислата на значењата на поимите „мнозинство“, „власт“ и „држава“.“

    report this review
  • Anynomous
    27 March 2017

    Орданоски: „Фамилијата, конечно, ги довлечка патриотските протестанти „на местото на злосторот“, да се побунат против работата на СЈО, оти тоа е суштината на нивната вистинска мака: гаќите, навистина, се во прашање, некои запалени, некои наполнети, некои кожни!“

    report this review
  • Anynomous
    20 March 2017

    Орданоски: „Џабе ти се барјаци, кога улиците не ги заземаш како резултат на автентичен граѓански порив за слобода, туку како уште една тактичка мерка на нивната партија за пазарење и за предизвикување нови преговори – да, со истите меѓународни посредници по кои фрлаат дрва и камења – за на „зелена маса“ да ги ревидираат последиците од загубените парламентарни избори.“

    report this review
  • Anynomous
    14 March 2017

    За пасивноста на општеството и за „малите Ајхмани“: Дванаесет години ги делат романот „1984“ од Џорџ Орвел, и делото на Хана Арент „Ајхман во Ерусалим: Банализирање на злото“, во кое таа го елаборира феноменот „Малите Ајхмани“, кој се појавува како резултат на потребата на луѓето да се потчинуваат под притисокот на јавното мислење без способност критички да размислуваат за последиците што може да ги предизвика нивната акција или пасивност.

    report this review
  • Anynomous
    13 March 2017

    Орданоски: „Ѓорге Иванов, пак, таа здодевна надри-претседателска мастика што ни е залепена за чевелот и постојано само се тегне и растегнува и никако не успеваме да ја одлепиме...“

    report this review
  • Anynomous
    05 March 2017

    Орданоски: Јас мислам дека, без разлика што постојано го храбрат, Груевски нема да го примат во азил ни во Москва. Оти, логиката на Путин е кристално јасна: Грујо, ти ми требаш во Скопје, таму да дестабилизираш и да трошиш западни ресурси – што ќе си ми па ти во Москва?! Грујо преселен во Москва нема НИКАКВА употребна вредност, а додека седи во Скопје и политички и безбедносно ја расклатува македонската држава има можеби мала, но не сосема безначајна ролја во хоризонтот на Путиновата нова антидемократска интернационала низ Европа и светот.

    report this review
  • Anynomous
    27 February 2017

    Орданоски: Во онаа прва постизборна ноќ, попарени од вкупните губитнички изборни резултати, на Фамилијата во една минута ѝ стана јасно дека борбата веќе нема да биде за повторно тие да формираат влада, туку дека борбата се сели во партијата, за таму, по секоја цена, да се опстои на чело на таа губитничка политичка групација, за таа да даде каква-таква стреа од накиснувањето во врнежливите опозициски денови што им претстојат.

    report this review
  • Anynomous
    27 February 2017

    Бојаровски: „Според Комитетот за заштита на новинарите, во 2016 година дури 259 новинари биле уапсени и затворени. Бројот за затворени новинари во 2000 година изнесувал 81.“

    report this review
  • Anynomous
    20 February 2017

    Орданоски: „Груевски се отепа заканувајќи се и заплашувајќи ги странските амбасадори да „престанат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија“, а тој самиот потроши стотина непроспани ноќи и којзнае колку милиони долари за да ја придобие „меѓународната заедница“ на своја страна.“

    report this review
  • Anynomous
    14 February 2017

    Бојаровски: Медиумската писменост лекот против вирусите „пост-вистината“ и „алтернативни факти“ создадени во лабораториите на пропагандата.

    report this review
  • Anynomous
    13 February 2017

    Орданоски: Заветот на Али кон Фамилијата се исполнува, времето ефикасно „се убива“, договорот е сите процеси да се закочат, Уставот да се растегнува како свадбарска армоника за сите реални и имагинарни рокови да се пробијат, сите принципи да се релативизираат и да станат предмет на пропагандни толкувања. Но, на тој начин, полека и неизбежно се приближуваме до точката во која ДУИ ќе се распадне, на очиглед на сите.

    report this review
  • Anynomous
    06 February 2017

    Орданоски: „...Таква е таа машинерија, има таму простаци кои ќе објавуваат посмртници за западните амбасадори и анонимно ќе се закануваат со ликвидации на неистомислениците; а има и такви кои треба да шират „високопарни“ професорски смутови, за „маскировката“ да биде сеопфатна и темелна. Само, да ве потсетам, последниот пат кога Русите издаваа соопштенија околу македонските случувања со безбедносниот дебакл во Куманово, политички настрадаа Сашо, Гордана и Миле. Што мислите, кој ќе настрада по последното руско соопштение на нивното МНР?“

    report this review
  • Anynomous
    29 January 2017

    Читајте го Чкатроски за да го разберете светот со Трамп: „Покажете со прстот кон сопствените елити, никој не ви е виновен од САД и од ЕУ“ – тоа е новата политика на САД. „Ние имаме време да ве чекаме да станете нормални. За нормалноста треба сами, од внатре, да се изборите. Пари за вас немаме. Ние не живееме во вашите земји.“

    report this review
  • Anynomous
    29 January 2017

    Орданоски: „... ја разбирам јас збунетоста на Али Ахмети кој својот опстанок го бара во практикување итрина, а не мудрост. Но, итрината е оружјето на дневните пазарења, многу полоша стратегија од мудроста за постигнување трајни вредности, по кои ќе ве паметат во историјата.“

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2016

    Чкатроски: „... посебно загрижува опцијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да формираат влада, бидејки само до локални избори тие ќе не задолжат со 500.000.000 евра, а до крај на годината таа бројка ќе надмине 1 милијарда. Еднставно, без толку задолжување ВМРО-ДПМНЕ не може да опстои на власт...“

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2016

    Орданоски: ОВА се најгрдите денови на таа националистичка клаустрофобија: волку омраза, закани, повици за крв, братоубивања и клања на политичките опоненти не памтам во мојата тридецениска новинарска кариера...

    report this review

Rate & Write Reviews